Секакви рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Си барав дупки во законот. :D (читај диетата)
Денес требаше да јадам само овошје и пола литро јогурт, па си направив сладолетка. :X3:

3 банани, 3 лажици кисело млеко, ванилин шеќер и повеќе кокос. Да се замрзне и топ. :D
Татко ми нејќеше ни да проба, не идело демек. Мене ми беше топ, си ставив и цимет, кој го врти, баш ме освежи. :D

IMG_0184.JPG

Иначе обожавам да си правам некои десерти во чаши. Само работата е колку ти е пун фрижидерот. Па што ќе ти се најде, тоа стави. :D
IMG_0135.jpg
 
Сакав Тирамису, па го сакав овошно, па ај не чизкејк во брза варијанта, па мразам желатин за преливот, па не го сакам путерот во бисквитите и така се напнав и си направив комбинација. :D
Слика од исечено - може вечер.

Состојки:
250 маскарпоне
500 слатка павлака
24 парчиња плазма бисквити ( околу 200 грама )
50 мл сварено јако кафе
200 грама малини свежи
100 грама замрзнати боровинки

Редете по 6 бисквити плазма потопени во кафето, па ред од матената хопла со маскаропоне и се така до крај.

На крај прелевате од изблендираното овошје.

image.jpg[DOUBLEPOST=1435428546][/DOUBLEPOST]Еве ја пресечена:



image.jpg
 
Последно уредено:
Извонредно вкусна и здрава манџа совршена е за семеен ручек. Посно јадење кое ќе Ве воодушеви со преубав вкус и мирис!

Состојки:
700 грама буковки
400 милилитри доматен сос
1 голем кромид
1 морков
1 чешне лук
1 пиперка
4 компири со средна големина
Сол
Црна пипер
Магдонос
3 лажици масло

Приготовка....
 
Вафли/галети/гофрети
Состојки
2 јајца
2 шолји брашно
2 шолји млеко
1/2 шолја зејтин
1/2 шолја шеќер
1 пециво
1 ванилин шеќер
Пола лажиче сол
Се мешаат сувите состојки. Во еден сад се матат белките, во друг жолчките со млекото и зејтинот. Во жолчките се додаваат сувите состојки па изматените белки.
Смесата е течна како за палачинки.

DSC_0108.JPG
Се печат во апаратче за вафли DSC_0110.JPG
И се јадат
DSC_0115.JPG DSC_0113.JPG

:coffee:
 
Каде можам да најдам ниско калорични рецепти за слатки?
 
Шакшука (Shakahuka )

1 главица кромид
2 чешниња лук
1 црвена пиперка
2 зелени пиперки
1 лута пиперка
100 грама сланина ( и со врат е вкусно)
2 конзерви пелати ( јас сега правев со доматно пире и томатело)
4-5 јајца
Магданос
Свежо мелен бибер
Сол и зејтин

Кромидот, пиперките и сланината се пржат на тивко околу 10 минути. Се ставаат доматите и исто на тивко да испари барем пола течност.
Тогаш се ставаат јајцата ( цели ) и се наросуваат со биберот.

image.jpg

Се остава така на тивко уште
10 минути одприлика или додека јајцата не бидат готови.

image.jpg

Со домашен леб и сирење, добитна комбинација.

image.jpg
 
Шакшука (Shakahuka )

1 главица кромид
2 чешниња лук
1 црвена пиперка
2 зелени пиперки
1 лута пиперка
100 грама сланина ( и со врат е вкусно)
2 конзерви пелати ( јас сега правев со доматно пире и томатело)
4-5 јајца
Магданос
Свежо мелен бибер
Сол и зејтин

Кромидот, пиперките и сланината се пржат на тивко околу 10 минути. Се ставаат доматите и исто на тивко да испари барем пола течност.
Тогаш се ставаат јајцата ( цели ) и се наросуваат со биберот.

Прегледај го приврзокот 128437

Се остава така на тивко уште
10 минути одприлика или додека јајцата не бидат готови.

Прегледај го приврзокот 128438

Со домашен леб и сирење, добитна комбинација.

Прегледај го приврзокот 128436


Бомба е рецептов само шо си го напраив, highly recommend <3
 
Banana bread
Многу познато по дијаспорава од Австралија, кој и да прашав сите го прават и ај реков ќе го пробам.
Дефинитивно нема ништо повкусно, брзо и едноставно.

250 грама брашно шо нарастува
50 грама брашно обично
1 мала лажичка цимет
140 грама кафеав шеќер
125 мл млеко
50 грама путер
2 банани ( понаразени/поцрни)
2 јајца

Се загрева рерната на 180 степени. Тавата за печење(онаа како за ролат) прво и ставаме брашно, а после и хартија за печење. Се мешаат прво брашнота, циметот и потоа се додадваат останатите состојки (путерот треба да биде растопен, а бананите да се изгмечени)
Се истура смесата во тавата и се печи 40-50 минути, зависи колку го сакате попечено.
Откако ќе се извади од рерна, се остава 5 мин да постои така и потоа во фрижидер да се стврдни.
После си го сечите како леб.
Треба нешто вака да изгледа
images
 
Плескавици од зеленчук со пикантен сос од домати

Состојки за плескавиците

2 мали компири
1 морков
Пола пашканат
Пола тиквичка
Целер
Кромид
Црвена пиперка
1 јајце
2 лажици презла
Хималајска сол
Маслиново масло

За сосот:

3 големи зрели домати
1 лута пиперка
1 лажица сенф
Многу магдонос
1/4 лажичка шеќер
Сол по вкус

И плус рикота.

Зеленчукот го варите едно 15 минути ( освен кромидот и пиперката ). Ставате во сецко/пасатор или рачно го гмечите зависи каква структура сакате да имате. И ги додавате и другите состојки за да се измеша.
На хартија за печење ставате маслиново масло само да се намачка и со лажица ( или со влажна рака формирате, зависи колку ви е густа смесата) ставате на плехот.
Печете околу половина час на 200 степени.
image.jpeg

За сосот состојките ги ставате во блендер ( доматите задолжително лупени ) и ставате на тивок оган додека не се згусне.

Плус прилог денес рикота, може по ваша желба.

image.jpeg
 
Потребен ми е рецепт за традиционална ТУРЛИ-ТАВА
Јас ја подготвувам на следниов начин:
Половина килограм патлиџани, половина килограм пиперки, една тиквичка, еден модар патлиџан, врзулка бамји - се чистат и сечат на коцки.
Без било каква претходна подготовка - се ставаат во земјена тава со додадок само на зејтин и сол ( без вода ) и се печат во рерна околу час и половина
Ме интересира каков рецепт Вие користите за подготовка на турли-тава?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom