Скромна капама од спанаќ и мелено месо ( на мој начин )
( за 3 лица )
Потребни продукти:
половина килограм спанаќ
300 грама мелено месо
Една голема или две средни главици кромид
40 грама ориз ( две супени лажици )
мелен црвен пипер (една преполна мала лажица)
кисело млеко
масло за јадење,
вегета, сол
Спанаќот, го чистиме и миеме. Кромидот го чистиме и го сечеме на ситни парчиња. Во тенџере од литар и половина, ставаме масло за јадење да се загрее и го додаваме исечениот кромид. Пржиме на умерен оган, малку, само кромидот да омекне. Потоа го додаваме меленото месо и продолжуваме да пржиме. Кога течноста, што месото ќе ја пушти, ќе испари, го оставаме месото неколку минути да се пропжи. Тогаш во тенџерето налеваме две шољи вода ( 400 милилитри ), додаваме црвен пипер и вегета и го оставаме месото со варење да омекне околу половина саат. На крајот го додаваме измиениот и исецканиот спанаќ и оставаме да се вари дваесет минути. Потоа, го додаваме оризот, а по потреба и желба додаваме уште вода, за да ја постигнеме саканата густина и сол и вариме уште 20 минути.
Сервираме, топло со додавање на кисело млеко ( по желба )