Сектите - нови религии или патолошки групи? Има ли секти во вашиот град?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
NikolaP напиша:
Абе Трилобиту. Не е само библијата книга. И не е единствена.
Информациите ми се од други книги :)
Али темава не е за тоа, ако сакаш отвори нова па таму ќе дискутираме.
А терминот, не е библиски. Првите книги од Библијата се напишани од пред околу 4000, 5000 години. Легендата за Луцифер и паднатите ангели во различни форми е малце поодамна. И немора буквално да се свати. Важно е што порачува.
И зашто да се информирам од библијата за нив? Пошто она е доста објективно напишана?

Jes 'vala....
Terminot e Bibliski, Koljo...Kazi mi drug izvor,datiraj go pa da proverime,ok
 
Кажавме, темата не е за тоа. Посочи ме на друга па таму. И што ако библијата е стара книга има многу повише на тежина од некои понови од неа? Зашто да ги датирам, и зашто мислиш дека јас ќе си го губам времето да ти ги укажувам книгите. Немам намера никого да воведувам и да правам секта :)
 
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica]ЈЕХОВИНИТЕ сведоци сакаат подобро да ги запознаете. Можеби веќе сте ги сретнале како соседи или колеги на работното место, или во други секојдневни прилики во животот. Веројатно сте ги виделе на улица како им нудат списанија на минувачите. Или кратко сте разговарале со нив на Вашата врата.

Всушност, Јеховините сведоци се заинтересирани за Вас и за Вашето добро. Сакаат да бидат Ваши пријатели и да Ви кажат нешто повеќе за себе, за своите верувања, за својата организација и за тоа што мислат за луѓето и за светот во кој живееме сите. За да го постигнат тоа, ја подготвија оваа брошура за Вас.

Во повеќе погледи Јеховините сведоци се како и сите други луѓе. Си имаат вообичаени проблеми — економски, физички, емоционални. Понекогаш прават грешки, бидејќи не се совршени, вдахновени или непогрешливи. Но, настојуваат да учат од своите искуства, и марливо ја проучуваат Библијата за да ги направат потребните исправки. Тие му се предадени на Бог за да ја вршат неговата волја, и сосредоточени се да го исполнат тоа предание. Во сите свои активности бараат водство од Божјата реч и од неговиот свет дух.

Предадени му се на Бог за да ја вршат неговата волја
Мошне важно им е нивните верувања да се темелат на Библијата, а не чисто на човечки шпекулации или на религиозни принципи. Го чувствуваат истото што и апостол Павле кој под инспирација изјавил: „Бог нека се најде вистинит, макар секој човек се покажува лажливец“ (Римјаните 3:4, Превод Нов Свет*). Во однос на учењата кои се презентираат како библиска вистина, Сведоците енергично го одобруваат правецот кој го следеле жителите на Верија кога го чуле проповедањето на апостол Павле: „Ја примија речта со најголема горливост на умот, секојдневно испитувајќи го внимателно Писмото дали е тоа така“ (Дела 17:11). Јеховините сведоци веруваат дека сите религиозни учења треба да се подложат на овој испит за да се види дали се во склад со инспирираното Писмо, сеедно дали е тоа учење кое го презентираат тие или некој друг. Тие Ве покануваат — Ве поттикнуваат — да го сторите тоа во Вашите дискусии со нив.

Веруваат дека Библијата е Божја реч
Од ова се гледа дека Јеховините сведоци веруваат во Библијата како реч Божја. Нејзините 66 книги ги сметаат за инспирирани и историски точни. На она што обично се нарекува Нов завет се осврнуваат како на Христијански грчки списи, а Стариот завет го нарекуваат Хебрејски списи. Се потпираат на обата дела, на Грчките и на Хебрејските списи, и ги земаат буквално, освен на местата каде што изразите или контекстот очигледно покажуваат дека тие се фигуративни или симболични. Сфаќаат дека многу од пророштвата од Библијата веќе се исполниле, дека други се исполнуваат сега, а трети допрва треба да се исполнат.

НИВНОТО ИМЕ

Јеховини сведоци? Да, така се нарекуваат. Тоа е описно име кое покажува дека тие сведочат за Јехова, неговото Божество и неговите намери. „Бог“, „Господ“ и „Творец“ се титули — како „претседател“, „цар“ и „генерал“ — и можат да се применат на неколку личности. Но, „Јехова“ е лично име и укажува на семоќниот Бог и Творец на универзумот. Ова се гледа од Осија 12:5: „А Господ е Бог Саваот; Јехова е името Негово“.


Божјето лично име на древен хебрејски јазик
Името Јехова (или Јахве, како што претпочитаат преводот на Д-р/Д-р Душан Х. Константинов и некои изучувачи) се појавува во оригиналните Хебрејски списи скоро 7.000 пати. Во повеќето Библии не се појавува како такво туку е заменето со „Бог“ или „Господ“. Меѓутоа, дури и во тие Библии, обично може да се каже каде во оригиналниот хебрејски текст се користи Јехова, бидејќи на тие места зборовите со кои е заменето се напишани со големи букви, како на пример: БОГ, ГОСПОД. Неколку современи преводи го употребуваат или името Јехова или името Јахве. Така, Исаија 42:8 во New World Translation гласи: „Јас сум Јехова. Тоа е моето име“.

Името е поврзано со една драма во судница
Библискиот извештај кој го користат Јеховините сведоци за своето име е 43. поглавје од Исаија. Таму светската сцена е претставена како драма во судница: Боговите на нациите се повикани да доведат свои сведоци за да ги докажат своите наводни случаи на праведност или за да ги сослушаат сведоците од Јеховината страна и да ја признаат вистината. Таму Јехова на својот народ му вели: „Вие сте мои сведоци, вели Јехова, и мој слуга кого го избрав; за да знаете и да ми верувате, и да разберете дека јас сум тој: пред мене не беше создаден ниеден Бог, ниту после мене ќе има. Јас, токму јас, сум Јехова; и освен мене нема спасител“ (Исаија 43:10, 11, American Standard Version).

Јехова Бог имал сведоци на Земјата во текот на неколку илјади години пред да се роди Христос. Откако во Евреите, 11. поглавје, се наброени некои од тие луѓе од вера, во Евреите 12:1 се вели: „Затоа и ние, бидејќи сме опколени од толку голем облак на сведоци, да го симнеме секој товар и грев кој лесно н#232; заплеткува, и со истрајност да трчаме во трката што стои пред нас“. Исус пред Понтиј Пилат рекол: „Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината“. Тој е наречен „верниот и вистинскиот сведок“ (Јован 18:37; Откровение 3:14). На своите ученици Исус им рекол: „Ќе примите сила кога светиот дух ќе дојде на вас, и ќе ми бидете сведоци како во Ерусалим така и во цела Јудеја и Самарија, па с#232; до најоддалечениот дел од земјата“ (Дела 1:8).

Затоа, околу 6.000.000 лица денес во над 230 земји кои ја кажуваат добрата вест за Јеховиното царство преку Христос Исус сметаат дека е исправно себеси да се нарекуваат Јеховини сведоци.
[/FONT]
 
па јас шо имам читано нивни брошури на Јеховините сведоци според мене најправилно ја толкуваат религијата инаку имам една религија Човек
 
NikolaP напиша:
Luci-"svetlost", fer-"nosač". „Оној кој ја носи светлоста”, ergo просветлител. Латински... Остај библијата. И што она кажува за бунтот.
Гордоста и амбицијата се кул особини, ама ете христијанството ги негира. Нормално, кога ќе видиш за што служи. Сатан значи „непријател”. И пораката во библијата е многу јасна. Ако дигнеш глава и размислуваш со неа, ако сакаш нешто повеќе од доделената ти положба од твоите господари, ќе наебеш. Исто како што наебале и Адам и Ева со јаболката. А ете змијата била Луциферова, и види чудо, ги просветлила. Истата е финтата и со Прометеј(истата легенда за Луцифер, само променета). Наебал затоа што ги просветлил луѓето.
А Утринска Звезда е исто едно од ангелските имиња на Луцифер.
И не е само Луцифер одпадникот. Цел куп архангели биле протерани или сами си отишле(Мефистофел, порано Мамон). Ама тоа у библијата не го пишува.
А Луцифер не идел по божјиот трон. Туку сакал да создаде свој свет, поубав од татковиот. Јебига, пропаганда...

Ama gi prosvetlilaaaaaaa. Eve go rezultatot denes od toa "Prosvetluvane "smrt,bolest,stradane. E fala im kolku prosvetlen se custvuvaaaamm :icon_eek:

- Gordosta vrvi pred pogubuvaneto -
 
Абе Кикс, и за тоа се е крив ѓаволот или просветлението на човекот(или повише се просветлени одредени индивидуи, кои после го шлепаат човечкиот род)?
Смрта и болеста се природни нешта. Ако ништо друго, науката, уште поконкретно па една нејзина гранка - медицината, помогнала да се искоренат а и оздрават многу дотогаш неоздравливи болести.
Кога црквата се прашувала што и како, луѓето умирале од чуми.
А за страданието човек на човек му е крив, или сам на себе.
Абе пак забегав од темата, ама и онака престана да се дискутира, па може и вака да продолжи.
 
Секти има колку сакаш тука.Немам некое мислење за нив(за или против),не ми сметаат луѓето,можеби таму си нашле одговор за сите проблеми во нивниот живот.Само јас можам да кажам дека не би зачленувал во никаква секта
 
Шо знам.....

NikolaP напиша:
Абе Кикс, и за тоа се е крив ѓаволот или просветлението на човекот(или повише се просветлени одредени индивидуи, кои после го шлепаат човечкиот род)?
Смрта и болеста се природни нешта. [/quote] Ма немој ако се природни зошто никој не сакада умре ли да биде болен туку сите сакаат да живеат и тоа неограничено.Човек кој има 120 г вели дека не сака да умре е добар доказ дека смртта не е природна. Ова ме потсетува на ден стих од библијата имено " Им ја стави[на луѓето] вечноста во мислите"
NikolaP напиша:
Ако ништо друго, науката, уште поконкретно па една нејзина гранка - медицината, помогнала да се искоренат а и оздрават многу дотогаш неоздравливи болести.
Да бидеме реални колку што тех. напредува толку повеке нови болести излегуваат...тоа ти е..
NikolaP напиша:
Кога црквата се прашувала што и како, луѓето умирале од чуми.
А за страданието човек на човек му е крив, или сам на себе.
Абе пак забегав од темата, ама и онака престана да се дискутира, па може и вака да продолжи.

Да ама кога ЦРКВАТА се прашувала а не БИБИЈАТА . Бо Биб. има закони за болести ,карантин .... и мн други ствари кои човештвото ги откри дури 19 век(3000 години од после). Значи ако некој е винвен тоа е црквата не Бог.
 
Kiko напиша:
Смрта и болеста се природни нешта. Ма немој ако се природни зошто никој не сакада умре ли да биде болен туку сите сакаат да живеат и тоа неограничено.Човек кој има 120 г вели дека не сака да умре е добар доказ дека смртта не е природна. Ова ме потсетува на ден стих од библијата имено " Им ја стави[на луѓето] вечноста во мислите"
Види, Кике, тоа што луѓето го сакаат или не, не е релевантно за природата. Тоа што е се случува околу нас, вон наше влијание, тоа е природното. Смртта Е природна појава. Сега дали е лоша или добра работа, зависи од која страна ги гледаш работите. Секако на тие што губат некој близок не им се чини како баш добра работа.
Исто и за болестите. Нема апсолутно добро и лошо. Нешто што е добро за некого, е лошо за друг, и обратно. Секогаш е така. Баланс мора да има.
Да бидеме реални колку што тех. напредува толку повеке нови болести излегуваат...тоа ти е..
Хм, си чул/а ти за мутација на вирус или бактерија? Процес кој се нарекува еволуција, и кај микроорганизмите и вирусите е приметлив „со голо око”?
Хехе, можеби технологијата е крива за некои нови болести, можеби и за AIDSот, штознам. Ама дефинитивно спречила многу други. Пеницилинот на пример, појма немаш од што се лечи. А и сите други антибиотици се на база на пеницилин. Нормално тоа не е технологија, туку откритие. Би се зачудила колку работи не се измислени туку се откриени... Позајмени од природата... А можеби и од тој кој ја створил.
Да ама кога ЦРКВАТА се прашувала а не БИБИЈАТА . Бо Биб. има закони за болести ,карантин .... и мн други ствари кои човештвото ги откри дури 19 век(3000 години од после). Значи ако некој е винвен тоа е црквата не Бог.
Ок, значи се оградуваш од црквите, и само книгата си ја следиш... Тоа барем поштувам.
Ама сепак, тоа е една застарена книга, пишувана за народ кој живеел другачие, под други услови и во различно општество од денешново. Некои вредности се универзални, ок, ама не треба слепо да се водиш по книгата, или по било која друга. Не се сите одговори внатре.
 
ThA-BiTcH напиша:
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica]Не стигнав на овој свет за да бидам поразена, ниту пак неуспехот блика во моите вени. Не сум овца што го чека својот овчар да ја спотера. Јас сум лав и одбивам да зборувам, да одам и да спијам со овците!!![/FONT]

До сега не сум сретнал јеховин сведок со ваква животна филозофија. Со потписот негираш се што е претходно речено. Што е вистина, а што маска?
 
Kiko напиша:
Zosto bas Adventist?

Programer sum :kafe: :icon_lol:

Па имам некои индиции,нпр.негирање на Бог како троедин,она за Обединети Нации(Ѕверот) и некои слични убедувања...just curious?

P.S.Tоа што си програмер не те вади!:kez:
 
trilobite напиша:
Па имам некои индиции,нпр.негирање на Бог како троедин,она за Обединети Нации(Ѕверот) и некои слични убедувања...just curious?

Мора ли да бидам адвентист за да го негирам Бог како троеден?
Паааа читам библија, до сега не сретнав дека бог е троеден.Всушност зборот тројство не се ни спомнува во Библијата.
На крајот на краиштата имам свое ЈАС и мозам да расудам што е исправно а што погрешно во науките на црквите.:blabla:

енивеј не сум адвентист.

А на која религиозна деноминација и припагаш ти trilobite?
 
Дабе, целата таа финта со тројството и мене ме мучи... Една од најматните работи у рисјанството. Што им требаше, незнам. Ваљда да се добие на мистицизам?!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom