Секакви рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Еве една корисна веб-страница.
http://www.coolinarika.com/namirnica/vrhnje/

@Pearl too


Слатка павлака (нешо као сељачините шо виќет хопла без шејчер)..



Шо со линкот? Врхње = павлака...пошо ја сум растен у Хрвацко...једел сам и кисело и слатко врхње...
Елем: кисела павлака и слатка павлака...

Инаку:
Се лупи ананас, се отстрануваат црните точки, кружно со широк нож.
Се отсекува горниот дел (коренчето со петленцето). Се пропржува на несолен путер да зарумени. Потем се клава во тава со малкуцка путерче (уш троа).
Се полнат кружните спирални засесоци со парченца чиколатце, ореј (прилепцки за ореви) и меТ(д). Се пече околу десеттина, петнаесет минути на 170-190 степени (Лангелина, тоа се ступњеви на кроацки).
Дур се чанчлаи тоа у рерна:
По ќеф количини ама со Усул и брат му Исаф:
Имено, се мелат ореј, бадем, и се меша со промиксана белка од јајце згусната. Потем или истовремно се прави малку шербет, ама малкуцка и се додава оладен во измешаните белки и ореј/бадеми. Сега.
Ананасот е готов. Се ваѓа од реЛна и се клава на фиљан место. Смесата измешана и измиксана се прелива преку ананасот, се наросува со малку брусница.
Може да се служи таќе. Или се служи сас сладулет од ванила.
Е потем: врел секс...
Или место шербет уше чиколстце прелив со бадем/ореј за дополнителНен мотифф за последобателниот секс :)

Мој рецепат шо сум го праеч еднаш, дваш и се со цел за конечниот, финален резултат. Имено, разводнуење на оној дел од женцкото тело...да се растечи...ко расипана чешма у славина...

Нееби...прајте за да се однеебите.

Елем...
Брокула...

Се обаруе, се делат на мали цветчиња. Се преливаат со смеса:
Стопен путер измешан со ситно упрашено куранфиљче, копар, шарена сол, ситносецкано лукче и убаа соја сос.
На крај. Се клава одозгоре рендан пармезан или кој најдит тврдо мариоФфско биено сирење, тврдо ко на дваесгодишник стег.

На јајте ако дома прајте

Маскарпонено ти е колку да си се најдиш сама в маабет?
За крем сирење си чула нели?
Она сељачааната Вајкрем шо го вика или Абц сир?!
 
tumblr_inline_montzqTJuE1qz4rgp.jpg


tumblr_inline_monu9uchSf1qz4rgp.jpg


tumblr_inline_monudxOHpf1qz4rgp.jpg


tumblr_inline_monug8ChLp1qz4rgp.jpg


Ова интересно изгледа и практично е. :)
Ваљда ми е за тука мислењето. :cautious:
 
Да споделам еден ептен лесен, а уште повкусен вкусен рецепт.

Либум - Жртвен леб

Состојки:
  • 600 гр. рендано сирење
  • 300 гр. брашно
  • 1 јајце
  • за дното на модлата ловоров лист

Подготовка
1. Изгмечето го или изрендајте го сирењето, додадете го брашното и јајцето, замесете и поделете го добиеното тесто на 4 еднакви дела.
2. Од секое тесто формирајте мала погачка, засечете ја со нож на 8 дела.
3. На модлата или во тавчето на дното ставете ловоров лист, врз листовите поставете ги погачките и печете во загреана рерна околу 40 мин. додека не порумени.

Слики како ми искочи во Food porn. :)
 
Да споделам еден ептен лесен, а уште повкусен вкусен рецепт.

Либум - Жртвен леб

Состојки:
  • 600 гр. рендано сирење
  • 300 гр. брашно
  • 1 јајце
  • за дното на модлата ловоров лист

Подготовка
1. Изгмечето го или изрендајте го сирењето, додадете го брашното и јајцето, замесете и поделете го добиеното тесто на 4 еднакви дела.
2. Од секое тесто формирајте мала погачка, засечете ја со нож на 8 дела.
3. На модлата или во тавчето на дното ставете ловоров лист, врз листовите поставете ги погачките и печете во загреана рерна околу 40 мин. додека не порумени.

Слики како ми искочи во Food porn. :)


Што сирење користиш? Некако нема да е многу соленко со 600 гр. сирење и 400 гр. брашно?
 
Што сирење користиш? Некако нема да е многу соленко со 600 гр. сирење и 400 гр. брашно?
Ставив од едно сирење за пита, не ми текнува од кој производител е, вакуумски спакувано пакетче, во Тинекс кај урдите стоеше :)
Солено е, ама така и треба да е, повеќе излегува како соленки отколку леб и не се ни јаде многу вака. А, во рецептот пишува дека може да се прави и со несолена, сува урда, па да си додадеш сол колку сакаш, следен пат така мислев да пробам да го направам.
 
Панцероти :)
тесто
500 гр. брашно
200 мл. млеко
1 квасец
1 лажица зејтин
1 јајце
1 мала лажичка сол
1/2 мала лажичка шеќер
фил (полнење)
може да ги филувате по желба со шунка, кашкавал, сирење, варено јајце, доматно пире и оригано, павлака, мармелад

подготовка
млекото се затоплува (не да врие), колку да можете прст да пикнете без да ве изгори. Се додава квасецот и шеќерот. Откако ќе се растопи квасецот се додаваат останатите состојки за тестото и се замесува. Ако тестото ви се лепи за раце или за садот додавајте брашно се додека да добиете хомогена смеса тесто. Се остава во топла просторија за да се подигне (околу 30 мин.). Се премесува и се сучи кора. Се вадат форми. На средина се става од филот, краевите се премачкуваат со вода, се затвораат и се притиска со виљушка за убаво да се спојат. Се пржат на загреано масло.

Photo0188.jpgPhoto0186.jpgPhoto0189.jpgPhoto0192.jpg
 
Панцероти :)
тесто
500 гр. брашно
200 мл. млеко
1 квасец
1 лажица зејтин
1 јајце
1 мала лажичка сол
1/2 мала лажичка шеќер
фил (полнење)
може да ги филувате по желба со шунка, кашкавал, сирење, варено јајце, доматно пире и оригано, павлака, мармелад

подготовка
млекото се затоплува (не да врие), колку да можете прст да пикнете без да ве изгори. Се додава квасецот и шеќерот. Откако ќе се растопи квасецот се додаваат останатите состојки за тестото и се замесува. Ако тестото ви се лепи за раце или за садот додавајте брашно се додека да добиете хомогена смеса тесто. Се остава во топла просторија за да се подигне (околу 30 мин.). Се премесува и се сучи кора. Се вадат форми. На средина се става од филот, краевите се премачкуваат со вода, се затвораат и се притиска со виљушка за убаво да се спојат. Се пржат на загреано масло.

Прегледај го приврзокот 69032Прегледај го приврзокот 69033Прегледај го приврзокот 69034Прегледај го приврзокот 69035

Одлични се,мајка ми ги има правено повеќе пати,а после постот како се настрвив ќе мора шо побрзо да праве :icon_lol: (y)

п.с. некако многу "чудна" бојата,ептен да не ти се препечени,и повеќе ми лежат со кашкавалче шунка и печурки :D


едит: сеа видив дека се пржени хмммм
 
јајчно сирење (германско) - има ли некој пробано од вас
можеби ти leandra ?
 
Домашно јајчно сирење
пресно млеко - 1 л,
кисело млеко, кефир или павлака - од 500 гр
јајца - 8 ,
шеќер - 1 чајна лажичка,
сол - 1 чајна лажичка.

SAM_1451-300x200.jpg


се се меша и се вари на пареа околу 40 мин
SAM_1452-300x196.jpg

од време навреме се промешува- додека не се добие ваква смеа
SAM_1458-300x200.jpg


Потоа се истура во газа - за да се изцеди течноста
SAM_1459-300x196.jpg


некаде околу пола час
SAM_1460-300x188.jpg


па се претура во сад- а врз него се става друг сад- преса

SAM_14641-300x218.jpg


SAM_1465-300x208.jpg

и се остава во фрижидер 5 часа, по што може да се јаде
од смесата се добива 500-550 гр сирење
274374.jpg
 
Ајде малку шведска кујна...

Kroppkakor - кнедли од компир

kroppkakor-004.jpg


За тестото ви е потребно:
750гр - 1кгр компири
1 јајце
150-200 гр брашно
сол

За филот:
100 гр. сланина
100 гр. пушено месо
1-2 главици кромид
зачини

Компирите се варат. Откако ќе се оладат, се пасираат, се додава јајцето, брашното, солта. Смесата убаво се меша и се замесува тестото, треба да биде нешто како кога правите њоки(имам пишано рецепт поназад).
Во меѓувреме, кромидот се сецка ситно, се запржува и се додава ситно исецканото месо. Зачинувате.
Големината на топчињата треба да биде од прилика колку пола тупаница. Значи земате малку тесто, го правите во форма на плескавица, ставате од претходно испрженото месо и ја формирате топката.
Зовривате повеќе вода и во поголем сад! Ставате неколку топки, немојте премногу, затоа што постои веројатност да се залепат. Водата си врие, а топките ќе знаете дека се готови откако ќе излезат на површина. Ги вадите по минута - две откако ќе излезат и не чекајте подолго затоа што може да се преварат и да се распаднат. Исто обрнете внимание и да не се залепат на дното(изглегуваат после 5-6 минути).
Готовите кнедли се поливаат со бешамел сос. Швеѓаните ова го јадат со џем од црвена боровинка, но не ви го препорачувам. :)

Калории и маснотии колку сакаш! Така да ова е за оние кои не внимаваат на исхраната. :D
 
1235368_10151639659103386_1103447123_n.jpg
Потребни состојки:
1 конзерва туна
1 сецкан домат
1 сецкана пиперка
1 цеден лимун
20-30 грама експандиран ориз
1 лажица ленено семе
сол по вкус

priceless :)
 
@Олимпија и @Anne. рецептот за ќофтенцата што го побаравте. :)

Се зема 500 грама мелено месо и се меша со едно пакетче Фант со вкус за ќофтиња/ќебапчиња. Ако Фантот испадне многу лесен, се додаваат и две мокри лепчиња или место лепче 2-3 големи лажици презла натопени во вода. Ако немате Фант може да се изренда еден кромид (средно-малечок), се додаваат три парченца наквасен леб (или три големи лажици презла), една голема лажица Вегета и пола (или помалку) мало лажиче црн бибер.
На сето тоа се додава 1/3 мало филџанче масло и сол по желба. Убаво се размесува, се прават малечки топченца и се редат на плех претходно подмачкан со зејтин, а може и на хартија за готвење. Се сечат стапчиња кашкавал со должина од 1-1,5 см. и се боцкаат во ќофтенцата само со врвот, а поголемиот дел да биде надвор. Рерната претходно се загрева на 200 степени, а штом се стават ќофтенцата се намалува на 170 степени и се пече околу 15 минути. Може да се остават и малку подолго на исклучена рерна. Готови се кога ќе бидат малку потпечени и со темна основа одоздола. За сервирање по избор може да се стави одозгора една капка кечап.
 
Ајде малку шведска кујна...

Kroppkakor - кнедли од компир

kroppkakor-004.jpg
јас вакви јадев во Чешка - компирови кнедлики ;)
--- надополнето: 15 ноември 2013 во 20:00 ---
еве еден енергетски бананов топол напиток

09fe54f96a7b.jpg

Млеко 1 л, банани 2, цимет, какао 1 ч. л.

- во тенџере се загрева млекото.
- Додаваме малку цимет во него
- Бананите испасирани во блендер се додаваат на топлото млеко и се меша постојано до зовривање .Се става во чаши и одгоре се посипува со чоко во прав или какао
 
Ќофтиња од црвена леќа

Потребно за 4 лица:

пола шоља леќа (црвена или кафена, по ваш избор) 2 главици кромид 2 чешниња лук 1 лажиче копар 1 големо јајце 2 полни лажички црвен пипер пола китка магдонос сол, бибер брашно и презла, по потреба

Подготовка:
Леќата исчистете ја и варете ја додека не омекне. Кромидот и лукот, ситно исецкани, пропржете ги. Додајте црвен пипер. Така испржени, извадете ги од тавчето и одделете ги на старана во посебен длабок сад. Сварената леќа, измиксајте ја со рачен миксер или испасирајте ја. Смесата додајте ја во испржениот зеленчук и зачинете со копа, бибер и сол, по вкус. Додајте го јајцето. Додајте 5 големи лажици презла, за да се спои смесата. Додајте го магдоносот. Потоа, додајте 1-2 мали лажички брашно. Така измешаната смеса, ставете ја во фрижидер да отстои 30 минути. Потоа, формирајте ќофтиња. Извалкате ги ќофтињата во презла и пржете ги на врел зејтин додека не поруменат од двете страни.

:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom