Тава од блага зелка со кисело млеко
Потребни продукти за 4 лица
1,5 кг зелка
300 грама кромид ( три средно големи )
300 грама морков ( два поголеми корени )
0,5 литри кисело млеко или јогурт
50 мл масло за јадење
сол и црн пипер
Зелката и кромидот се сечат, не многу ситно. Исчистените моркови ги сечеме на коцки. Зелаката, кромидот и морковот ги ставаме во поголемо тенџере, го додаваме маслото за јадење, и налеваме еден прст вода. ( напоменувам, ништо, па ни кромидот, претходно не пржиме ). Динстаме на умерен оган, повремено додавајќи помалку вода се додека зелката и морковот не омекнат ( околу еден час )
Штом зелката и морковот ќе омекнат, ги прфламе во тава за во рерна, додаваме сол и црн пипер и ставаме во загреана рерна да се подпече 10 минути на 180 степени. Потоа, тавата ја вадиме од рерна и ја прелеваме со претходно посоленото, кисело млеко или јогурт и враќаме во рерна уште 15 минути.
Јас, вака подготвента зелка ја сервирам со колбаси, но може да се сервира и со ќофтиња или друг вид месо.