Секакви рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Што подразбираш под раванија? Тоа што се праве со маџун или со мармалад и излегува како сув колач?
Попарена раванија
4 јајца, 4 лажици гриз, 4 лажици брашно, 4 лажици шеќер
Со миксер се матат и се печат во набрашнето тавче број 28
Потоа се прелива со шербет. од 300 грама вода и 300 грама шеќер
Се работи за обично домашно благо
Ако шербетот се направи со млеко наместо со вода се нарекува домашен кох
 
Кохот ми е најомиленото благо на светот. :love: Нема ништо поубаво од кох. Но ова не е р'ванија. Јас знам друг рецепт за колач со исто име. Ќе го најдам и ќе го пишам.
 
Кохот ми е најомиленото благо на светот. :love: Нема ништо поубаво од кох. Но ова не е р'ванија. Јас знам друг рецепт за колач со исто име. Ќе го најдам и ќе го пишам.
Бубе, во нашиот крај раванија е рецептот што го сподели Смрт за зони и пајак возила.
 
Cekaj ova ne e griz torta? U vojska mislim ja praat? :D
 
Идејава ја „украдов“ од моирецепти.
Брз и лесен појадок. :D

Омлет мафини

Со вилушка разматив 6 јајца со 150 гр. павлака. Потоа додадов сирење, кулен, печурки, маслинки, туршија (краставички), сенф и црн пипер. Ги печев едно 20тина минути на 200 степени. :D

IMG_0004.jpg

Oд напред.
IMG_0008.jpg

Од позади.
IMG_0025.jpg

Од средина.
IMG_0042.jpg
 
Полулиснати кифлички/кроасани со сирење

image.jpg

Состојки:


1кг-1,2кг меко брашно
500 мл. млако млеко
100 мл зејтин
2 јајца
200 гр. маргарин
квасец
1 лажичка шеќер
1 лажица сол

За внатре:
сирење
2 белки

За премачкување:
2 жолчки
сусам
50 гр. маргарин

Замесете меко тесто и оставете го на топло да се дуплира. Некаде околу 45 минути.

Поделете го тестото на 9 топчиња. Расукајте мала кора и врз неа ставете парченца маргарин, па ставете врз неа друга кора исто со маргарин и врз третата не ставате маргарин.
image.jpg

Вака заедно ги расукувате во една голема кора.
image.jpg
Сечете на колку парчиња ви одговара, јас ги правев повеќе како кроасани од практични причини, па ставајте од филот. Виткајте ги како обични кифлички и ставајте ги во плех со хартија за печење.
image.jpg
Постапката повторете ја со сите топчиња тесто и вклучете ја рерната на 200 степени.
Премачкајте ги со жолчка, ставете по сосема малку маргарин и сусам по желба.
image.jpg
Печете околу 25 минути по плех.

image.jpg

Ова се можеби и најмеките кифлички што ги имам јадено. Сликите се од мобилен, па за жал не се доловува колку се "воздушести" внатре.

image.jpg
 

Attachments

  • image.jpg
    image.jpg
    739,8 KB · Прегледи: 5
  • image.jpg
    image.jpg
    876,5 KB · Прегледи: 8
Еве две брзи, а убави варијанти со компири.

Батат ( сладок компир ) со чедар

Состојки:

Компири
Чедар кашкавал
Моцарела
Маслинки

DSC_0507.JPG

Компирите убаво ги измијте и ставете ги со лушпа да се варат околу 20 минути.
Изладените компири исечете ги на пола и издлабете ги. Може средината да ја користете за полнење ама и не мора.
Исецкајте ги другите состојки и наполнете ги компирите. Печете на 250 степени околу 10 минути.

DSC_0536.JPG

Лепеза компири со зачини

Состојки:

Компири
Свеж лук
Путер
Мајоран
Босилок
Сол и бибер

Излупете ги компирите и хоризонтално долу исечете го делот за да може стабилно да стојат во тавата. Потоа направете засечоци на 5 мм растојание, но не до долу на компирот за да не ви се отворат скроз.
На растопениот путер додадете го исецканиот лук и зачините и полека полнете внатре. Ставете еден мал филџан вода и покријте со алуминиумска фолија за да не ви изгорат.
Печете на 250 степени околу 45 минути, тргнете ја фолијата и оставете така уште 5 минути.


DSC_0520.JPG
 
Лава колачиња самошто извадени од рерна :pipi:
Состојки
100 гр чоколада за готвење
100 гр путер
100 шеќер во прав
3 јајца
Чоколадото и путерот се топат на пареа, се додава шеќерот па брашното и на крај изматените јајца. Се премачкуваат плехчињата за мафини со маргерин или масло и се пече 5-10 мин на 180 степени
За блага недела, добар апетит :smirce:
 

Attachments

  • DSC_0045.JPG
    DSC_0045.JPG
    2 MB · Прегледи: 21
Нема име, експериментирав :)
Состојки
4 јајца
8 лажици шеќер и 8 лажици брашно
1 пециво и 1 ванилин шеќер
Какао
Вишни
Мелени лешници
2 чоколади за готвење
Млеко
Начин на подготовка
Се матат јајцата, полека се додава шеќерот и ванилиниот, се мати додека се стопат. Потоа се ставаат брашното,пецивото и какаото,се мати па на крај се ставаат лешниците и вишните. Се пече 20тина мин на 180 степени. Откако ќе се испече, се топат 2 чоколади за готвење со малце млеко за да остане потечно и се полива колачот :)
DSC_0036.JPG
 
Мини варени ѓевречиња

Се замесува тесто од две коцки квасец, 400 мл млака вода, 1 ипол лажичка сол, пола филџан зејтин и 900 грама (горе-долу) брашно.

IMG_0003.jpg

Подгответе го шербетот:
Стопете 10 лажици шеќер (не мора потполно, за да не загори), потоа додадете 1 литро вода, и нека зоврие.

Нема потреба од стасување на тестото, затоа поделете го на произволни топчиња (мене ми излегоа 38) и формирајте мали ѓевречиња.

IMG_0015.jpg

Истовремено додека ги формирате, спуштајте ги во зовриениот шербет, едно 20тина секунди (да нараснат, да почнат да пливаат на површината) и валкајте ги во сусам.

Наредете ги во подмачкано тавче и печето во загреана рерна. Не мора да оставате многу простор измеѓу, бидејќи највеќе нараснуваат во варењето.

IMG_0024.jpg


После печењето:
IMG_0047.jpg

IMG_0064.jpg

IMG_0074.jpg


Излегоа 38 ѓевречиња, ги правевме сабајлево со мајка ми (пожелно е двајца, за едниот да формира ѓевречиња, а другиот да ги вари, да не престасаат), а останаа уште 6, па сеа вие рачунајте. :D (+пмс :noze:)
Може да ставите и 2 лажички сол, зависи дали ги сакате посолени или не, бидејќи од шербетот попримаат благ шмек. Но се многу вкусни. :D

Планирам нареден пат да направам переци со истово тесто и да додадам сол одозгора, наместо сусам. :D
 
Би замолила доколку некој го знае рецептот за домашен бејк ролс да го сподели, да не враќам назад по страници. Фала
 
Сеченица
( вака ја најдов на интернет дека ја сечеш па потоа печеш) ама ми стана фаворит.
Состојки:
550 гр брашно
40 гр квасец
250 мл вода
1 лажиче сол
Фил:
Салама
Кашкавал
Доматно пире
+ масло за попрскување
Сусам и 1 јајце за премачкување
Начин на подготовка:
Се замесува тестото и веднаш се дели на 4-5 топчиња. Секое топче се расукува во големина на тавата за печење и се реди. Се прска со масло(јас додека ги расукував прскав и станува поеластично)Се премачкува со доматно пире, се редат ленти салама па се ренда кашкавал. Се става второто расукано топче и сѐ така до последното. На последниот дел нема фил. Се сече. Се остава да стаса 20 мин па се пече на 200 степени. Сликава е набрзинка пред да ја изедат цела домашниве :rolleyes: Ви препорачувам да ја пробате многу лесно и брзо се прави а е препревкусно! Инаку филот си варира од вашите желби :)
DSC_0090.JPG
 
Сеченица
( вака ја најдов на интернет дека ја сечеш па потоа печеш) ама ми стана фаворит.
Состојки:
550 гр брашно
40 гр квасец
250 мл вода
1 лажиче сол
Фил:
Салама
Кашкавал
Доматно пире
+ масло за попрскување
Сусам и 1 јајце за премачкување
Начин на подготовка:
Се замесува тестото и веднаш се дели на 4-5 топчиња. Секое топче се расукува во големина на тавата за печење и се реди. Се прска со масло(јас додека ги расукував прскав и станува поеластично)Се премачкува со доматно пире, се редат ленти салама па се ренда кашкавал. Се става второто расукано топче и сѐ така до последното. На последниот дел нема фил. Се сече. Се остава да стаса 20 мин па се пече на 200 степени. Сликава е набрзинка пред да ја изедат цела домашниве :rolleyes: Ви препорачувам да ја пробате многу лесно и брзо се прави а е препревкусно! Инаку филот си варира од вашите желби :)
Прегледај го приврзокот 120727


Дали тестото стасува пред да почнат да се сучат топчињата или само стасува 20мин на крајот?
 
Дали тестото стасува пред да почнат да се сучат топчињата или само стасува 20мин на крајот?

Не стасува. Одма штом ќе се замеси се дели на топчиња и се расукува. Па целата пита стасува 20 мин. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom