K
kat.<3
Гостин
Дали мислиш дека е случајност што...
од билиони ѕвезди и планети во многуте галаксии, само земјата има живот, и изобилие на живот?
сонцето е 400 пати поголемо од големината на земјината месечина, 400 пати подалеку од земјата отколку месечината, а сепак тие изгледаат и двете пропорционално во иста големина на нашето небо?
сонцето ги осветлува деновите толку јасно, и месечината свети во ноќта нежно и облаците донесуваат дожд за да ги наводни нашите жита, што понатаму донесува храна во твојот стомак?
Дали мислиш дека е случајност што...
птиците во воздухот пеат нежни песни и кучињата покажуваат безусловна љубов?
твоето тело природно заздравува кога ќе се пресечеш, или ќе се поболиш, и престанува?
човекот има недофатливи сетила, наречени емоции, каде чувствуваме љубов, омраза, бес, тага, среќа, возбуда, збунетост, болка, заздравување, и така натаму?
Дали мислиш дека е случајност што...
си роден од утробата на жена и ќе умреш, без избор на друго?
комлексноста на ДНА е толку за зачудување, што научниците од целиот свет сега отидоа од 'нема Бог' до твредење на "Божествен Креатор"?
анатомијата на твоето тело е сложена, толку деликатна и јасна што се прашуваш како оваа "несреќа" може да биде?
Дали мислиш дека е случајност што...
има бескрајно многу вкусни овошја, зеленчук, лешници, жита за да се направат вкусни рецепти за да го задоволиме нашиот глад?
има илјадници и илјадници на егзотични чудесни животни на земјата и илјадници повеќе чудесни суштества во морето?
имаш очи и можеш да гледаш, уши па да можеш да слушаш, срце за да чувствуваш, разум за да можеш да мислиш?
Дали мислиш дека е случајност што...
има илјадници на заздравени примитивни животни кои што ја докажуваат вистинитоста на пишаното, Светото Писмо?
оние кои имаат вера во Исус се сведоци на чуда, секаде низ светот?
пророштвата на Стариот Завет се веќе исполнети и повеќе продолжуваат да се исполнуваат?
Дали мислиш дека е случајност што...
фармер го засадува семето, но фармерот не прави семето да расте и фармерот никогаш не го креира семето?
овошјата и зеленчукот имаат семе за да можеме да произведуваме повеќе овошја и зеленчук?
на твоето тело му требаат витамини и хранливи материи кои што се наоѓаат во природната храна создадена од Бог како овошја, зеленчук, риба, месо, жито?
Дали мислиш дека е случајност што...
се случи да си токму овде, на подфорумот религија и го читаш ова?