А твојот сон идеа објаснување мислење (ако имаш) од кого се нарачани? Моето мислење нарачано од Ротшилд, а твоито не е американофобија!?.... Навистина? А бе ај не кажуј вакви работи!

Истото (што прашуваш) би можел и ти да ни го објасниш, не во десет реченици, во сто и десет ако сакаш
зошто на пример другите не го направија тоа?
И зошто, само богатите се негативци? Само тие убиваа? Само тие пљачкаа? Ха-хахах смешки! Па тие се дечја мала сипаница, во однос на жртвите на Кина и жртвите и грабежите на Русија!.... Ама тие овдека не се битни и не се бројат! Ете и на жртвите Шпанија реков, која БТВ е одамна ‘‘тапа‘‘ од држава, а и денес гледаме е скоро на колена! Ако беше убивањето правопропорционално со богатство на Светот, значи по жртвите и грабежите, па овие набројаните ќе беа далеко пред Америка! .....Од друга страна, навистина, зошто другите немаат Тесли и Едисони, Маркони, научници од светски ков...зошто другите не направија најквалитетно образование, надобри услови за научниците, зошто другите немаат највеќе изуми?.... зошто другите не ги собраа милијардерите? Зошто Сергеј Брин не го направи Гугл во Русија? Џобс не го направи Ејпл во Мароко? (не е од таму ама од некоја арапска земја беше, еве зошто не во Мароко на пример!? или во Португалија, Шпанија).... Многу логично прашање нели? Зошто сите одат во САД Англија Канада, Австралија, Германија, Скандинавија!? Зошто богатите Кинезите го преместива капиталот од Хонг Конг во Ванкувер и во Сан Франциско...
И тоа не од вчера или завчера... тоа е 100-200 години е така!
Јас реков што мислам дека е причина за нивниот успех...имаат вери ефектив систем! Први направија државата како современо организирано општество, наметнаа стил на живеење, култура, вредности, мода, тренд, ја обележаа епохата..... и тн. Први направија регулативи и воглавно се придржуваат на истите, парламенти, устави стари по 300 години, поделба на власта на законодавна извршна судска, потоа пазарна економија и слободен пазар кој функционира исто толку долго .... нема тука тајни уште помалку магии како што некој сака да прикаже, има само однос кон работата, висока организација, квалитетно образование, техничко-технолошки развој, смисол за бизнис и развој на пазарот и демократијата....КАЖИ МИ ЕДНА ОД ОВИЕ РАБОТИ ДАЛИ ИМАМЕ НИЕ ДЕНЕС РЕШЕНО ОДРАБОТЕНО... просечно, малку, скромно барем малку немора квалитетно и темелно, нешто од она што го набројав, што тие го имаат решено пред 200-300 години, проблематики кои за нив се рутина и за кои воопшто не расправаат, ама само една да имаме решено ние, или некоја друга држава на Балканот...... А сето тоа го направи протестантскиот модалитет на управување и создавање на слободна економија, ефикасна власт, евтина држава со мала ефикасна администрација, со фантастичен сенс за приоритети, со одлично образование, услови за развој на науката....и тн. А ние сто години у блато до гуша ќе филозофираме како тоа насилнички го прават со измами и крадење на туѓи ресурси, штампање пари..... и ќе фрламе дрва и камења по нив со презир и омраза и оправдување за нашата беда..... некои одат дотаму и ги нарекуваат педери и педофили (како да ги немаме ние истите!? смешки бре у боја!)....Го правиме тоа неуспевајки со децении ни еден камен во темелот држава да поставиме како што треба, не успевајки еден квалитетен бренд, производ да направиме. Се мразиме самите себе, својата нација, државата...Сите! И богатите и сиротиња! Сите кукаме..... Само злоба и завист, види познато е дека нас не ни треба чувар на казанот во пеколот, ние сами го чуваме, нас не ни треба некоја водичка или магија на Ирокезите.... и бездруго сме магепсани и затупени до бесвест и реков СО ГЕНЕРАЦИИ! Живееме во конфликти постојано! Не со другите, тоа не е толку страшно! Конфликти самите со себе. Лутаме ко муви обезглавени, незнаеме што сакаме....И постојано наоѓаме изговор причини за нашата беда (кои обично лоцираме дека доаѓаат од понадвор), вака било или онака било, ова или она ни пречи, бил Турчин овде 5 века, бил начмиш, сме се бореле ние, додека они уживале. Не мрзат нас Словените, те не мрзат нас античките, постари од амеби, не мразат зашто сме дале писменост и религија на пола Европа, го мразат Православието...и тн..... БОЛШИТ! .... а никој нема да се запраша зошто се случува една Данска на пример со 7 милиони да прави годишно производ во износ од 350 милијарди, Шведска со 9 мил жители, 550 милијарди....а Србија со толку 7-8 милиони жители, едвај 35 милијарди.... Зошто Литванија со 2,8 милиони, која пред две децении излезе од полу-робство со руинирана економија прави денес 60 милијарди, ние со 2 милиони едвај 7-8 млд.... Зошто со Маршаловиот план Американците парите ги распределива во Германија и Јапонија, а не кај нас на пример или не во Грција, Португалија.... нас секогаш некој ќе ни биде крив и ќе бараме оправдување во тоа дека тие не воделе војни, не биле под Турчинот .... или имале Вуду или незнам каква магија од индијанците па биле побогати од нас.... Или она што највеќе ми се допаѓа Америка е виновна за нашата беда! Вечниот негативец! Нив, споменатите богати економии Сем ги сака, а нас не мрзи. Не мрзи затоа што сме опасност големаааа за Анкл Сем и економска и воена..... ха-хахахаха со векови веќе истото па истото се вергла! Или и тоа е Ротшилдова приказна? Не, тоа е реалност! Државиве постојат успешни се и тоа со векови... ФАКТ!
Тоа е друже.... а ти ако имаш друго мислење објаснување зошто другите не ги прибраа Алвите и Теслите .... туку како држави 200 години си останаа меѓу нечија наковална и чекан со филозофии и демагогии и чуство дека секогаш другиот е виновен .... а ти повели кажи си. Да и за БДП-јата на земјиве би било интерено да се прокоментира!..... Најверојатно причина за тоа се одамна исклучените ХАРП антени кои иако исклучени делуваат на нас Балканците да си останеме сиротиња у Бога која је*е једно другога, а технологија нели ја измислил Тесла, па затоа ние трпиме да не зрачат исклучени уреди, нема смисла па наш чоек, земјак Тесла!.... Или можеби причина за нашата беда се зголемените сончевите ерупции (кои најверојатно само на нас влијаат) за кои говореше и се бавеше со наука истражуваше и македонскиот научник од Дебор инаку професор на универзитетот Сорбона и директор на Париската опсерваторија некој период, Паскал С .... навистина зошто тој отиде таму да професорува да се бави со наука таму, подобро ќе му беше овде да останеше!?
Ќе пасеше овци како тесла во Лика! И двајцата ќе завршева така....
Штета, измамен и тој како и Тесла од Ротшилдови и Рокефелери!

Но изгледа многу корисно за човештвото нели така!? Особено од трудот и делото на Личанецот!
Многу е едноставен одговорот!.....Но. да ја чуеме твојата вистина и да процениме ако не од Ротшилдови тогаш од кого тоа е твојата 95% ‘‘вистина‘‘ нарачана!?