Фанатичните религиозни групи, кои вообичаено делуваат во тајност, побудуваат големо интересирање кај јавноста, но често истражувањето на нивната работа не се врши темелно, туку морбидно сензационалистички.
До 20. век низ историјата ретко се појавувале групи, секти или организации кои со строго организирани напади и фанатички заслепени - со верата или со некоја политичка цел - убивале и сееле терор. Најсурови и најпознати меѓу нив, без сомневање, биле хашашините, односно асасините.
Екстремната исмаилитска секта, формирана во 11 век, уште во тоа време станала многу бргу позната во муслиманскиот свет, но никогаш не достигнала теолошко и морално признание од исламскиот верски авторитет и од заедницата.
Хасан на своите непријатели им одговарал со - убиство. Тој асасините на задача ги испраќал индивидуално или, многу ретко, во група од двајца - тројца војници, а "задачата" скоро секогаш била убиство на еден човек. За што поефективно да ја завршат работата, асасините често се маскирале во трговци или аскети,i bez tragi go izvrsuvale deloto.