Се плашите ли од темнината? Зошто?

  • Креатор на темата Креатор на темата ogi_bt
  • Време на започнување Време на започнување
Ама баш ич. И рачунај прошлата година живеев сам во Скопјево. И, темно, сам, ќе крцне нешто..... не бе брат, ја си неам гајле.:smir:
 
Во теменица нормално не се плашам, само ако слушнам некој звук од надвор или нешто да ми се причини тогаш ми лета срцето.
 
Некад, и тоа пошто незнам шо може да се крие таму, али само ако има нешто језиво (звук, мирис, дежа ву од некој гледан хорор филм)
 
Понекогаш.....страв ми е да не ми излезе САМАРА! Хахахаха xD
 
Уживам во мртва темнина и мртва тишина.
 
Од кога знам за себе спијам со вклучено светло и го дивам брат ми, ама ете, неможам да се навикнам на темнина. Едноставно си правам болни филмчиња во главата и ми треба светлина :)
 
Не , темницата се плаши од мене ,затоа спијам со светло пахахаха:pos2::pos2:
 
Да. Се плашам многу. А зошто? Е не знам. Некако ми е многу мистериозна, се е така тивко, недоволно видливо, а сепак некој по комшииве чепка нешто по дома... :)
 
Ау, кога бев помал до 2-3 одд. ненормално многу страв ми беше да спијам сам и спиев со запалена струја :) Ептен се плашев од темнина не шетав никогаш сам по темното...
Сега нормално дека не се плашам зошто би се плашел зар има причина?:wink:
 
Не се плашам воопшто,а кога чујам звук во темнина застанувам веднаш во место и стојам додека пак не чујам звук ако не чујам продолжувам!!
 
Порано многу се плашев, без телевизор укључен неможев да заспијам, сега можам да си ги средам мислите и да ги делитнам сите чудовишта, вампири, врколаци и хај тек срање што ме пратат..
 
Мене ми е страв од темнината само кога ќе помислам на некоја онака морбидна работа :jaj:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom