Секое зло за добро е

  • Креатор на темата Креатор на темата HellRaiser
  • Време на започнување Време на започнување

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
855
Па како што гласи насловот на темата што мислите во врска со оваа поговорка колку има вистина во тоа дека некои работи се случуваат(лоши работи секако) како не би се случило нешто полошо. Пример си скршил нога но да не си ја скршел ногата во следните минути си можел да бидеш прегазен од кола,во секој случај подобро да скршиш нога отколку да загинеш..Па споделете некој ваши искуства доколку имате во врска со оваа тема искуства кои што можеле да завршат катастрофално по вашиот живот,но пред тоа ви се случило некое помало зло кое што ви го спасило животот...
 
Момче...се е случајност..
Кога падне авион и умрат 300 души за што е тогаш тоа добро?...што би направиле тие 300 луѓе или некои од нив толку лошо да не загинале, па тоа да биде полошо од смрт на 300 луѓе..
 
@kokoskar очигледно не си ја сфатил темата значи не правиме муабет за смрт тоа е веќе крајна дестинација и после тоа нема ништо.Туку правиме муабет за нешто лошо што ти се случило и боље тоа да ти се случило отколку тоа отпосле ме сфаќаш.Еве јас пример пред некој месец решив да идам на една височинка тука кај нас да ја искачам, ама ја шинав ногата само што ја преминав улицата и се вратив назад и после слушам комшиите праат муабет,абе во толку и толку сатот кај таа височинката глутница кучиња нападнале човек и тешко го раниле и мене ми текна дека баш во тоа време јас идев за нагоре и си викам еј мајката па боље што ја шинав ногата,иначе можеше мн полошо да биде.Се надевам дека се разбравме сега.
 
Момче...се е случајност..
Кога падне авион и умрат 300 души за што е тогаш тоа добро?...што би направиле тие 300 луѓе или некои од нив толку лошо да не загинале, па тоа да биде полошо од смрт на 300 луѓе..
Нема да ги трошат ресурсите на земјата. Кислород и храна, пред се. Природата секогаш ќе балансира, освен ако човештвото не реши да се самоуништи. Да не заборам, можеби во тој авионот имало луѓе што некогаш би постанале терористи, или масовни убијци :LOL:

Во контекст со темава,
Јас верувам дека секое зло за добро е. Безразлика чие зло - во чие добро ќе се претвори. :)

 
И мене ми се случувало вакви настани и тоа многу пати што не ми текнува да кажам случки ама знам една работа кога ќе ми се случи банално лошо и секогаш после тоа има и полошо затоа одтогаш почнав да верувам БОГ кој ме води па макар и против божја волја обично ми се случено белја но после тоа има и полошо затоа на некој начин виша сила ме спречува .
 
Ваквото размислување е производ на инстинктот за преживување, обид за рационализација на лошата дешавка. Еден вид ментална мастурбација после дешавката.
 
Ова (секое лошо за добро е) и не знам колку е точно, али сум осетил повеќе пати во живот дека лошото не доаѓа само. Мојот дедо викаше: кога ќе дојде едно лошо и друго чука на врата. Не дека нешо сум суеверен или шо знам, али ми се случило. Може е коинциденција, може е одлагање на проблеми, може е перцепција во прашање, заверглан песимизам, може се да е, но многу пати ми се случило да се најдам како констатирам дека лошото никогаш не иде само.
 
Ми се има случувано.
Пред година две, тргнав во обложувалница да играм тикет. Одбрав 4 натпревари и понесов одреден сума на пари (небитно), ама го пропуштив автобусот и така парите ми останаа.
Ама во тој момент пукнав од нервоза, бидејќи паровите ми беа прилично сигурни. :)
 
Најчесто лошото ќе те опамети, најчесто ќе се најдеш во кондурите на некој кого си го осудувал и ќе одиш малку по неговиот пат, и ќе сватиш некој работи, а кога ќе ти е побистар паметот на добро ќе се сврти
 
Jaс ова не го сфаќам така фаталистички како во воведот од темава.
Повеќе би рекол дека тоа е нешто во смисла си пропуштил прилика, но набрзо се појавила нова, подобра прилика, која ако се остварела претходната, до подобрата немало ни да дојде.
 
Момче...се е случајност..
Кога падне авион и умрат 300 души за што е тогаш тоа добро?...што би направиле тие 300 луѓе или некои од нив толку лошо да не загинале, па тоа да биде полошо од смрт на 300 луѓе..

Се е случајност е уште еден начин да кажеш дека ништо не е. Инаку што е добро е што е лошо е прашање на перцепција.
 
Верувам и сакам да верувам во ова. Според мои досегашни искуства, верувањето и ми се исполнувало, пу пу дан урочам.
 
Доброто и лошто постојат за да има некоја рамнотежа во светот.
И тоа што го вели поговорката е целосно точно.
И мене честопати ми се случувало нешто лошо, но како рекле .... што и да е ќе помине, само да не е нешто бетар полошо:)
 
Мене повеќе ми се дешава "Секое добро, за зло е". Таков вид Карма преовладува кај мене, за жал (n)
 
Последно уредено:
Карма не постои и разграничете си тоа америчко срање, испуцајте го негде џенем.

Второ, Секое зло за добро е, ама не е. И злото и доброто се составен дел од животот. И двете се дешаваат кога тогаш и зависи од моментот кога ќе посакаш да ги мериш. Имаш убав настан, па се случил лош по него, а тебе ти текнало да споредиш и имаш обратна ситуација. Имаш лош настан и потоа се потрефило некој добар, а во меѓувреме ти се присакало да споредиш и имаш лошо, па добро.
Имаш и ситуации каде се лошо ќе се изрепетира во одреден период што на крај ќе помислиш дека ако си купиш чипс со вкус на домат, само обичен по грешка внатре ќе зачекаш. И обратно.
И така животот поминува, а ти добрите и убави работи ги лоцираш благодарение на лошите, и лошите работи ги лоцираш такоџе благодарение на убавите. И целовреме тоа една битка која ја чини динамиката од која не можеме да избегаме. Панта реј бе, панта реј.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom