Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Затоа што во суштина темава е „сива зона“. Како што и самиот гледаш, мислењата за корисноста на вакцините во огромна мера влијаат на ставот за задолжителноста на вакцините. Не може да ги одвоиш едно од друго. Правниот статус произлегува и се базира на фактите кои се предмет на дискусија на темава (иако не би требало да се предмет на дискусија, ама ете, демократија). Секако, затоа и оставив темава да се развие во таа насока иако делумно се поклопува со онаа од општата тема за вакцините.Зошто не се префрли темава во Право? Еедна е дикскусијата за здравствените бенефити од вакцините и нивните про и контра дебати, друга е за правниот статус како задолжителна јавно здравствена мерка.
во суштина никој од нас, ниту вие докторите што и да сте, не прави истражувања па мораме и вие и ние да ги копаме од нет. Е сеа, колку се веродостојни, колку се тие ликови платени од разноразни фирми...Проблемот е што по вакви случувања со наводни пандемии, непотребни вакцини и лекови, довербата во здравството и фармацијата се намалуваат. Проблемот е според полската министерка недоволен период на тестирање, проблем е (на самиот гардасил пишува синкопа, анафилакса...) а ние сето мора да го "голтаме" само затоа што законски ќе не казнат со 2-3 плати. И потоа покрај глобата повторно мора да се вакцинираме.I dovolno e od mene sakam sama da procitam a ne nekoj post nekoj sto go kopiral od net.
Pa I tvoeto sporeduvanje e babi I zabi vo odnos na zadolzitelnite vakcini I onie za grip koi ne se zadolzitelni temava za kazna zatoa sto ne si go vakcibiral deteto a nikoj ne te kaznuva ako ne si se vakcibiral protiv grip@Ivon4ee аспирин задолжителен ли е со закон? Казнува државата ако редовно не кркаш аспирин?
Познато ти е значењето на „споредување на баби и жаби“?
истите дискусии околу задолжителните вакцини ( не за грип, тие не се задолжителни) ги има во регионот... дури има теории на заговор, во вакцините се ставаат супстанци што по 2 -3 генерации ќе предизвикат стерилитет... е сега ај да земем соседно Косово... колку им е висок наталитетот, а и осиромашен ураниум им фрлаа... а има изолирани племиња во Амазониа и Папуа , без вакцини и нови работи, па наталитетот им е нормален..Секако споредуваме баби со жаби, но ти промакнува поентата: вакцините се законска обврска, од која некој прави огромен профит. Аирбег не е законска обврска. Појасите се - ама од нив никој не прави профит (за индустријата зборуваме, не за казните).
Фармацевтската мафија, преку политичарите кои се на власт во сите држави, влијаат на „протнување“ на голем број вакцини кои никако не би требало да се задолжителни, влијаат на процесите на истражување на безбедноста на вакцините... Сето тоа за правење профит.
Затоа ни се протнуваат недоволно квалитетни вакцини, кои имаат несакани последици, но кои мора задолжително да се примаат.
некаде читав, во некоја држава, Белгија ли беше не се сеќавам, има клаузула, родителот да потпише дека го прифаќа ризикот и не бара трошоци за лечење од последиците на болеста, против која одбива вакцинација..Регионот ни е...
Еве за Европа. ...колку што гледам повеќето централно и северноевропски држави се воглавно со ознака А, RR, RA препорачани (доброволни) или без препорака.
ок
![]()
... дури има теории на заговор, во вакцините се ставаат супстанци што по 2 -3 генерации ќе предизвикат стерилитет...
Ајде да видиме во Регионот каде НЕ Е задолжително вакцинирање на децата ?
Да ама и во 90% лекови има предупредувања за можни ризици, ако гледаш така никакви лекови, само мед, лук, ракија...Баче без навреда, ама многу си конфузен. Влетуваш од поента во поента како мачка со избричени мустаќи...
Еве специјално за тебе 2 кристално јасни поенти, за кои изгледа не ме разбираш:
1. Не е спорно дека ТРЕБА ДА ИМА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ВАКЦИНИ. Спорен е квалитетот на вакцините, и спорна е потребата дури и за некои полесни болести задолжително да се прима вакцина. Најпосле - спорен е процесот на испитување на безбедноста на вакцините, заради тоа што е спорна чесноста и објективноста на институциите задолжени за тоа (корупција, со други зборови).
2. Во голем дел од поевтините и неквалитетни вакцини и тоа како ИМА супстанци и компоненти кои докажано предизвикуваат здравствени проблеми кај луѓето, а посебно кај бебињата и кај децата. Ова го поткрепив со научни студии, пар страници поназад.
Сакаш да го спориш ова?
ОК! Повели! Ама спори ги научните студии - не ми дрндај за наталитот во Косово и разно-разни глупости.![]()