Секој го добива тоа што го заслужува...?

  • Креатор на темата Креатор на темата Tender Girl
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Се согласувате со ова?
Дали тоа што ни се случува (добро или лошо...ватевр) во текот на животот, сме си го „заработиле“ некако?
Дали животот е праведен и ни го пружи тоа што всушност и го заслужуваме?

Секој ќе го добие тоа што го заслужува, порано или подоцна...Дали?

:salut:
 
Што сме посеале, тоа и ќе жнееме. Не верувам во дарежливоста на животот.:pipi:
 
Кога тогаш ќе дојде. Карма(та). Не мора да значи дека животот треба да биде дарежлив или пак дека се работи само за придобивка, може и обратното да е случи....
Верувам, сепак се врти....
 
Што сме посеале, тоа и ќе жнееме. Не верувам во дарежливоста на животот.:pipi:

Ех...во дарежливоста и јас не верувам но сакам, навистина сакам да верувам во неговата праведност.
Не барам и не сакам повеќе од тоа што го заслужувам.:pipi:
 
Секој човек мисли дека заслужува повеќе од тоа што го има. Ретка особина е скромноста...:smir:
 
Не секогаш важи тоа “Што сме посеале- тоа ќе си жнееме“.

На пример...
Студент, тато со мито успева да му ја купи дипломата, зашто синчето негово решило дека не му се учи и зашто би се мачел... ете ја огромната фирма на тато која тој ќе ја наследи?!
Станува директор и ич уво не му слуша за тоа што е глуп ко магаре ( ма кога ќе размислам и тоа е попаметно од него ).

Друг студент, вложува многу труд и дипломира... ама единствено работно место кое успева да го добие е како чистач на ВЦ во елитната фирма на снобот од погоре.

Дали во овој случај секој си ја жнее својата нива...?
Не верувам.

Сурова е понекогаш судбината... на некој премногу дава, а на некој премногу зема.

Сепак, додека сеуште дишеме ист воздух со оние кои премногу им дал животот, а не заслужиле- би требало да сме среќни... зашто сепак, сме можеле да бидеме и без таа “привилегија“.
 
А дали мислиш дека нема да дојде тој ден кога ќе дојде до израз неспособноста на директорот и знаењето на чистачот, па да си ги сменат местата?
Со неписмен директор, ќе пропадне фирмата...
А и не верувам дека родител би ја оставил фирмата во раце на човек со купена диплома
 
Се согласувам со тебе потполно.Не е животот секогаш розев.Има многу луѓе што патат.Но мислам дека кога тогаш во животот се се враќа.Дали на личноста што згрешила или пак на некое негово најмило се враќа.дноставно неможе се во животот да биде горе,мора да има и доле.
 
Сепак, додека сеуште дишеме ист воздух со оние кои премногу им дал животот, а не заслужиле- би требало да сме среќни... зашто сепак, сме можеле да бидеме и без таа “привилегија“.

сме можеле да бидеме...на што мислиш?
Дека сме постигнале исто толку колку што и некој што не заслужува и на неправеден начин го постигнал?Тогаш да-ќе бидеме среќни, секако.

Но, што ако не го постигнеме „тоа“? Не верувам дека би биле среќни, напротив...
 
А дали мислиш дека нема да дојде тој ден кога ќе дојде до израз неспособноста на директорот и знаењето на чистачот, па да си ги сменат местата?
Со неписмен директор, ќе пропадне фирмата...
А и не верувам дека родител би ја оставил фирмата во раце на човек со купена диплома

Не е исклучена можноста еден ден да се “заврти тркалото“, но сепак, реално гледано има многу кои цел живот се со работата која најмалце ја заслужиле, а многумина поради оние книжни нешта што магии прават во денешно време, ги плаќаат и оние кои постојано се зад него и ја вршат целата негова работа, а тој само ужива во луксузот да биде директор и да прави НИШТО.
 
сме можеле да бидеме...на што мислиш?
Дека сме постигнале исто толку колку што и некој што не заслужува и на неправеден начин го постигнал?Тогаш да-ќе бидеме среќни, секако.

Но, што ако не го постигнеме „тоа“? Не верувам дека би биле среќни, напротив...

Сакав да кажам дека сме можеле да бидеме и без привилегијата да го дишеме тој воздух, или на друг начин кажано “да го цениме и тоа што го имаме колку и да ни се чини ситно, зашто ако го изгубиме- и те како ќе ни фали“. :)
 
Не е исклучена можноста еден ден да се “заврти тркалото“, но сепак, реално гледано има многу кои цел живот се со работата која најмалце ја заслужиле, а многумина поради оние книжни нешта што магии прават во денешно време, ги плаќаат и оние кои постојано се зад него и ја вршат целата негова работа, а тој само ужива во луксузот да биде директор и да прави НИШТО.
Се слагам со тебе, али тоа само во Македонија го има..:smir:
Али мислам дека ниеден човек, што се цени самиот себеси, и што си го цени трудот со којшто стигнал до дипломата, ни би си дозволил да го гази и да му шефува особа што не може да склопи просто проширена реченица.
Секој труд се исплати:pipi:
 
Сакав да кажам дека сме можеле да бидеме и без привилегијата да го дишеме тој воздух, или на друг начин кажано “да го цениме и тоа што го имаме колку и да ни се чини ситно, зашто ако го изгубиме- и те како ќе ни фали“. :)

И пак не ми кажа што сме можеле да бидеме.:)Претпоставувам, бидеме=постоеме...или пак не сфатив?:)
 
Можеме да останеме и без таа привилегија да дишеме воздух. Истиот воздух што го дишат и оние кои имаат повеќе во животот:smir:
 
Eте... на тоа мислев:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom