Сектите - нови религии или патолошки групи? Има ли секти во вашиот град?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
Не е важно што е секта а што е „официјална” религија. Али у повеќето мозоци секта и секташ е негативно нешто. Од мали не учеле... Павлов рефлекс е тоа.
 
CopyOfDeath напиша:
секоја ново создадена религија е секта

христијанството било секта на почетокот тоа треба на сите да ни биде јасно
религија е секта која ке ја привати поголем дел од народот
Христијанството не е секта и не е религија! Православното Христијанство е начин на живеење, нешто кое потполно ослободува, го осмислува животот, продуховува, облагородува... Можеби малку луѓе знаат што значи да си Вистински Христијанин, па затоа од Светата Црква понекаде можеби се случува нешто што не треба! Ние Христијаните знаеме што е Вистинска Чиста Вера и растеме во знаењето ’што има вредност, што нема вредност’, ’што е обред, ритуал, кој никој не го побарал и што е Божја Волја и промисла’. Проблемот е што денес во Црквата многу луѓе мислат дека е важно:
1. да се запали свеќа (во Светото Писмо никаде свеќата не е спомната). Ако е принесување жртва, нека каже некој: кој кога ја побарал таа жртва да биде принесена?
2. Да се целива икона, да се мазни со пари икона, да се остават хулахопки на икона:icon_mad: ...
а никој не знае дека ВИСТИНСКИОТ ДАР ВО ОЧИТЕ НА БОГА Е СМИРЕНОСТА, ЉУБОВТА И ДУХОВНОСТА.
Денес има луѓе кои се формалисти, а прашање е колкав број од луѓето кои се декларираат како Православни Христијани се БогоТражители, Продуховени луѓе, луѓе кои ја бараат Суштината - Сржта на Христовата Наука
Ако му се каже на еден ’религиозен’ човек - мислам формалист, или на атеист, дека си она што вистински треба да си како Христијанин: дека сакаш да напредуваш во Духовниот Живот, да растеш во познанието, дека читаш Библија, дека одиш во Црква, дека се молиш навечер пред да заспиеш... ќе помисли: или дека си ’забегал’ или дека ти умрел некој или дека си згрешил нешто.
Дајте ве молам!

Во Христовата Вера и Црква (Заедница) Вистинските Христијани живеат од причина што сакаат да се хранат со Вечни Вредности, да прават нешто кое е навистина прекрасно.

Додека не го проба некој виното нема да знае дали е убав напиток. Ама е прашање дали ќе го пробаш вистинското вино и дали она вино за кое некој ќе ти каже дека е добро - е навистина добро

Да живееме:party1:

Донирање органи или дарување крв според мене ДА!
Христос кажува ’Никој нема поголема љубов од оваа: ако некој го положи својот живот за своите пријатели’. Донирањето крв, донирање коскена срж, донирање бубрег е само еден малечок дел од цитираното. Здрав орган од починат човек? Да!

Сето ова има смисла ако се помисли дека спасуваме живот (или здравје), ако се помисли дека човекот кому му донираме, нашиот чин ќе го преобрати и ќе го оличности (ќе ја разбуди личноста во него), ќе го облагороди и ќе направи Човек (со големо Ч) од него

Ова е мое лично мислење
 
Крстителот напиша:
Христијанството не е секта и не е религија!

Но затоа има многу секти кои ја употребуваат убавината на Христовото Слово како мамка на која ловат ..

Можеби поточно е да се употреби поимот култ место секта - како ознака за група или организација на која религиозното и е фасада, а има поинаква суштина. Знаци по кои се познаваат: кога бараат од верниците претерана приврзаност кон идеја или личност, се служат со нахални методи за регрутирање, манипултивни методи за убедубање, притисоци, промовираат тотална зависност од групата и страв од напуштање на групата, ограничено критичко размислување.

Мене лично прв сигнал за тревога ми е кога некој ќе постави услов: ако не си член кај нас, ќе одиш во пеколот. Оние што Господ лично ги овластил да собираат данок на земјата во негово име, и да кажуваат што е право, а што криво.
 
Крстителот напиша:
Христијанството не е секта и не е религија!
А што е? Ако велишп дека сега не е, тогаш што била.
Всушност првин одговори ми што е, а потоа ќе продискутираме за почетроците на рисјанството и дали отпрвин не била секта. Важи.

П.С. Бај де веј, не се согласувам со твојот пост од каде што е извадено овој дел, тоа што го велиш е апликативно за религии, вери, учења, секти, општества, секлузирани друштва....Биди поинвентивен. Биват!
 
Garfield напиша:

Прочитај уште еднаш. Кажав што е што треба да Биде Христијанството. Кажи ти што според тебе НЕ Е секта
 
Ти реков Крстителе, не се согласувам со напишаното, истот може да се употреби и за секти, друштва, организации на друштва, убедувања, пристапи, вери, религии, итн.

П.С. Проф. М-р Гарфилд, по философија на религија, а ти?

Харе Кришна, Комаја, Јеховините сведоци, Џаина будизмот, Звијадизмот, не се секти и не се религији! Тие се е начин на живеење, нешто кое потполно ослободува, го осмислува животот, продуховува, облагородува... Можеби малку луѓе знаат што значи да си Вистински Харе Кришна, Комаја, Јеховин сведок, Џаина будист, Звијадист, па затоа понекаде можеби се случува нешто што не треба! Ние Харе Кришна, Комаја, Јеховин сведоци, Џаина будисти, Звијадисти знаеме што е Вистинска Чиста Вера и растеме во знаењето ’што има вредност, што нема вредност’, ’што е обред, ритуал, кој никој не го побарал и што е волја и промисла’. Проблемот е што денес многу луѓе мислат дека е важно:
1. дрн дрн јариња?
2. такуѓере ...
а никој не знае дека ВИСТИНСКИОТ ДАР Е СМИРЕНОСТА, ЉУБОВТА И ДУХОВНОСТА.
Денес има луѓе кои се формалисти, а прашање е колкав број од луѓето кои се декларираат како Харе Кришна, Комаја, Јеховин сведоци, Џаина будисти, Звијадисти, Продуховени луѓе, луѓе кои ја бараат Суштината.

Додека не го проба некој виното нема да знае дали е убав напиток. Ама е прашање дали ќе го пробаш вистинското вино и дали она вино за кое некој ќе ти каже дека е добро - е навистина добро

Да живееме:party1:

Некако апликативно, нели?!! :star: :star: :kez: :sekss: :sekss: :sekss: :sekss:
 
ако влечеш кон поимот секта, нека ти биде секта. Според мене подобро да се каже заедница. Секта мене ми значи ’група луѓе кои отпаѓаат од, да речеме, мислењето и начинот на живеење на поголема(та) заедница’.

Garfield напиша:
Некако апликативно, нели?!!
Не разбирам
 
Твојот текст, преиначен во многу мали цртички, стана апликативен со оние наведени секти и учења, кои истот за себе го говорат. затоа реков, објективност треба.
Инаку, во самиот почеток и долго време потоа, околу 250-300 години, рисјанството било секта, која зафаќала широк замав, популарна меѓу сиромаштијата и робовите бидејќи нудела нешто ново, поубав живот, на небото, ако и само ако се издржи макотијата за време на земскиот живот, послушна алатка на богатиот слој, но закана, која била прогонувана, неуспешно, морам да додадам.
Прераснува во религија, за на крај да стане инситуција.
Во почетокот можеби била (можеби за мнозина и сега е) начин на живот, но сега се повеќе, минативе неколку века, е институција.
Инаку, оттргни го Исус или Бог од библијата и добиваш прирачник за релативно здрав (психофизички) живот во времето во кое е створена.

Кога реков, дека не се согласувам со твојот пост, мислев дека е преапликативен, се однесува на скоро се. Дури и карикирано може да се однесува на дел од политичка приограма на полит. партија. Ака запнеме да го малкуцка амендираме.

затоа реков да го префразираш, преформулираш, конкретизираш со историски осврт, со психичко влијание, психолошкиот момент, етичките доблести, самокритичноста, за на крај да извлечеш самиот заклучок дека колку и да се прета и бунтува, еден, мора да признае дека секое светско учење, вера, религија итн, со слични учења има и имала корени во некоја друга, започнувајќи со отцепување од матичната, изворната ука, вера и учење, како секта.

Што е секта, инаку? Тоа веќе друго прашање, нели.
 
одлично, значи бираме авторитети! Бираме личности кои ни се критериум! Бираме дали ветувањата кои ни ги даваат се реални, основани и точни. Па ајде почни листај ги авторитетите и кажи кој од оние кои ни ги наброја има за авторитет: Битие кое е над времето и просторот, кое смртта не го уништила? Дали го виделе нивните припадници својот Авторитет во лице? Дали се увериле од сите (или од што е можно повеќе) страни/извори дека е ВИСТИНА тоа што им се кажува? Дека Она во што веруваат постои и надвор од секого од нив (од нивните умови) и надвор од сите нив заедно (од заедничкиот ум на заедницата)? Дали секој од нив си влечел по свое или тежнееле кон заедништво? Дали љубовта и одговорноста биле приоритет? Дали желбата за богатство, желбата за владеење со луѓе била пресудна?

Како би ме увериле мене во веродостојноста на своето учење?

Служевното Свештенство во Православната Црква НЕ Е ВЛАДЕЈАЧ со луѓето.

Кој е тој човек кој смее да владее со тебе на било каков начин? НИКОЈ! Луѓето не се будат од својот сон и затоа се подложни на владеење со нив и манипулација со нив! Ако си човек со став, никој не може да те зароби
 
каде споменав авторитети, не ме нервиај сега оти во македонската традиција е исто така кога некој поп ќе претера со вили и мотики да му го направат грбот како мевот.

Први прочитај ме. Потоа коментирај. јасно. Не туку ми продавај преписи од предавањата на теолошки. Јасно.

В џеб сум ставал посилни и помуди и поучени од тебе.
Теолози од светски ранг.

Инаку, ти реков, ништо не кажуваш. Никого не обратуваш. Никого нема да преобратиш или обрлатиш на овој начин. само покажуваш недоволна ука и знаење, како и само плескаш фрази туѓи, кои недоволно ги разбираш за кога некој каком мене те праша да му ги елаборираш не можеш.
Толку од мене.
И јас будала, со секој полемизирам.

Кога ќе ми бидеш квалитетен дискутант а не да препишуваш од говорациите на отец Санџаковски тогаш ќе дисутираме. И, го знам отец Стефан лично. Многупати сме дискутирале на разни теми поврзани со светските религии и учења.
Најде пичлеме да дојде и да продава басма.

Првин, прочитај ме, анализирај ме. Прочитај се себе си, прочитај ги текстовите и читанките од кои препишуваш, анализирај го тоа. одогвори ми на поставеното прашање и потоа можеме да продолжиме со квалиттна дискусија. Дотогаш немам намера да учам некого философија или философија на религија, како и тоа што е секта, култ, религија и сл. Особено не без плата.
Јасно.

Првин научи, а потоа говори. Првин скокни, па речи оп. За да можеш да дискутираш со големците, треба и самиот да станеш големец. Кога атојте се ритаат, магаренцата гувеат и молчат.
 
Крстителот напиша:
2. Да се целива икона, да се мазни со пари икона, да се остават хулахопки на икона:icon_mad: ...

Во Христовата Вера и Црква (Заедница)
Икона што е тоа?Кршење на Божјите Заповеди..Правење идол..Самата црква не ги почитува Божјите заповеди
Не верувај во црква Црквата не е Христова заедница Црквата е заедница на Најголемите Грешници
Критителу Доколку си Вистински Верник Ке ме разбереш Што сакам да кажам
Јас сум Православен Христијанин шо многу добро си ја познава религијата
 
CopyOfDeath напиша:
Не верувај во црква Црквата не е Христова заедница Црквата е заедница на Најголемите Грешници Не си ги запознал Вистинските Личности!
Критителу Доколку си Вистински Верник Ке ме разбереш Што сакам да кажам
Јас сум Православен Христијанин шо многу добро си ја познава религијата
Иконите? Не се погрешни. Прочитај ја целосно заповедта: не прави идол или слика на она што е горе на небото што е долу на земјата и што е во водата под земјата - не им се поклонувај и не им служи.
Значи забрането е да се поклонуваме на слики како на бог(ови). А за цртање во Стариот Завет Бог му кажал на Мојсеј да нацрта херувими на ковчегот со заповедите, така беше?

Во Црквата верувам и ќе верувам. Ако некои нешта не се како што треба не значи дека треба да се откажеме од Црквата! Напротив треба да делуваме!
 
Олабави со бојата и проповедите, ОК.
Црквата престорена во институција не чини и треба да се укине или не беше Исус кој беше рекол:
погледни за дрвото, подигни го каменот, таму сум, насекаде...
Значи, градењето цркви, храмови и слично му е туѓо на синот бошји, јагнето меѓу волците испратени на плеќи да ги понесе гревојте наши или грешам?
И не мешај баби и жаби. Стариот и Новиот завет се различни. Прочитај ги, барем за испит можеби ќе ти требаат.
 
Крстителот напиша:
Иконите? Не се погрешни. Прочитај ја целосно заповедта: не прави идол или слика на она што е горе на небото што е долу на земјата и што е во водата под земјата - не им се поклонувај и не им служи.
Значи забрането е да се поклонуваме на слики како на бог(ови). А за цртање во Стариот Завет Бог му кажал на Мојсеј да нацрта херувими на ковчегот со заповедите, така беше?

Во Црквата верувам и ќе верувам. Ако некои нешта не се како што треба не значи дека треба да се откажеме од Црквата! Напротив треба да делуваме!
добро бе се немаш ли поклонето Икона Демек Исус Го имаш на слика сите и се поклонуваат тоа не е Идол други светци имаш на икони не е идол
Светци што е тоа не е Верување во повеке Богови
има нешо напишано Не мај други богови освен мене не им се поклонувај

Во нашата религија нема светци светците се Додадени од црквата
 
О, да пишав во еден претходен пост. Светците се точно тоа. Каналишење на многубошката вера. Бек дор. Лупхол. Луѓето у својот подпрограм за обожување увек имале молење кон заштитник на едно подрачје. И сега, некогаш повеќе им се молат на светците него на самио бог. Богородица е попопуларна од Отецот, а Исус некад само у рука и се влече.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom