Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Телесно не може, но човекот може да умре во душата односно да умре љубовта и надежта за некоја неостварена љубов. Тоа може да се каже само метафорично, можат да умрат чувствата, душата едноставно да остане празна поради некое длабоко разочарување односно губење на вистинската љубов. А од тоа нема полошо. А случајот со Ромео и Јулија е веќе жртвување на животот поради љубовта што е повеќе прикажано со цел за да се истакне односно да се нагласи до каде може да оди љубовта. Може да се случи и во денешни услови, но тоа веќе не е умирање од љубов, туку поради губење на љубовта луѓето можат од преголема депресија да направат и таков грев-да одземат живот,без разлика дали свој или туѓ. А да се умре од премногу љубов не е возможно, напротив тоа е убаво, чувството на љубов го подобрува расположението, а ако е тоа неоставрена љубов како што кажав, човекот може да се соочи со тоа и да му помине со текот на времето, но може да заврши и фатално, со повлекување во себе, паѓање во депресија, и едноставно непристапност и незаинтересираност кон околината или пак кон развивање или обновување на љубовното чувство. Тие луѓе можат и толку се изолираат себеси, можеби од претпазливост да не го доживеат истото, што дефинитивно прават во нив да умре чувството, да останат ладни и рамнодушни кон љубовта.Знаете ли за некој кој умрел од љубов??
Во животот сум доживеала само два моменти во кои се умира од љубов. Љубовните приказни во кои човек умира од љубов, приказните за Ромео и Јулија, Тристан и Изолда итн итн. И приказната или вистина за лебедот кој умира жалејќи по својот партнер.
Има ли во нашиот вистински свет, вистина во изреката: Премногу љубов може да те убие?
јас знам случаи и по неколку дена од ко ке му умри партнерот умира другиот ... али сепак нема теоретика да се умира од љубов , само можи да ти биди мннооггууу тешкоЗнам за случај кога умира сопругот (од болест), па жената се разболува од тага (литрли) и по година дена и таа умира.
Лав.