Секакви рецепти

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
само да ти кажам :) веднаш по твојот рецепт за макалото- дома ги замолив да ми го подготват- но во помала количина од онаа твојата- упола (затоа што ручекот беше при крај- скоро готов) - и наместо кечап ставија суви црвени пиперки-беше лутко и вкусно-мммммммм ;)
и шта да ти причам..... се прејадов :cenzura::oops:
фала уште еднаш (y)
А да, не е лошо да се стават и суви сварени пиперки, па од нив да се извади месестиот дел, уште и ако се љутки...мераци :D
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Тава од блага зелка со кисело млеко

Потребни продукти за 4 лица
1,5 кг зелка
300 грама кромид ( три средно големи )
300 грама морков ( два поголеми корени )
0,5 литри кисело млеко или јогурт
50 мл масло за јадење
сол и црн пипер

Зелката и кромидот се сечат, не многу ситно. Исчистените моркови ги сечеме на коцки. Зелаката, кромидот и морковот ги ставаме во поголемо тенџере, го додаваме маслото за јадење, и налеваме еден прст вода. ( напоменувам, ништо, па ни кромидот, претходно не пржиме ). Динстаме на умерен оган, повремено додавајќи помалку вода се додека зелката и морковот не омекнат ( околу еден час )
Штом зелката и морковот ќе омекнат, ги прфламе во тава за во рерна, додаваме сол и црн пипер и ставаме во загреана рерна да се подпече 10 минути на 180 степени. Потоа, тавата ја вадиме од рерна и ја прелеваме со претходно посоленото, кисело млеко или јогурт и враќаме во рерна уште 15 минути.
Јас, вака подготвента зелка ја сервирам со колбаси, но може да се сервира и со ќофтиња или друг вид месо.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас, вака подготвента зелка ја сервирам со колбаси, но може да се сервира и со ќофтиња или друг вид месо.
Јас мислам дека ова плачи за свинско и малку пушена сланинка за шмек, ќе те изгори после за вино.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас мислам дека ова плачи за свинско и малку пушена сланинка за шмек, ќе те изгори после за вино.
Кој може... Јас, од здравствени причини, не можам. Инаку се согласувам со додавање на пушено месо или сланина може да биде подобро.
--- надополнето: Nov 25, 2011 9:06 PM ---
Праз со месо

4 страка праз
2 домати
свинско месо кртина (грамажа по избор)
зачин, црн пипер и сол
зејтин

Прво се сечка месото или на долги ленти или на коцки, се става во малку вода со зачини и масло, се остава да издинста на средна температура. Откако ќе се обари, во садот каде што се динсташе место, го ставаме претходно исечканиот праз, поклопуваме по пет минути интензивно се меша за да се растопи празот, се додава и доматот рендан, и се пропржуваат заедно уште 15-тина минути, потоа се додава и местот со зачините, се пржат уште 5 мин и потоа воала уживајте убаво зимско јадење во комбинација со црвено вино е топ.
За мене е новост што во празот додаваш домат. Ќе пробам, но со многу малце месо,инаку многу користам праз, бидејќи го намалува крвниот притисок

Makaло со пр.аз

Потребни состојки:
- 3 страка праз
- 3 големи компири
- 3-4 лажици доматно пире
- зејтин
- сол

Подготовка:
Компирите се варат со лушпа и потоа се чистат и пасираат. Празот се сецка ситно и се додава во пасираните компири. Се посолува и се става доматното пире. Се заедно се меша и на крај се попарува со врел зејтин. :pipi:

Може да подготвите и сaлата од праз. Само исецкајте го празот, додајте зејтин, лимон и сол. Па и некоја маслинка. :D

Исто и бурекот што го имам постирано некоја страна назад може да се напраи со праз, кој претходно треба да се пропржи, а и проја.
Што мислиш, зарем не би било подобро празот пред додавање да се обари за да биде помек? Или можеби тоа ќе го смени вкусот?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
И да се пофалам, конечно личат на зденки! Малку поцрни од вообичаено, али ги погодив конечно. 1:1
aaaaaa????!!!!....нешто се крчка:icon_lol:
штом леандра почнала да готви ....
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И да се пофалам, конечно личат на зденки! Малку поцрни од вообичаено, али ги погодив конечно. 1:1 :icon_lol:
Ааааа за ова треба да се части :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И тоа похувани зденки :icon_lol:
Сеа коа ќе видам пак ова малце подзагорени ме става на мисла, да не се фламбирани а само се вади тука пред сите :pos:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Едвај чекав да ја пуштат повторно Кајги за да споделам еден брз, лесен и вкусен рецепт со вас :noze:

Банички

Потребни состојки:

- 500 гр. готови кори
- 3 јајца
- 6 големи лажици брашно
- 300 мл. млеко
- 150 мл. зејтин
- 1 прашок за пециво
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 1 коцка квасец
- 100 мл. топла вода

Подготовка:
Во топлата вода ставете лажичка шеќер, квасец и промешајте да се растопи квасецот.
Додајте 2 лажици брашно и оставете да надојде. Јајцата изматете ги со миксер како за торта, додајте 4 големи лажици брашно во кои сте го измешале пецивото и солта. Мешајте со миксер убаво да нема грутчиња, па сипете го зејтинот, млекото и престанете со матење. Со лажица во смесата измешајте го надојдениот квасец.
Ова е премаз со кој ги мачкате корите. Филот е по ваша желба: сирење, пица фил, спанаќ,
праз, кисела зелка...
Земате по една кора и ја премачкувате убаво со четка од премазот. На долниот дел ставате од филот и кората ја виткате како ролат. Секој ролат го виткате како полжав и ги редите во намачкана тава со маргарин. Така правите се додека не ги потрошите корите. Секоја баничка и одозгора ја премачкуваме со четката од премазот. Печете на 200 степени додека не добиете златно румена боја.

Oсвен овие мали банички, можете секој ролат да го ставите во правоаголна тава и да ги редите ролатите еден до друг, па ќе добиете стапчиња наместо банички или пак во округла тава да ги редите ролатите во круг откако на средината на тавата ќе направите едно полжавче од ролатот и на крај ќе добиете вртена пита :)
Убаво е врз баничките да ставите малку сусам ако сте љубители.


 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ќофте во доматен сос
Овај рецепт некни го направив и ми излезе супер.

За два оброци (ми излегоа пет ќофтина од 500 грама месо)

500 гр мелено месо за ќофтина
1 главица кромид
едно јајце
малку презла
вегета
црн пипер
сол
јас ставив и малку буковска пипер лута
1 пакетче пасирани домати (препорачувам едни италијански од 40 денари, инаку и томатело не се лоши од 35 денари)
1 или 2 лажици брашно
малку црвена пипер
опционо лук (јас лично не го јадам инаку би одговарало за сосот)


Се замесува амурот за ќофтина (месото, кромидот,јајцето,вегета,црн пипер,сол и презлата) и кога добро ќе се имеси се остава малку во фрижидер да стегни месото.
На загреано масло во тава се ставаат да се пржат ќофтината, кога ќе бидат готови си тргаат од тавата и во загреаното масло од ќофтината се додава брашното, црвената пипер и евентуално исечканиот лук.
Се остава сосем малку да се попржи со редовно мешање, и да се внимава да не загори. Кога ќе се зарумени му се додава пакетчето пасирани домати и се продолжува со мешање се додека сосот не се згустни.
Кога ќе биде готов сосот само се додаваат ќофтината внатре и се служи.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ќофте во доматен сос
Овај рецепт некни го направив и ми излезе супер.

За два оброци (ми излегоа пет ќофтина од 500 грама месо)

500 гр мелено месо за ќофтина
1 главица кромид
едно јајце
малку презла
вегета
црн пипер
сол
јас ставив и малку буковска пипер лута
1 пакетче пасирани домати (препорачувам едни италијански од 40 денари, инаку и томатело не се лоши од 35 денари)
1 или 2 лажици брашно
малку црвена пипер
опционо лук (јас лично не го јадам инаку би одговарало за сосот)


Се замесува амурот за ќофтина (месото, кромидот,јајцето,вегета,црн пипер,сол и презлата) и кога добро ќе се имеси се остава малку во фрижидер да стегни месото.
На загреано масло во тава се ставаат да се пржат ќофтината, кога ќе бидат готови си тргаат од тавата и во загреаното масло од ќофтината се додава брашното, црвената пипер и евентуално исечканиот лук.
Се остава сосем малку да се попржи со редовно мешање, и да се внимава да не загори. Кога ќе се зарумени му се додава пакетчето пасирани домати и се продолжува со мешање се додека сосот не се згустни.
Кога ќе биде готов сосот само се додаваат ќофтината внатре и се служи.
Eве и една мала измена со која јас го модифицирам овој класичен и извонреден рецепт.
Наместо да пропржам брашно, додавам малку ориз. Пробајте и ваква варијанта.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom