Седење до доцна

Дури седам на компј не ми се спие, али да седнам телевизија да гледам заспивам и во стоење


Ја као прам кога сакам да гледам НБА, ќе си легнам во 12, ќе го напрам алармот во 2, ќе станам одеднаш, ќе си измијам лицето, чаша сок и не ми се спие ич веќе. Ако ти се спие многу, легни си малце и после кога ќе ти ѕвони алармот одма стани. Треба јака волја, инаку претешко е без кафе да седиш цела вечер и да учиш. :)

А ова мене ми делува со алармов, и јас го препорачувам
 
Друже мој совет ти е легни си што можеш порано кај 8-10 часот и ќе немаш гајле цела вечер.
 
Овде на некој им се спие а ја имам па друг проблем не можем да спием навечер скоро секоја вечер седим до 6 сат некоаш и повеќе
 
Стварно не ми е јасно како постојат овакви луѓе што им се приспива пред 5h :pos:

Искрено целата финта,за да седиш до касно навечер,е да спиеш денски до кај 13-14h...после тоа не верувам дека вечерта рано ќе ти се приспие.


Друго чаре нема,со кафиња или сл....тоа само го форсираш и го мачиш организмот...верувај дека тогаш капацитетот за учење ти е како телефон со при крај батерија,кога го одржуваш во живот за да издржи уште некој повик.:)
 
Риталин или Адерал, обично лица со ADD синдром ги користат, но и доста се популарни меѓу uber бубаторите.
Адерал ти е еден вид на легален спид само не знам дали тука е достапен. Распространет е кај колеџ популацијата во Америка, а особено па кај онлајн покерашиве кои знаат да заглават и по 48 саата без прекин.
 
абе земи бесплатни минути и прави муабет на тел..пред 2-3 вечери до 6ипол бев обесен на телефон раката ми се здрви :S и на крајо станав се спремнав за на училиште и заминав..ама после другата вечер во 9ипол кома бев :D
 
Има некои вечери треба да седам до доцна - сабајле (да учам), но секогаш ми се приспива и неможам да издржам. Не сум љубител на енергетски пијалоци (ред бул) ама ИЧ, и затоа си ја мачам душата. Испијам едно кафе (нормал) и пак ми се спие. Дајте некои совети или некои рецепти за кафе, или било што, да не ми се приспива зашто од досада ме фаќа дремка.
Фала однапред.
една супена лажица нескафе соџвакај и голтни
ќе треба после анестезиолог да те успие
 
Искрено никогаш не сум си ја мачел душата да седам до касно особено не за учење :).Обично летото кога не можам да заспијам обично тоа е 7-8 наутро си пуштам или филм или ако има играчи играм ДОТА хахахахааххахахахахахахах :D
 
Најголема студентска будалаштина ви е предозирање со нес кафе. Несот е најсилно кафе и може да ви предизвика тахикардија. Уште поголема глупост ви е да го комбинирате со чаша кока кола. Така направи една моја другарка кога спремаше испит, па кога ја стегнало срце во 2 саат ноќе се извадила од памет. Муабетов ми е, не се форсирајте многу со вакви работи. Ако ви треба одмор, подобро прилегнете малку отколку да бдеете ко зомби над книга. И онака нема да учите ефективно во такви услови.
 
Спијте дента до кај 14.00 часот и вечерта нема рано да ви се приспие. Ако случајно ви се приспие, ондак не ви се учи :)
Јас обавезно седам до доцна. И рано да станам (на рано мислам во 10.00 наутро) вечерта пак ќе дремам до кај 4 најмалку.
 
Испиј две кафиња едно по друго, а кафињата направи ги вака:
Две ипол, три лажици кафе (Нескафе или некое друго гадно инстант кафе што не можеш да го помирисаш не па да го пиеш) 2 пати повеќе шеќер од кафе и пола чаша вода.
Три дена око нема да затвориш. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom