Се откажувате ли лесно?

  • Креатор на темата Креатор на темата Луси
  • Време на започнување Време на започнување
Да се откажам од нешто што го сакам е исто како да сум се згазила себеси, во принцип не поднесувам порази, се борам за се до крај т.е. додека не испадне по мое, со сите средства што ги имам и што ги немам, а ќе ги најдам...
Од материјалните задоволства ок, не е толку страшно и да не се добијат ,ама духовните...
Ако се откажам од духовните постигнувања, исто е како да сум се откажала од себеси како да сум и рекла ,,не,, на среќата.
А за што би постоела тогаш?

don't give up


П.С. во морето преживуваат само ајкулите, ако не јадеш ќе те изедат и ќе ти ја испијат крвта:toe:
 
Мн, пати сум размислувал дали вреди да се иде до крај и зошто би, но многу е лесно да кренеш раце од све, и да се откажеш, по природа не сум таков тип, лесно да се откажува од работите што ме исполнуваат и ме усреќуваат, но доколку некој се обиде или проба да се откаже од мене, како пријател пријателка или сл, поради некоја моја намерна или ненамерна грешка, не се обидувам да го попраам тоа, можам да се извинам, но да ја сменам неговата одлука неможам а и несакам, но сите тие работи ситници, околу нас ги стекнуваме тешко, а ги губиме лесно, од причина што психичкиот товар е поголем од нас, и настанува фаза на откажување и подоцнежна депресија
 
Епа зависи од ситуација некогаш многу сум упорна и ама баш ништо не може да ме разубеди ако мислам дека вреди да бидам упорна, а има и ситуации каде сум се откажувала.
 
Уф, зависи од ситуацијата...најчесто се откажувам(јбг:toe:)мислам на најситните секјдневни работи.....Ама доколку нешто навистина силно сакам и многу ми значи..Не се откажувам се додека не го постигнам...:wink:
 
Тешко се откажувам ако е битна работа, ако е за ситница лесно...:)
 
Никогаш ама баш никогаш не се откажувам,кога ќе започнам една работа ја терам до крај без разлика на сите тие препреки што се појавуваат на патот.До некаде тие препреки ми се и мотив да продолжам понатаму.Има една добра мисла не знам од кој е -"Секогаш кога ќе кажат таа тоа не може да го стори знам дека сум блиску до успехот":wink:
 
јас сум пејн ин ди ас. ако се запиљачам нешто да биде... има да биде па то ти е... може да се откажам (привидно) ама после долги напињања, ковање стратегии, како, што, а вака може ќе биде, а ако направам вака да не е подобро... што да ви кажувам...

ама дефинитивно, не се откажувам.
 
Борбена личност сум и не се откажувам додека не го добијам нештото. Ако нешто почнам, го завршувам, без разлика за што се работи. Секако, без да бидат загрозени други личности.
 
Ако е нешто што ми значи не се откажувам, а ако не ми значи се откажувам.
 
Не, напротив, едно од основните животни начела ми е: "Колку поголем ѕид, толку поголем предизвик да го прескокнам."
 
Секогаш го давам максимумот од мене и одам до крај.Се ќе пробам и се ќе направам ама нема да се откажам.Нејќам после да ми биде криво и да си ја тупам главата:еј абе не требаше да се откажам требаше уште ова да го напраам....
 
Во некои случаи се откажувам,а во некои не:wink:
Едноставо зависи од случајот,ситуацијата и луѓето.Сепак кога нешто сакам да остварам или пак да го постигнам се борам со сите средства и тешко да се откажам од него и би сакала да го зачувам.
Некогаш ако едноставо неоди иако си се трудел многу време ќе се откажиш.Треба да научиме да ги прифаќаме и поразите.:wink:
 
Хмз, заивиси кога како. Знам да бидам крајно упорна , знам да бидам и рамнодушна. Нема измегу х) Кога сакам ,се борам до крај, кога не... гес нат лол
 
Јарец сум во Хороскоп така да....во 80 % од случаите не толку лесно, stand and fight, само кога не сум воопшто во право си ќутам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom