Телохранителот на Бијонсе помина само со 500 куни казна
Телохранителот Јулиус Герхард де Боер (31) на светски позната Бијонсе и раперот Џеј – Зи казнет е парично со 500 куни ( околу 70 евра), поради нарушување на јавниот ред и мир за време на инцидентот во старото градско јадро на Дубровник, кога физички го нападнал снимателот на хрватски RTL, Драган Бановиќ.
Инцидентот се случил на 19 август околу еден часот по полноќ. Казната ја донесе прекршочниот суд во Дубровник.
На темнокожиот Холанѓанец времено му е одземен пасошот и без никакви тешкотии ќе може да ја продолжи пловидбата по Јадранот на 47 метри долгата супер луксузно опремена јахта „ Ва Бене“, која е во сопственост на Ерик Клептон, кој ја купил од доминантниот сопственик на Формула 1 Берни Екелстон. Јахтата била лоцирано помеѓу Млет и Корчула.
За релативно ниската казна според неофицијални информации дошло кога скиперот ги потврдил сите наводи на одбраната за тоа како дошло до физичкиот напад.
Иначе Врчак треба да го тужи Крис Браун поради крадење на инструменталката :хаха:
Навлечен на тебе - vs- Chris Brown Ft. Elephant Man - Feel The Stream
Иначе Врчак треба да го тужи Крис Браун поради крадење на инструменталката :хаха:
Навлечен на тебе - vs- Chris Brown Ft. Elephant Man - Feel The Stream
Бијонсе слуша турбо-фолк:nesvest:
Ја поддржувам Сека, ова вака не смее да помине.. само напред..
треба да и исплати милионска сума на Сека..
Само напред...
Seka says: The one and only, you can`t clone me bitch!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.