Зависи за што станува збор. Но обично сум упорен иако тоа честопати резултирало негативно.
Ако станува збор за љубов, ( ако некоја стварно многу ти се засвиѓа ) тогаш е многу јасно дека ќе бидам упорен. Дури и ако добиам 'корпа' во првите моменти, ќе продолжам да бидам упорен, зашто љубовта не познава граници.
Не доаѓа во предвид откажување, ако се работи за нешто за кое стварно сметам дека вреди напорот.
Секако, имам осет како ќе стигнам до целта, не ја поддржувам изреката “Целта ги оправдува средствата“, но и те како ја поддржувам “Изгубено е само она од кое сме се одрекле“.
Ако нешто сакам премногу тогаш не се откажувам, колку и да (ми) е тешко... Односно, не се откажувам долго време... А границата си ја поставувам во зависност од околностите...
А ако нешто и не ми е до толку битно, и пробам и не успеам, голема е можноста да се откажам затоа што мислам дека не вреди да си трошам време и нерви....
па не се откажувам лесно... да не речам воопшто!!! тоа што го сакам и го добивам (реални желби нормално),мегутоа се трудам само за нешто-некого што знам дека вреди. без причина не се замарам многу...
Ако тоа нешто е веќе мое т.е. веќе ми е освоено, е богами тешко дека ќе се откажам и ќе го препуштам на други.
Се знае, што е мое-мое си...не го давам бе ))
Што се однесува пак до нештата кои ги сакам и допрва треба да ги освојам, тогаш не дека се откажувам лесно, туку едноставно лесно го губам интересот за нив, а понатаму веќе апсурдно е да се борам кога и онака веќе не ги сакам. Значи брзо се загревувам за нешто, но доколку за кратко време не го добијам тоа тогаш уште побрзо и се ладам и си наоѓам нови интереси. А ако навистина го сакам нештото, нема теоретски ни практични ни никакви шанси да се откажам (само што ретки се тие нешта кои толку силно ги посакувам )) )
никогаш! Its not in my nature...кога ќе зацртам нешто, посебно ако е нешто многу важно секогаш го истерувам до крај. секако ова важи во позитивна насока за конструктивни нешта, ама не за животни ситуации кои би повредиле луѓе, не се водам по полисата - целта ги оправдува средствата. Среќата на луѓето ми е побитна од се. јас сум хедонист не садист :smir:
Не бе брате, НЕ! Ја сум решил дека така ке биде и крај(ако е нешо битно). Некат и претерувам со инает, али на крај ке си го добијам своето! Едино ако стварно банално или ме мрзи ке попуштам!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.