Семинарски, состави, есеи, задачи

  • Креатор на темата Креатор на темата ATG
  • Време на започнување Време на започнување
mi treba sostav za gilgames i za iljadata!!!ako ima nekoj neka kazva samo pobrzo....pls i odnapred fala
 
Не ми треба семинарска не знаев кај да прашам може овде.
Карактеристични точки на триаголник:
Центар на Впишана Кружница;
Центар на Опишана Кружница;
Тежиште;
и уште една ???

Едите: Пресек на висините на страните ?
 
Ај ако има некој за Фудбал нешто да понуди, многу ќе му бидам благодарен!
 
a dali nekoj moze da mi najde voved i zaklucok za temata "Vidovi trosoci" ... vi blagodaram ..:)
 
ми требаат 2 семинарски од правен:

1. тема: Устав, Влада, Парламент или слично
2. тема: Физички лица, Правни лица и сл.

па ако има некој да се најде припомош фала :smir:
 
има ли некој било што за млади верижни планини во Македонија?
 
dali ima nekoj za cement
opredeluvanje na masen udel na cement tri oksid ako ima nekoj neka mi kaze pls
 
ZZZZdravo moze li nekoj da mi pomogne imam golema maka mi trebaat sostvai za avtobiografija marko cepenkov avtobiografija gligor prlicev i memoarite na dimitar vlahov ako mozete da mi pomognete pomagajte braka odma POzzzz:helou:
 
Ima nekoj seminarska ili bilo kakov materijal za istoriski razvoj na smetkovotstvoto ili slabo.....pozz
 
Тартиф

„Брбливите бранови непрестано си раскажуваа за скриените богатства, смеејќи му се на безумието кое не разбира што тие мислат“. Зборуваа за професијата „лицемер“ што денеска дава инзворедни предности. Тоа е уметност чија лага секогаш се почитува; дури и да се открие, никој не се осмелува да каже нешто против неа. Лицемерството е привилегиран пророк кој, со сопствената рака, ја затвора устата на сите и спокојно ужива во својата неограничена неказнетост.
Како што океанот ги креваше своите раце кон небото за недостижното, исто така се влечеше и еден од оние вечни карактери што се наоѓаат во секое време и во секое општество, типот на лицемер кој ја користи слабоста на луѓето за да ги оствари своите ниски егоистични цели. Со маската на страствен и скромен верник, сиромашен со милост кон посиромашните од себеси, чесен, анѓелски чист – вистински светец, доаѓа на лесен начин до богатство. Со таа набожна маска му се отвараат домовите, му се препишува целокупниот имот, ја добива ќерката за жена, ја заведува жената.
„Извлеков човек од гнилеж и блато,
во домот го прибрав, го дарив со злато,
зошто мислев дека ко светец е свет,
и надокрај сакав да ми биде зет...“
Неговото вистинско нехристијанско лице, лице што гревот многу лесно го прифаќа, неговиот нехристијански став дека невиденото зло не е зло, го прави вистински неверник – лажливец, измамник и лицемер. „Брбливите бранови“ го избришаа трагите од оној вечен карактер што се наоѓа во секое време и во секое општество во кое односите меѓу луѓето се поставени на искривени основи. Тие ставија прст на една опшествена рана што зела широк замав, оличена во оној тип набожник кој, носејќи го името на „лаички раководител нба душите“ ја злоупотребувал својата функција што му служела како средство за трупање пари од обичните верници.
„Ако Тартиф беше лицемерен, поган –
има луѓе чесни и верни на бога.
Треба човек да отвори очи –
Да различи од мамлива почит!“
Човековата природа се уште го има лицемерството, во кое зборовите и делата се во недозволен расчекор.

Сид

Родени во едно време, фрлени да живеет во тој свет, даден им е животот како неформален облик, кој секој го формира на свој начин, по своја желба. Таа егзистенцијална желба често отсуствува пред основата на животот, пред историското постоење, пред нормите и традицијата. Човекот живее под диктатот на секојдневието со мислата дека вредноста на животот не зависи од него, туку е целосен систем од апсурдни моменти. Од сите тие околности кои го формираат животот на Родриго, две чувства водат силна битка за превласт – љубовта или честа.
„Сластите да умрат или честа да згине?“
Сонот за индивидуалната среќа, за силната љубов кон Химена се руши со една шлаканица. Се случува пресврт од индивидуалното постоење кон опшественото битисување, кон бранење на моралниот кодекс поставен од општеството. Таму каде што засадија љубов, топлина и копнежи надевајќи се да никне светлина, таму имаше само огорченост и одмазда.
„Ти честа своја и таткова ја спаси,
Мој ред е сега да одмаздам за татко
И да ја спасам и мојата чест, Родриго.“
Иако не можат да љубат, не знаат ни да преболат, да го изгаснат огнот што гори во нивните срца.животот им поставува безброј пречки, реалноста станува голема заблуда; секој ден е нова замка на животните норми, секој момент станува уште една апсурдна ситуација, уште една капка очај. Во нивните искинати души има премногу болка, премногу празнина за која не постојат премногу зборови.
Љубовта преовладува и не му дозволува на Родриго да го одземе животот на неговиот ривал. Осамена мислејќи дека го изгубила својот сакан, заборава на честа и искрено ги излева своите љубовни чувства.
„Најмилиот ти денес ми го грабна.
О, пламни, љубов, зар уште ќе се плашиш!“
Тоа е пресвртот од индивидуалноста кон бунтовноста, спротивставување на реалноста за осмислување на сопствениот живот. Силната љубов успева да ги скине и синџирите на крупните општествени норми, да се искачи на пиедесталот.
Најхрабар и победник е борецот што се бори за својата љубов, зошто таа е причината за живеењето, за постоењето. Има само вистинска љубов и безброј начини да се стигне до неа.

povelele za Sid i Tartif :)
 
Ојпаља дечки.
Дали некој случајно има изготвено семинарска или било каков проект поврзан со Деловна Комуникација? Ако има, го молам да сподели :) Или ако некој воопшто има матерјали на таа тема, поконкретно на Видови Деловна Комуникација :) Прва прилика и частењето е неминовно :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom