Секој со среќата !

  • Креатор на темата Креатор на темата UrbanSamurai
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто не ги спомнува тие што завршиле факултет и не се вработиле ама баш никаде а ги има доста, каде им е среќата? Зарем сето тоа не е некоја случајност? Или земи обратно има доста кои не завршиле факултет а сепак се снашле со работно место, ги кажувам тие што "имале среќа" да се снајда, но не и тие што не се снашле и во двата случаја ;) конташ...
па и јас тоа кажувам....има луѓе кои завршиле факлутет, а не се на работа ( значи немаат толку голема среќа или немаат воошто среќа ), а има луѓе кои што одма завршуваат или воопшто не завршуваат факултет, а си наоѓаат добра работа (значи имаат голема среќа).
се е до среќата. јас така мислам и никој жив не може да ме разубеди дека не е така.
не за џабе се рекло: Роди ме мајко со к'смет и фрли ме на улица :)
а гледај еве и за на факултет. имам двајца колеги едниот сака многу да шета, си се забавува, секој викенд излезен, пуши, пие...ужива. кога ќе дојдат испити ќе читне 20тина стр и оди како се да знае и верувал или не, тоа што го читал тоа го прашуваат и поминува со 6/7 не е битно. е тоа ти се вика среќа.
а овој другиов мнгоу учи, редовен на предавање, не излегува толку често т.е. секој викенд, примерен е и сл., кога се испитите се убива од учење и ај самиот ќе рече абе ај овие 5 стр не ги читам и замисли од тука прашања му се паѓаат :unsure:
и после ќе видиш прв ќе се вработи овој шт си ужива (оти очигледно има гоолема среќа), а овој кутриот самиот си вика: Абе ич немам среќа.......... ќе чека цел живот за работа
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ION

Е како тоа ми го потврдуваш тоа што сум го кажал а велиш никој не те разубедува за постоење на среќа а пак King_Stone еднаш рече...Во животот постојат моменти,кои не прават задоволни и успешни,и тие ги нарекуваме среќа.Но лошото е во тоа што некогаш нашата среќа е несреќа за друг....
 
Во животот постојат моменти,кои не прават задоволни и успешни,и тие ги нарекуваме среќа.Но лошото е во тоа што некогаш нашата среќа е несреќа за друг.

Скоро секоја среќа, е нечија несреќа.
Јас го добив работното место, ама друг го одбија.
Јас добив на лото, ама други не добија.
Мене ми е дечко овој, ама на онаа не и е, иако го сака.

Не е за џабе ,,за на некому да му се раздени, некому треба да му се стемни,,.
 
Тешко тебе ако ми се стемни мене ;)
 
Е како тоа ми го потврдуваш тоа што сум го кажал а велиш никој не те разубедува за постоење на среќа а пак King_Stone еднаш рече...Во животот постојат моменти,кои не прават задоволни и успешни,и тие ги нарекуваме среќа.Но лошото е во тоа што некогаш нашата среќа е несреќа за друг....

или не ме разбра или ја стварно не разбирам што ми кажуваш....значи ја верувам во тоа дека постои среќа и се сложувам со тоа некој што рекол СЕКОЈ СО СРЕЌАТА или со поговорката РОДИ МЕ МАЈКО СО К 'СМТ И ФРЛИ МЕ НА УЛИЦА, значи среќата е најбитна во животот за да успееш.
е сеа финава е што некој има помалку, некој повеќе среќа колку да има рамнотежа. инаку сите ако имавме многу среќа немаше да биде интересно во светов.
 
Јас сум слушнал вака: роди ме мајко со среќа, и фрли ме на буниште.
Иначе верувам на поговоркиве.
 
Тешко тебе ако ми се стемни мене ;)

Шо бе ја, ја нишо не знам, у подрум сум, везам гоблени.
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 03:01 ---
или не ме разбра или ја стварно не разбирам што ми кажуваш....значи ја верувам во тоа дека постои среќа и се сложувам со тоа некој што рекол СЕКОЈ СО СРЕЌАТА или со поговорката РОДИ МЕ МАЈКО СО К 'СМТ И ФРЛИ МЕ НА УЛИЦА, значи среќата е најбитна во животот за да успееш.
е сеа финава е што некој има помалку, некој повеќе среќа колку да има рамнотежа. инаку сите ако имавме многу среќа немаше да биде интересно во светов.

Види, за да те заследи среќата, треба да и направиш услови прво :)
Односно, за да добиеш лото, прво треба ливче да купиш.

Седни дома, не прави ништо, и види дали ќе имаш среќа глувци да не те изедат, некој на врата да ти заѕвони и храна да ти донесе, сметките магично сами да се платат.... :)
 
Насловот кажува се' :)
Дали верувате кога ќе ви кажат "Секој со среќата!" ?? и Зошто ?
Или повеќе сакате да ги земете работите во свои раце и да не чекате среќа ?
Среќата ги следи храбрите друже.
Веќе спомнаа и други форумџии многу нормално дека со пасивност(т.е седење дома)
нема да добиеш она што го посакуваш(освен ако не ти е желбата само да седиш по дома :vozbud: ).

Факт е дека секој има различна среќа и факт е дека некој ја има повеќе некој помалку.
Од самото раѓање некои се раѓаат здрави, а некои болни.
Ако си роден здрав со сигурност си посреќен од сите болни не викаат за џабе старине најважно здраво да е се друго ќе се среди.

Нема што да флософирам понатаму.

П.С Ти малце како да си ја помешал судбината со среќата.
За сите работи она што можеш да го направиш направи го, а она што не можеш остави го на „среќата“.
 
Што е толку нејасно ?
Треба да имаш среќа, но и да се потрудиш :) :)
 
Да ти се плукнам на среќата,
ги собрав внуците и ајде ќе ги прошетам на Водно,
и со жичарата ќе се качиме до Крстот.
Кога таму,беља работа,тој ден не работеше-ремонт.
Ај ние ама и два автобуси полни со деца пристигна од Куманово,и тие без среќа,па цел ден трчаа околу.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom