Семинарски, состави, есеи, задачи

  • Креатор на темата Креатор на темата ATG
  • Време на започнување Време на започнување
Поконкретно:
Погледите за идеалната жена на Данте и Петрарка, Ренесансната ласцивност во Декамерон, Хамлет одмаздувач за убиствата на својот татко.

јас само критики имам за Хамлет,Декамерон и Пеколот ако сакаш да ти пуштам кажи
 
Гете - Страданијата на младиот Вертер и Бајрон - Странствувањето на Чајлд Харлод, ми требаат есеи, некој?
 
NEka mi kaze nekoj kaj mozam da najdam napisani pismeni rabota po makedonski jazik za sredno obrazovanie!!!! ITNO EEEEEE!!!!!!
 
Ако може некој состав за Хамлет,Сон во летната ноќ и Канционер.Фала однапред.

Еве за Хамлет и се извинувам за грешките набрзина го пишував.

Во плејадата трагедии на Вилијам Шекспир видно место зазема трагедијата „Хамлет“ која предизвикува возбуда кај читателите ширум светот. Во делото станува збор за трагедија која се случила во кралското семјество во Елсинор, Данска. Тогашниот крај Клаудиј оженет со Гертруда која била мајка на принцот Хамлет и жена на поранешниот крал, со цел да дојде до тронот го убива брата си, таткото на Хамлет ставајќи му отров во увото. Принцот не знаел за убиството, а верувал дека е каснат од змија. Тој ја презирал мајка си и никогаш не ја почувствувал мајчинската љубов, бидејќи мајка му го изневерувала татко му со Клаудиј и кога тој бил жив. Во разговор со персофицираниот призрак од татка си, Хамлет ја дознава целата вистина за убиството, а призракот бара од хамлет да биде одмаздена неговата смрт, а во таа одмазда да биде поштедена Хамлетовата мајка која поради грижа на совеста ќе ја добие заслужената казна. Тешко кој би поверувал во призракот но писателот не сакал луѓето чии раце се изваклани со крв да седат на тронот, туку вистината за лажниот морал и за сторените злодела да излезе на виделина. Од моментот кога вака судбината дрско си поигрува со животот на малдиот Хмалет, тој херметички се затвора во осмаменоста на своите мисли. Но тоа е негова определба, чувство кое се буди во него откако ги губи своите вредности и надежи за кои живеел. Можеби живеел за еден ден да седне на тронот оженет со Офелиј. Но од моментот на средбата со призракот тој живее за чинот на одмаздата. Поради тоа се преправа дека полудел за да не биде откриен дека подготвува одмазда. По негова иницијатива на дворецот се организира претстава во која ќе биде манифестицирано убиството на татко му од која Клаудиј дознава дека Хамлет ја знае вистината. При разговор со мајка му во нејзината соба, забележал дека е наслушуван од наслушувачот зад завесата и го убил мислејќи дека тоа е Клаудиј. Но го убил Полониј таткото на Офелија и Лаерт. Клаудиј свесен дека Хамлет за него претставува опасност го враќа Англија со цел таму да биде убиен. По игра на случајот Хмалет не стигнал во Англија и повторно се вратил на дворецот, и присустувал на погребот на Офелија која се самоубила. Клаудиј исцинирал двобој за да се ослободи од Хамлет, помеѓу Лаерт кој сакал да ја одмазди смртта таткова и Хамлет, бидејќи Лаертовиот меч е премачкан со отровна маст, а доколку Хмалет победи во чест на победата треба да се напие од затровеното вино. Хмалет пред да умре го убива Лаерт и кралот Клаудиј. Тој умира но ја остварува својата цел. Одмаздата е извршена.
Многу јасна е суштината на тргагедијата од Шекспир. Секој виновник мора да плати за стореното злосторство. Хамлет е пак личност која предизвикува восхит. Тој претставува “прототип“ на интелектуалец. Во која смисла? -Суштината на целата драма е Хмалетовото преиспитување на самиот себе. Преку монолози, а понекогаш и дијалози, данскиот принц се преиспитува дали треба да ја изврши одмаздата или не. Иако успеал да ја реализира пасивната одмазда тој го убил она човечкото во него. Од моментот на дознавањето на вистината за смртта на татка си, тој живее за да се одмазди. Се одрекува од тронот, тој не сака да владее брз крвта таткова. Ја негира и вечната љубов која ја чувствува спрема Офелија. Одговорот “да се биде или не“ се наоѓа во секој од нас, во нашата индивидуалност и субјективност.
 
Луѓе би била многу благодарна ако некој ми најди текст за "Распаѓањето на Југославија" и за "Земјотресот во Скопје 1963". Текстовиве би требало да се 3 или 4 минути долги за читање. Вториот е побитен.
Ве молам ако некој мојт да поможит материјалот ми треба за утре така да однапред благодарам.:back:
 
Ми треба семинарска на тема: Капиталски друштва. Ако има некој и нешто слично нека постира.
 
Ми треба семинарска по вовед во право по желба од следниве наслови:
- Видови теории за настанокот на државата
- Поим, струкрура и субјекти на политичкиот систем
- Демократски политички режими - поим и видови
- Белези на државата - поим и видови
- Видови облици на владеење - Шеф на државата
- Видови монархии
- Видови на републики
- Поим за државно уредување
- Видови облици на државно уредување
- Видови на федерации
- Поим на функции на државата
- Поим за државна организација
- Правна држава - поим и современо поимање
- Поделба на власта

- Поим на општествени норми
- Видови општествени норми
- Поим и елементи на правниот поредок
- Поим и елементи на правната норма
- Видови правни норми
- Правен акт - поим, елементи и начин на донесувањето на правните акти
- Поим и видови на поединечни правни акти
- Поим, значење и елементи на правниот однос
- Поим и видови на правни факти
- Правни субјекти - поим и видови

Ако имате повеќе семинарски ставете линк па јас ќе одлуќам која да ја предадам.
Однапред ви благодарам.
 
есеј ми треба за хамлет... онака нешто,колку да имам,па јас ке си дополнам...
 
Ми треба семинарска на тема: Капиталски друштва. Ако има некој и нешто слично нека постира.

ДАЈ малце пообјасни ...какви се тие Капиталски друштва...

Да не се случајно командитни?
 
ми треба раскажано за овие дела за апсурдот во овие дела ако може некој да помогне ама да не биде она професионално за о ценка 3-4
Чекајќи го Годо
Судбината на Човекот
Странецот
 
Да пропуштиш литературно дело,како што е Странецот од Албер Ками.....е исто како да си го заборавил првото сексуално искуство.:toe:
 
ми треба аналитички коментар (есеј) за Сид од Пјер Корнеј
 
Еве раскажана:


Во романот Тристан и Изолда се зборува за љубовта помеѓу двајцата љубовници кои се сакаат се до смртта,па и по неа.
Негова мајка е Бланшифер сестрата на кралот Марк.

Романот започнува со настан кој го опишува раѓањето на Тристан.
Риволан стапува во војна со Морган во која војна и загинува,а детето што Бланшифлер го носела се раѓа.Таа детето ќе го нарече Тристан затоа што е роден во тага,а потоа и таа умира.

Рохалд Верниот го зел Тристан и го одгледал.По неколку години Тристан станал најдобриот борец,но тој бил грабнат од трговци кои го одвеле кај кралот Марк.Меѓутоа тој мн се зближил со кралот и станале најдобри пријатели.

Кај кралот Марк пристигнам Морхолит од Ирска и барал да му се плаи данок.Тој барал некој со кој ќе може да се бори.

Тогаш како негов противник се јавил Тристан бидејќи другите немале храброст.Тристан победил во овој меч но бил ранет со отровен меч.Знаел дека нема уште многу време па бил ставен во чун без едра и пуштен во морето.
Со чунот стигнал до Ирска каде го нашла и излекувала Изолда(внуката на Морхолит).Тристан излекуван сфатил дека може да биде откриено кој е и избегал!
Откако се вратил кај кралот Марк ,по извесно време почнал да ја бара Изолда Русокоса,златокосата убавица и да ја земе за да му биде жена на кралот.
За да можат да ја земат за жена требало прво да се победи некој змеј.Тристан,добро вооружен успеал да го победи змејот,му го отсекол јазикот но повреден паднал покрај езерото.

Еден од двојраните кој сакал да се ожени со Изолда го нашол мртвиот змеј и го однел кај кралот правејќи го победник.

Но изолда и нејзината помошнична не му верувале на двојранинот па на местото каде што живеел змејот го нашле Тристан и излекувале.
Меѓутоа Изолда го видела мечот од Тристан кој бил скршен и го споредила со делот кој бил забоден во главата на нејзиниот вујко и така сфатила дека Тристан е неговиот убиец и сакала да го убие.

Но тој успеал да ја убеди да не го убива туку да дозволи да излезе на двобој со Агвинегеран(двојраникот кој се претставил како убиец на змејот).
Тристан и Изолда прават голема грешка кога ќе се напијат ненамерно од љубовна напивка и тука започнува нивната невозможна љубов.
Иако Изолда се омажила со кралот Марк никогаш не престанала да се гледа со Тристан.Тие станале љубовници!

Кога кралот го дознал тоа бидејќи го издале некој подмолници го протерал Тристан од кралството.
Меѓутоа Марк помислил дека можеби згрешил па го вратил назад.
Се станува јасно кога кралот ќе ги фати на дело.Тогаш дури и ќе сака да ги убие.
Тристан и Изолда со божја помош се спасиле и живееле заедно во тешки услови на планината.
Иако нивната љубов била силна почнале да чувствуваат грижа на совест и Изолда се вратила кај Марк,а Тристан заминал по море.
Тие повторно се гледале тајно иако Тристан веќе имал и друга жена Изолда Белорака.

Тристан бил ранет со смртен меч и негова последна желба била да ја види Изолда.Братот на жена му ветил дека ќе ја донесе.Ако успее во таа мисија ќе крени бели едра на бродот ако не црни.

Целиот овој разговор го слушнала жена му и сакала да се одмазди.
Корневал успее да ја донесе Изолда Русокоса,но жена му го излажала дека платното е црно па тој од тага починал.

Кога Изолда го видела мртов го прегрнала и таа умрела со својот сакан.
Кралот Марк кога дознал за нивната смрт ги закопал во најувабите ковчези.
Околу гробот на Тристан никнала капина и се спуштила на гробот на Изолда.Таа била сечена но преку ноќ повторно растела.


Уффф знам дека не е нешо посебно ама пукнав од пишење!
Се надевам ќе ти користит:pipi:

Ова е многу добро и браво за стореното, но дали има некој подетално раскажано односно да зафаќа малку повеќе странички :D прочитана ми е но ме мрзи да раскажувам :P
 
има некој семинарска за website, ај ако има и не му е тешко нека ја прате по пп
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom