Семејството - основа на Црквата

  • Креатор на темата Креатор на темата moof KOOZ tee
  • Време на започнување Време на започнување

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Една од најстаромодните работи на светот е семејството. Тоа ја одработи својата работа и повеќе на никого не му е потребно. Всушност во овој момент тоа е појава која најмногу го успорува понатамошниот напредок на човештвото.

Семејството е основна единица на сите нации, држави, цркви, а сето тоа е одвратно.За црквата нема иднина ако исчезне семејството - зошто како ќе ги придобиете сите тие христијани без семејството и неговото условување?Од таа причина семејството мора да престане да постои. Без престанок на неговото постоење одвратниот монструм наречен црква ќе продолжи да постои. Семејството е корен на сите наши нервози.

Семејството го ограничува детето на одредена религиска идеологија, политичка догма, филозофија или теологија.А детето е толку невино што прифаќа се што ќе му се сервира, толку е ранливо што е многу лесно да се експлоатира. Тоа сеуште не може да каже не, тоа нема идеја да може да каже не, а дури и кога би можело да каже, тоа толку зависи од семејството што би можело да се каже дека е апсолутно зависно.Тоа е толку беспомошно, да мора со семејството да се сложи околу секоја глупост која тоа ќе му ја соопшти.Семејството не го потикнува детето да истражува, тоа му дава верувања, а верувањата се отровни. Еднаш кога детето ќе стане оптеретено се некое верување, неговото истражување е осакатено, парализирано, крилата му се потсечени. До моментот кога тоа самото ќе биде способно да истражува, тоа ќе биде веќе толку условено што во секое истражување ќе поаѓа со предрасуди, а истражувањето со предрасуди не е автентично.Вие веќе a priori носите некој заклучок, едноставно само барате докази со кои би ги поткрепиле вашите необјавени заклучоци.Така станувате неспособни да ја откриете вистината.
Секое дете доаѓа на овој свет со огромна интелигенција, но семејството од него прави просечно незанимлива личност, затоа што да се живее со исклучително ителигентно дете е многу напорно.Тоа се сомнева, тоа е скептично, тоа испрашува, непослушно е, бунтовник е - а семејството бара некој послушен, кој е спремен да следи, да имитира. Затоа уште од самиот почеток семето на интелегенцијата мора да се уништи, сосема да биде согорено, како не би останала ни најмала можност за било каков изданок.

99,9 % можат да станат Исус, Буда, Заратустра - се што е потребно е семејството да исчезне. Во спротивно, ќе постојат и Христијани и Муслимани и Хиндуси а ниту еден Исус ниту еден Мухамед, тоа едноставно не ќе биде возможно.Иднината на црквата сигурно зависи од семејството но иднината на човештвото НЕ.
Ако сакаме да ја сочуваме иднината на светот, тогаш сите овие цркви треба да се уништат, затоа што само тогаш човештвото ќе биде единствено. Сите овие религии треба да исчезнат зашто само тогаш човекот ќе може да создаде универзално братство.
 
Семејството егзистирало и пред појава на црквите и ќе опстои и после згаснување на црквите.
 
Семејството егзистирало и пред појава на црквите и ќе опстои и после згаснување на црквите.

Сигурен ли си во тоа. Сега во Европа и Америка само 24% од браковите успеваат да опстојат. Црковното дефинирање на семејство многу брзо ќе се замени со поинакви ставови.
 
Таман хомосексуалциве да се изборат за брак ти сакаш да се укини семејството :icon_lol:.
Семејството ти е основа на човештвото, основа на оваа цивилизација, ако нема семејство ќе нема цивилизација и сигурно ќе нема човештво. Добро, а ти како ја замислуваш оваа цивилизација без семејство? Дали би значело тоа да одам како петел наоколу и да оплодувам женски јајце клетки? Или како во царството на животните, само алфа мажјакот да има сексуален живот, а другите да дркаат?
Децата се раѓаат како деца ниту се интелегентни ниту неинтелегентни, тие ти се како празно ЦД, каква музика ќе изрежиш таква ќе слушаш. Нема ништо лошо во тоа да се крстени во црква. Па кога ќе пораснат можат да си одлучат дали ќе веруваат, или веруваат да не веруваат, во што да веруваат итн.
И дај бе биди сериозен ако немало семејство ќе се просветлеле којзнае колку, кај ти се доказите за тоа? Ајде да ги видам.
 
А зошто јас на пример да не би имал деца со повеќе чупиња? Зошто мора да се инсистира на тоа децата да бидат само со една личност. Зошто мора да се инсистира да се склопуваат бракови и да се врзуваме само за една личност, кога во самата природа ни вели поинаку.
Би лажел кога би рекол дека асмо девојка ми ја гледам и само за неа фантазирам сексуално, кога е сосема обратно.
хомосексуалците ако сакаат да се врзуваат и да бараат право на брак нека бараат, јас тоа сега засега не го сакам може еден ден да сменам мислење кога ќе поостарам ама ќе видиме.
 
Таман хомосексуалциве да се изборат за брак ти сакаш да се укини семејството :icon_lol:.
Семејството ти е основа на човештвото, основа на оваа цивилизација, ако нема семејство ќе нема цивилизација и сигурно ќе нема човештво. Добро, а ти како ја замислуваш оваа цивилизација без семејство? Дали би значело тоа да одам како петел наоколу и да оплодувам женски јајце клетки? Или како во царството на животните, само алфа мажјакот да има сексуален живот, а другите да дркаат?
Децата се раѓаат како деца ниту се интелегентни ниту неинтелегентни, тие ти се како празно ЦД, каква музика ќе изрежиш таква ќе слушаш. Нема ништо лошо во тоа да се крстени во црква. Па кога ќе пораснат можат да си одлучат дали ќе веруваат, или веруваат да не веруваат, во што да веруваат итн.
И дај бе биди сериозен ако немало семејство ќе се просветлеле којзнае колку, кај ти се доказите за тоа? Ајде да ги видам.
А тебе изгледа ти одговара на такво празно ЦД со Снимачот нарешен Црква, со помош на апликацијата наречена Крштевање, под закрила на конфигурацијата наречена семејство да запишеш податок со име Христијанство или Муслиманство, кој ЦД-то сакало или несакало ќе го носи на себе запишано се додека е способно да се врти...
 
Детето кое што се раѓа на овај свет се наоѓа во состојба нова за него, па вежба патка за да прооди, па вежба гуга за да прозбори. Сите ние сме поминале низ тој процес. Ако го научиш на основните морални и етички вредности, потоа како да размислува и донесува слободоумни и независни заклучоци сразмерно со своето искуство, ќе немаш никаков проблем. И кој го учи на тоа? Па поблиската фамилија. И затоа имаме фамилија на криминалци, доктори, уметници, полицајци, адвокати. Ако нема семејство ќе го нема и ова нешто, ќе нема професии, ќе нема опшество, ќе нема човештво.
Семејството е основа на се.
 
Семејството е зандана за слободата на детето...Семејство на доктори - го наведуваат, убедуваат, трујат, условуваат итн за да појде по патот на медицината...од каде знаат докторите Тато и Мама кои се вистинските афинитети на детето...денес се почесто гледаме такви семејни струки...запрашај се колку од тие наведени деца се успешни во нивната работа (ова важи и за уметниците и за адвокатите и за криминалците)...моралните и етички вредности не се ексклузивитет на Тато, Мама, Дедо или Баба...дали ти самиот појде во црква и научи да бојадисуваш јајца за Велигден или твоите од семејството те одвлечкаа и те програмираа да функционираш на нивната фреквенција...
 
Родителите кои им наметнуваат на своите деца одредени работи за да го исполнат сопственото его пред се не се добри родители
Јас не знам во какво смејство ти растеш или си израснал..но семејството да го наречеш зандана е повеќе од смешно..блискоста љубовта, довербата, топлина разбирање, заштитата..тоа во светот нема да го најдеш ама во семејството да...И да семејството е една од примарните социјализации кај човекот кои ги втемелува вредностите кај децата..па дури и верата..иако за тоа е потребно повеќе од мајка и татко..потребен е пред се Бог
 
Најпосле во нешто да се согласиме. Ако родителот сака да ти ги ограничи правата тогаш тоа може да го стори и ако семејството е растурено. Пред се фамилијата, мајката и таткото се потребни за да го насочат детето и да му ја дадат потребната емоцијонална подршка и да го упатат во животот.
 
Семејството е зандана за слободата на детето...Семејство на доктори - го наведуваат, убедуваат, трујат, условуваат итн за да појде по патот на медицината...од каде знаат докторите Тато и Мама кои се вистинските афинитети на детето...денес се почесто гледаме такви семејни струки...запрашај се колку од тие наведени деца се успешни во нивната работа (ова важи и за уметниците и за адвокатите и за криминалците)...моралните и етички вредности не се ексклузивитет на Тато, Мама, Дедо или Баба...дали ти самиот појде во црква и научи да бојадисуваш јајца за Велигден или твоите од семејството те одвлечкаа и те програмираа да функционираш на нивната фреквенција...
Добро кај се доказите ако нема семејство дека човек ќе доживее длабоко просветлување како што напиша во првиот пост. Ги немаш, а знаеш зошто? Затоа што нема такво нешто и ти немаш искуство сигурно од такво опшество. Сигурно ми цитираш некоја книга ништо повеќе. Никој со сила не може да те натера на ништо, не знам дали ја знаеш поговорката со сила убавина не бива. Дури и да го упатат човек неговите родители во нешто, ако не го сака тој тоа или ќе го напушти, или лошо ќе го работи тоа, па на крајот заради својата непрофесионалност ќе гладува.
Програмирање пих, човековиот ум не е компјутер и не може да се програмира по одреден шаблон. Човекот не е куче за да се дресира како такво нешто. Секој човек си е слободен со својот ум можи да си донесува независни одлуки.
 
Решението е Заедница која ќе биде алтернатива на сенејството.

Во семејството детето го подига една жена, мајка и еден маж, татко. Ако детето е машко, тоа станува опседнато со својата мајка, а ако е девојче пример ќе и биде таткото. Ова се потврдени и докажани психолошки факти. Во свеста на машкото се втиснуваат мајчината фигура и особини. Затоа тоа целиот свој живот ќе бара жена која ќе представува реплика на неговата мајка. Истото важи и за девојчето, тоа ќе се труди да пронајде маж кој ќе биде копија на нејзиниот татко. А тоа никогаш нема да го најде.Можете ли некаде да пронајдете уште еден тако или мајка?
Тоа е невозможно, затоа што нема две исти личности, но сеедно потрагата продолжува. Ова се разбира не се случува на свесен план туку како последива на длабока импресија во доменот на несвесното. Заедницата е потполно поинаква појава. Во заедницата никој не е опседнат во неа можат да живета неколку стотини момчиња и девојчиња, многумина од нив не мораат секоја ноќ да ја поминат со нивните мајка и татко...тука за нив има многу чичковци и тетки. Целата заедница е нивно семејство.Уште како мали децата почнуваат да стенуваат своја индивидуалност. Тие не се врзани за татко, мајка, семејство, живеат со различни луѓе.
А и нивните татковци и мајки не се опседнати со заедничко живеење.

Детето никогаш нема да биде опседнато со една личност. Тоа ќе му овозможи слобода, мултидимензионалност. Тоа никогаш нема да биде ограничено, бидејќи многу жени ќе може да ги доживее како своја мајка, многу мажи како татковци. Ќе му се пружи можност да сака многу луѓе и оформи сестрано гледиште за тоа со каква жена или маж сака да живее.Сите негови мајки ќе му створат едно синтетизирано гледиште.Во него нема да постои само една жена како централизирана фигура, туку многу ќени, многу квалитети и сите помешани и стопени во еден.Тој ќе успее да ја пронајде љубовта на својот живот затоа што нема да биде опседнат со ниедна личност.
Нема да има потреба да биде посесивен затоа што неговите родители не биле посесивни. Бракот е мртва работа, тој е непроменлив, како некој артикал како намештај.Нормално дека црквата мора да исчезне, и нациите да исчезнат, и расите да исчезнат - веќе доволно долго живееа. Би можело да се каже дека тие веќе сега се мртви.
Еднаш кога семејството ќе умре и црквата ќе умре со него. Христијаните дури и Бог го нарекоа Отец, бидејќи тој е само продолжеток на семејството. Бог-Отец и Син-Исус, но кој е пак сега овој шарлатан Свет дух? Не можеа ли тука да сместат жена, мајка што нормално би било пологично, но Бог кој живее со жена изгледа помалку несвето. А кој знае може и да се заљуби, можеби нешто ќе тргне наопаку, а се зане дека на жените не смее да им се берува, можеби и ќе го заведе. Затоа заради сигурност ете го Светиот Дух. Но погледнете колку е глупаво. Тука е таткото, тука е синот, а мајката ја нема. Па тогаш кој затруднел? Светиот Дух?Бог кој води љубов со светиот дух.
Изгледа дека целата оваа структура е продолжување на машките шовинисти, жените во целост се исфрлени од оваа приказна.
 
Ауууууууууу брате ти и психолог си бил, опасна работа :icon_lol:. Каква опседнатост, каква посесивност, какво клише, каква глупост. А оваа заедница како племенска заедница? Него дај пиши од која книга цитираш и те молам не го заборавај примерот за просветлувањето на детето и дали е тоа на оваа планета или на некоја друга?
Значи поради едиповиот комплекс сите ние мораме да се вратиме во племенска заедница за да не бидат нашите деца сексуално опседнати со нас. И тогаш и само тогаш нашите деца ќе доживеат мултидимензионалност. Ова ми звучи како научно-фантастична белетристика отколку на реална потреба.
 
Примерот ќе го добиеш кога ти ќе ми дадеш пример за воскреснување...
 
Примерот ќе го добиеш кога ти ќе ми дадеш пример за воскреснување...
Немам, ама верувам и со тоа не им го наметнувам своето религиозно мислење на другите дека е исправно. Додека пак ти сигурно ми тврдиш дека семејството е лошо нешто, што значи наметнуваш нешто. И со тоа ја предвидуваш иднината дека семејството е застарено нешто, доминантните светски религии се застарено нешто, расите се застарено нешто и некаква си мултидимензионалност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom