Чичко Кумплунг
деца на транзицијата
Она очигледно има погрешна слика за форумов.А од кога тоа форумот стана место каде луѓето кои имаат проблеми (без разлика на тоа какви и да се) се исмејуваат? До таму е дојден човечкиот ментален склоп? Тука на форумов луѓето сите родени се училе, уште на три месеци знаеле све, а? Форум е и за тоа, човек да си постави прашање и истото да му биде одговорено, не мора тоа да биде со цинизам и иронија.
Ако прашањата и се безвезни и сметам дека не треба да дадам одговор на истите, ги прерипувам, одам во друга тема да пишувам, нема сигурно со цела сила да се фрлам на реметење на некое девојче пошто ми е досадно.
Пак ќе кажам, има хумор и wannabe хумор кој не е ништо повеќе освен плејада на навреди со смајли на крај.
Има теми кои се префрлувале во ЧДА и биле смешни и имало интересни и навистина духовити одговори. Ова тука е лакрдија.
За некои работи не правам разлика во однос на реален и виртуелен свет. И на едното и на другото место не сакам исмејување и истото никогаш не го правам и вака реагирам и кога се случува вакво реметење пред мои очи. Лесно е да се собере група луѓе и да ремети некого, ама дали е тоа коректно е прашање кое треба да се подразмисли...
И што се однесува на прашањата, секој од нас во текот на својот живот си поставил или се замислил за некое глупаво или безвезно прашање, ама немало кој да чуе, па да направи зезанција. Никој не се родил генијалец.
Она сака нејзините проблеми сака да ги решава на форум,мало морген.
Сите имаат проблеми,не е единствена.
Самата треба да е свесна,кога си играат веќе мајтап со неа,што има уште да биде активна на тој форум,повеќе самата си праи лошо на себе.





