Поентата со темата ми беше да коментираме за светската рецесија, а примерот на УСА за вработеноста и растот на ЏДП-то од 3% на Германија на Англија, Франција.... како показатели за излез од неа. Но ОК. како и да е.
....Да, и пишува на Доларот: This note is legal tender for all debts public and private.

А знаеме ли дека, еве како куриозитет најсилната економија на денешницава како почнала? Како е создадена? Да се присетиме: Не е тоа ветена земја со неограничени ресурси како што се мисли, кога би била таква, тогаш би била населена порано нели!?...
Првите иселеници во Америка се верска секта, кои мислеле дека општествата во Европа се неправедни, дека се тоа општества на екплоатација, нехумани и тн, па се протерани од Англија во Холандија и во градот Лајден, се натовариле на бродови од кој најпознат е ‘‘My Flower‘‘ нели, (малку сиромашната УС хистори) .... Се организирале значи на новиот континент те во денешните САД како секта на братство и еднаквост, со социјално-комунистички начела (заедничка сопственост, заедничка одговорност.... сто години пред Маркс и повеќе од двеста пред Октомвриската Револуција (нели званично учевме, првиот обид за создавање бескласно општество)... не, токму во Америка иселениците, почнале со комунистичкото начелото: секој да работи колку што може а да троши колку што му треба (доктрината на Комунизмот)... но се испоставило после 5-6 години дека таа заедница, дошла пред биолошки опстанок, затоа што сите имале сто, или иљада причини да не работат (кој бил болен, кој бил стар, оној се моли онаа е трудна....) а малкумина да работат....а сите јуришале на казан во кој никој ништо не уфрлал, но после тие 5-6 години на бескласно општество старешината нивни решил, дека така повеќе неможе, те дека ќе требе од колективизам да прејдат во индивидуализам па како една од системските реформи била ‘‘приватизацијата‘‘ те. земјата се подели на жителите... Како ли се викаше оној филм со Том Круз, многу сликовито го покажува тој историски момент, кога ги редат во една редица (стартна линија) сите и со топ даваат старт да тргнат фамилиите да стават знаменце и ја обележат својата маркирана нели од сопственикот, а претходно обележена парцела од старешините... се разбира сите ги барале најубавите, оние блиску до води (реки езера) плодни почви и тн.... при што во борба за подобра позиција доаѓа до вистински колеж газење еден преку друг... и тн... но тоа не е битно, битно е дека во нивната многу поправедна ПРИВАТИЗАЦИЈА направена пред 300 години, од нашава пред 20, почнале сите да работат, да се грижат за својот имот, да создават вишок на вредност, да тргуваат.... да го развиваат својот систем, својата држава до најмоќна економија во светот. Тоа е тој ден на благодарност што секоја година го обележуваат Америте како нац празник ‘‘Thanksgiving Day‘‘ и тој ден јадат мисирка, бидејки тогаш мисирката била најпопуларна таму (а најверојатно и денес е зашто ја маваат и за Божиќ....Значи Америка почнала како секта, а денеска стана гледаме најмоќна империја, најголема економија.
Поентата ми беше дека правењето држава е најсложениот процес во човештвото.... треба 200-300 години да направиш држава, таа се надградува со генерации, се дополнува систематски и темелно се усовршува системот.... на пример како катедралата во Милано која има 7-8 надградби, ја правеле толку генерации, или онаа во Барселона (Света Фамилија) се гради скоро 200 години! Така е граден и најфункционалниот систем досега познат, либерал-капитализмот или како сакате.... 300 години!
А како ние правиме држава, па дури и сите останати на Балканите! Сите ние на овие простори се обидуваме со векови да направиме држава лееме крв за таа држава, во една па во друга војна (за жал воглавно поробувани)... а сега сакајки да го пропуштиме изгубеното, како ние правиме држава!? Па со една метафора, сето тоа ми личи на тоа: како правиме куќа? Во 80% случаи! Ја правиме без план, ја правиме на о-рууук, ја правиме со комшии со роднини... газдата купува гајба пиво, испече прасе... планира секој засебно, копа кој каде ќе стигне тетка кажува копај овде, дедото кажува копај онаму... се прави стихијно, не е никој спремен да плати проект! Да даде некој 400-500 Евра за проект? Ма нема шанси! И так ја прави, прави куќата газда.... и на крај купи најскапоцени талијански плочки, 100 Евра квадрат, или дава за ограда троши 3,000 Евра.... а за 3 години секоја втора плочка му пука! Значи нејзината база планирање темел нечини.... Е токму така ја правиме и ние државава! На урааааа!
И не само државава.... и проектите да речеме. Еве типичен пример. Знае ли некој како изгледа зградата со барокна фасада, онаа над бивша пицерија на Фуфо Дал Мет Фу (денес Пелистер).... од другата страна, од задната страна!? РУИНА (незнам како е на МК) ете така градиме држава. Градиме Потемкинови села, не држава!.... прекинувам сега Аргентина : Босна (би требало интересна утакмица да е)...