Секакви рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Овие макарони ми се омилени.

-1 кесичка макарони
-300гр шунка сецкана ситно
-300гр кашкавар (ајдамер) сецкан ситно
-200гр ситно сецкани шампињони
-2 големи лажици павлака

(кисели краставички по желба, јајце по желба)

Откако макароните ке се сварат, во глинен сад премачкан со зејтин се ставаат и во нив се додава сето исецкано, убаво се меша и се додаваат двете големи лажици павлака, додека не стане хомогена смеса. На крајот се става јајце по желба, и се пече 20 минути. Прекрасности. Па уште и домашен доматен сос ако се има....
 
Некоја моја варијација на цезар салата

you need:
1. Еден асален стек, испечен, испржен не е битно
2. 2 патлиџани
3. околу 100 грама сирење (ја имав мешано, таман е :) )
4. (ова незнам како се вика, мислам дека е) кинеска марула (нешо ко кочан форма има)
5. Павлака
6. Мајонез
7. Кари сос (ја ова го импровизирав, али со кари сос би било уште подобро)
8. Босилек, бибер, сол

Сецкај стекот, сирењето, патлиџанот, и салатата... стај го во сад, сол бибер по желба секако
мајонез и павлака (околу 100 грама павлака доволно е ) со босилек, изматен...
истурете го од згора и кари сосот...
И земајте вилушката :D
 
Tава со ослиќ
Потребни продукти за три лица:
3 парчиња ослиќ ( замрзнати )
3 компири
3 моркови
3 страка праз
1 чаша бело вино
12 маслинки
масло, сол, црн пипер
Подготовка:
Рибата, од кога малку, на површината, ќе одмрзне, се лупи од кожата и од перајите
Компирот се лупи и сече на осминки
Морковот се лупи и сече на крупни парчиња
Празот се чисти и сече на парчиња со должина околу 5 см.
Сите продукти се редат во стаклена огноотпорна тава со капак. Се додаваат солта, маслото и црниот пипер.. Се налева винито ( кој не сака вино, може да налее чаша вода и сок од еден лимун или малку лимонтус). С покрива со капакот и се става во рерна на 180 степени да се пече приближно еден час. И готово е..
Лесно, вкусно, здраво и ефтино....
 
Салата од краставица - на тајландски начин


Лупиш една краставица и еден црвен кромид и сечеш тенко.

ThaiCuke3.jpg


Преливот се прави од fish sauce (ако нема ова во МКД тогаш soy sauce му е најадекватна замена мада не е исто али сепак е добро) 4 големи лажици,1 лажица балсамико и една мала лажичка шекер. Ова го мешате дур шекерот не се стопи. На ова додавате малку чили или буковка хехехе...

ThaiCuke6.jpg



Спој со салатата...


ThaiCuke8.jpg



На ова се додава кориандер и солени кикирики...

ThaiCukeFinal.jpg
 
Здраво до сите готвачи. Дали некој го знае рецептот на сосовите што се во Лесковачка скара ...? поздрав
 
Сезонски компот
( овој рецепт го постирам за да Ве подсетам дека е погодна сезона да си подготвите компот )
Две дуњи
Две јаболки
10 парчиња суви сливи
5 парчиња суви смокви
5 парчиња суви кајсии
50 грама суво грозјае
Се чистат и мијат и се налева 1,5 литри вода и 5 полни супени лажици шеќер.
Се вари кратко ( 5 минути од кога ќе зоврие ), малку да одстои и готово е
Количината на овоштие и шеќер секој може да го прилагоди кон својот вкус и желба
 
Рецепт за австриска штрудла со јаболка? Ја праел некој досега ?
 
Сунѓер салата

- 900гр. урда
- 5 лути сушени везени пиперки
- 1 пиперка од жива туршија
- 2 лажички мајонез
- лимон

Сушените везени пиперки се чистат од семките и се ставаат, им се додава масло и малку сол и се ставаат во рерна едно 10 минути. Одкога ќе се испечат пиперките ситно се сечкаат и се додаваат во урдата. Пиперката од зелената туршија се чисти од семките и се сечи на кругови и се додава во урдата, заедно со мајонезот и со половина лажиче сок од лимон и сето тоа се меша.


Пријатно јадење :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom