Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
*100 милилитри МаслоДај кажете ми рецепт за кифлички?![]()
*100 милилитри Масло
* 250 милилитри Вода
* 1 Шекер лажичка
* 3 Јајца
* 1 килограм Брашно
* малку Сол
* 1 Квасец
* 250 милилитри Млеко
* 300 грам/а Сирење
* Маргарин
Квасецот со една лажичка шеќер и една лажичка брашно растопете го во млакото млеко и вода. Во поголем сад ставете го брашното. Направете вдлабнување па истурете ги маслото и јајцата, 2 лажички сол и стасаниот квасец. Се убаво замесете и продолжете да месите, се додека тестото не престане да ви се лепи за рацете. Обликувајте го и оставете 35-40 минути да стасува. Потоа тестото премесете го и поделете го на половина. Од првото тесто направете 6-7 топчиња. Секое расукајте го и рендајте маргарин па ставајте нова кора.
Од сите кори исукајте една голема и поделете на половина. Од сите кори исукајте една голема и поделете ја на 16 делови (сечете како за кифлички). На секоја ставајте по малку фил од сирење и белка и виткајте кифла. Редете ги во плех од шпорет намачкан со масло или маргарин. Истата постапка повторете ја и со втората половина тесто. Секоја кифличка намачкајте ја со жолчка и посипете ја со сусам. Печете ги 7-8 минути во рерна загреана на 250 степени, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и завршете со печењето.
Mногу едноставно:Како се прави мармалад од сливи?
Слатко од сливи е нешто сосема друго.Имаше еден интересен рецепт за слатко со сливи, домаќинката тогаш подрече дека ги вареле во 9 варови води или така нешто. Мене ми беше многу убаво, нешто слично како слатко од смокви или пак домати беше вкусот.
Го знае некој рецептот?