Сe` се случува со причина

  • Креатор на темата Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување Време на започнување
Се се случува со причина, но што кога во рок од месец до два ни се случуваат само мизерни работи, дали исходот на тие истите е причинет со некои претходни случаеви?
Многу често се запрашувам многу и секакви работи... нејасни ми се сите анегдоти веќе... сите претпоставки па дури и факти!
Но едно е сигурно, животот продолжува... и ќе се бориме сите за подоброто утре... па што ни досуди Бог, дали добро ил зло, останува на утрото да дочекаме и да се увериме самите нажалост.
 
Прво да дистуриаме малку што е тоа "случајност":
Нешто што се случува случајно (пример цепење на еден атом) треба да го прифатиме само кога - атомот бил расцепен само и само кога нема никаква надворешна инфлуенција врз истиот. Во спротивно, ако има било каква надворешна инфлуенција врз него тогаш НЕ Е случајно, бидејки нормално - надворешната инфлуенција врз тој атом е причината за неговото цепење.
Ќе дадам уште еден пример од програмирање-
Како се генерира рандом број? Има многу начини но ниту еден не е случањен.. секогаш постои алгоритамот кој ќе може да го предвиде дадениот рандом (случаен број) ако му се познаваат потребните параметри.

Реално ништо не се случува без причина! Бидјки ништо не е во потполно мирување во универзумот и секоја акција има своја реакција (научен факт). Сето ова води до познатиот Butterfly Effect (пеперутка ефект) објаснува многу работи но НЕ И тоа што многу луѓе веруваат во етичките и моралните вредности на дадениот исход.
Пр. Се сретнав со девојката/дечкото од соништата (тоа беше со причина) или ме избркаа од работа (за подобро еве сега си најдоб подобра)

Ако дискутираме за случајност и причина многу е јасно дека никогаш ништо не е случајно но ако прифатиме нешто во стилот како од горе наведениот пример тогаш веднаш вмешуваме многу други работи во кои само може да млатиме муабет на празно бидејки
Бога или надприродна сила или како сакаш наречи го, неможе да биде докажен со факти туку само со верба и тврдења.

1. Во кој случај и да е .. постои Бог или НЕ= ништо не е случајно!
2. Ако нешто ви се случува е сигурно со причина но не мора да значи дека некој (пр. Бога) ги наредил така да се подредат некои работи. Слободата е ваша да верувате во што Вие мислите дека е правилно.
 
Се во животот се случува со причина.Дали нешто убаво или лошо.Нема случајности.
Кај секој човек си има предодредено што ќе му се случи,само работата е по каков редослед.
Ни прави искушенија,не скршнува од правиот пат па не враќа,се со причина.
Да научиме многу лекции за животот и од животот.
 
Сѐ се случува со причина?
Не!

Сѐ што се случува е последица на некоја причина.
 
Човекот има потреба од каузалност, без неа би бил изгубен во целосна слобода на делувањето без никаква цена.
Тоа е рецепт за деструкција.
Затоа, одговорноста бара да се верува во причините, за да може да се справиме со исходот и должноста.
 
Човекот има потреба од каузалност, без неа би бил изгубен во целосна слобода на делувањето без никаква цена.
Тоа е рецепт за деструкција.
Затоа, одговорноста бара да се верува во причините, за да може да се справиме со исходот и должноста.
Kаузалноста произлегува од нашите проекции.
Причините за случувањата на работите се во нашите желби.
Потсвеста функционира како огледало.
Што би рекол Исус:
"If you bring forth what is within you, what you have will save you. If you do not have that within you, what you do not have within you [will] kill you."
Ова со Исус е обратна ситуација.
Процесот е реверзибилен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom