Се умира... Ако те фатат Алфи. 
Или тоа беше за трева? 
 
	
		
	
	
		
		
			Љубовните приказни во кои човек умира од љубов, приказните за Ромео и Јулија, Тристан и Изолда итн итн. И приказната или вистина за лебедот кој умира жалејќи по својот партнер.
		
		
	 
Ромео и Јулија не умреле од љубов, туку од каприци. Аздисани деца. Мој тато и твој тато не не пуштаат да се плеткаме; ај да им покажеме што е инает. Плус и други времиња биле тогаш, немало интернет, поограничени биле, ем драматични. По емо. 
А и детишта. Не мислиш ваљда дека Јулија (наводно оригиналната Јулија имала 14 години во времето кога се плеткале со Ромео, кој имал околу 17) знаела љубов што е, едвај влезена во пубертет. 
И ај ќе пиеме отрови зошто нашата љубов е забранета и после ќе не читаат по лектири.  
Требало некој да им врзе по некоја воспитна и да ги прати да завршат школо прво. После нека се сакаат.
Мене овие двајца не ми воопшто симбол за љубов, туку за глупост. 
Тристан и Изолда се уште подраматични. Не дека ја не се топев на книгиве, ама дека во реалност се глупост жива, се. 
А лебедот умира од љубов (условно кажано) зошто во природата му е да се врзува само за еден партнер. Тоа е карактеристично само за неколку видови животни, а 
не и за човекот. 
А и технички не умира лебедот од љубов, туку од глад, предизвикан од одбивање да се храни, предизвикано од жалост, предизвикан од губење на партнерот... Како сакаш можеш да гледаш.
Технички е од глад, суштински од љубов. 
	
		
	
	
		
		
			Па имаше еден случај. Стар брачен пар шо си се сакал многу... Мажот починал, по кратко време жена му ја зела неговата слика, ја погледнала, и
 откажало срцето и умрела 
 Сеа жената си била стара, толку стрес не истрпела и слично не знам... Ама сеа цел живот си биле заедно, и си замина со него... природно...
		
 
Коинциденција? Или стрес, ко што си кажа и сам? 

 Не е потребно многу за стара жена да доживее срцев удар. 
Сепак слатко звучи вака, надежно. 
Биолошки не се умира од љубов. Се умира до причини кои довеле до смрт, а кои индиректно биле предизвикани поради некакво лошо љубовно искуство. 
Ни духовно не се умира, зошто човекот е така фино приспособлив, што само време малку треба за да си најде замена. Нова причина која ќе му го живне духот одново. 
А и кој како ќе си ја нареди.