Се гледа ли крајот на рецесијата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Околу нафтата би рекол и ова:
Приходите од нафтата се многу битни за светската економија. Земјите кои остваруваат приходи од нафата ( петро-долари ) се главни купувачи на државните обврзници кои ги пласираат богатите земји на финансиските пазари.
Затоа богатите земји се трудат, да во такви земји на власт се режими кои не трошат пари за социјални програми и слично. Најмногу им одговаат режими, каде властодршците на народот не му даваат ништо, туку парите ги ставаат на сметки во странски банки
 
Или ако си САД, да го земеш режимот во свои раце и да си обезбедиш ресурси без да мора да продаваш обврзници на тие земји.
 
Или ако си САД, да го земеш режимот во свои раце и да си обезбедиш ресурси без да мора да продаваш обврзници на тие земји.
Па сега ако се инсистира на оваа тема....Реков: Која нафта? Чија нафта? Каков импут во економијата на САД може да биде Ирачката нафта, која БТВ пред да влезат таму, половината од одеше за Франција, сега тие (Французите) сигурно не падна во рецесија поради тоа што Америте им го земаа енергенсот нафта од Ирак, тоа е сигурно!.... а она САД што го добиваат од Ирак како ресурс (енергенс) реков дека на Пентагон и УС Арми, ни за тоалетна не им стасува. Сепак мислам дека Американците десеткратно повеќе одколку од нафтата и другите ресурси, со вакви локални судири профитираат од оружјето продавајки на евроските земји и оние нивни сојузници кои гравитираат према Ирак да речеме (Турција, Израел... и тн) за да еден ден и со нив не се случи вакво нешто, бидејки знаеме дека Садам фарбаше карти на Европа во зелена боја: https://www.youtube.com/watch?v=vxqOedvOSRQ .... е па да не се случи вакво нешто на поразвиените економии особено оние што не се иста религија, е тоа како умешно го користи анкл Сем, продавајки им оружје со што профитира, а секако најмалку може да профитира со ресурсите на Авганистан или Ирак.... или недај Боже да бидат значаен импут во УС економија. Од друга страна пак ни таа продажба на оружје е некоја битна ставка во американскиот експорт.

Но како што инсистирав и како е редот (ова е потфорум за економија нели) .. кога се инсистира на тезата за богатење на некои земји (ете САД на пример) врз база на колонијализам и локални војни, користење на туѓи ресурси... многу би ме интересирало како тоа се обогатија и направија така стабилни цврсти економии Данска на пример, која што има 5,5 милиони жители, нема никакви (или ограничени ресурси) а има ГДП од 350 милијарди, за разлика од Србија која има 7,2 милиони, а свега 34-35 милијарди $ GDP. Или Шведска која не е многу побројна од Србија изработува годишно 530 милијарди БДП.... Кои земји овие ги окупираа овие? Чии ресурси експлоатираат? Е истиот одговор ако не со 100% сигурност, тогаш бар со 90% важи за САД... САД Шведска, Данска, Финска.... се најразвиени или меѓу најразвиените економии во Светот, затоа што го имаат најдобриот производ, а тоа е државата.... сакале ние да признаеме или не, ама сите економски теории и показатели го кажуваат тоа! Реков предходно и пак ќе повторам... САД се смета за држава со најголема демократија но и најдолги пендреци на полицијата....но од 10 најквалитетни светски универзитети според Шангајската листа 9 се нивни, 7-8 од 10 нобеловци од природните науки последниве 100 години повторно нивни, 6-7 од 10 изуми кои го обележаа Светот, епохата, технолошките револуции се нивни, 7-8 од највредните светски брендови денес и последниве 70-тина години се нивни!...... Тоа производство создава долгорочно: вишок на вредност, акумулација,развој.... ништо друго не прави ни краткорочно а камо ли подолгорочно!.... Уништување цивилизации и пљачкосување секако не. Докази за тоа се древната Македонија и уште потипичен пример Шпанија во времето на Кортес кој го украде целото злато на Монтезума и го однесе во својата држава.... во држава која пред тоа била економски најмоќна (Шпанија) се влеава стотици иљадници тони злато,а тие Шпанците пропаднале..... и така најмоќната Шпанија се срушила како кула од карти за помалку од деценија станале беда од држава.... тоа го знаат Америте и засега барем не ја прават таа грешка.... Да. окупираат, да војуваат, убиваат..... ја раздвижуваат својата воена машинерија.... но владеат повеќе од стравот на пријателите, отколку од ресурсите и енергенсите на непријателите верувај дека е така!
А ние (и Балканот цел генерално) ќе си живееме и натаму во убедување дека тие некои таму се богати само од пљачкосување и колонијализам. Ете наведов неколку економии (Данска, Шведска, Финска, Швајцарска....) кои никого ниту експлоатирале ниту самите имаат ресурси! Како тоа тие можат да бидат развиени без тоа, а америка за да биде богата морала да ги ‘‘јаде‘‘ ресурсите на другите!?... не ќе да е така. Имаат реков за разлика од нас и целиот Балкан (кои само се курчиме со некоја античка или средновековна историја) имаат значи тие квалитетен производ - држава, која ја градат и надградуваат 300 години (европските демократии и повеќе).... знаеме уште од Платон дека нема совршена, па не е ни нивната, но поквалитетен производ Светот засега барем нема видено!
И да и тоа! Па не се бават тие како нас со превари во ѕидањето на ГДП-то (како ние со градежништвото).... па затоа сметам дека растот на најсилните економии е добар знак за излез од рецесијата. Ваква слика (Јапан +2,7, УСА +2, Британија +3, Германија +2,3 Франција скоро кец.... Полска +3,1 Унгарија +3 БРИК да не ги спомнувам.... одамна не е постигнат. Ќе видиме дали ќе продолжи трендот.... сепак еден квартал не е доволен показател.
 
Последно уредено:
Која е тогаш причинита САД да води војна со голем број на источни земји? Или и ти си поборник како нив за демократија во светот. Зашто американците би трошеле свои средства за да воспостави ред во друга земја. Другар бре, тие ти се најголеми манипулатори. Зар не гледаш дека кој претседател да дојде секој ја води истата политика на војна. Од 2-те светски војни, па навака се прават затоа што некој има финансиска корист од нив. А кој е тоа? Сите знаеме нели? Ти кажам секој голем раст на нивната економија е последица на војна. Остави ги ти скандинавските земји, тие не ни влегоа во криза, така што нема од што да излезат.
 
Мислам дека бев јасен. Водат војни за да им продадат повеќе оружје на своите сојузници, уште повеќе за геостратешка предност пред Русија и Кина и да се курчат (повеќе за домашни потреби) кој е главен...и најповеќе, плашејки го својот народ со непријатели, да го зголемат својот воен буџет од 400 на само 1,400 милијарди. Така им се сонило (многу природно нели!?) на некои могул-генерали, некое воено лоби, за да заработат појке! Да го зголемат буџетот, да ја раздвижат воената индустрија и со тоа да заработат нивните компании. Дик Чејни ми се чини еден од нив како и други Дик-хедови.... А даночните обврзници ќе плаќаат. Реков, сепак нема совршен систем! Тоа се најголемите причини за водењето војни... но најмалку водат војни за да ги користат ресурсите на окупираната земја. Па тоа од 19 век навака веќе не се прави! Барем не долгорочно! Пардон! Единствено тоа го направи СССР и што направи? 40 г. ги молзеше своите сателити, највеќе нивните ресурси, за да се распадне на крај, со руинирана неефикасна економија ... така не се прави економија на долги патеки! Тоа е неиздржлив систем....
Затоа велам растот на економијата на САД неможе да биде последица на водење војни, те од користење на туѓи ресурси! Реков во претходниот меил зошто и како и за значењето на ресурсите од споменатите земји под окупација (Авганистан Ирак... ) за бенефитот на Америка и нејзината економија, па мислам дека сликовито го објаснив - толку колку за покривање на трошокот за тоалетна на УС Армија.
Тие не живеат како нас Балканците од имплозија (од смалување) не се иселуваат од таму луѓето... се вселува и латино амерички, афрички и европски шлајм, ама и многу од најбогатите и најголемите могули со тешки милијарди во џебот инвестираат.... па кинезите во С. Франциско градат во моментов преку 80 кули повисоки од 60 ката.... врие руски милијардери таму, индуси, европски, азиски - светски! Ги собраа најголемите мозоци на 19-20 век. И денес го прават тоа (иноватори, научници, професори) па бизнисмени, милијардери.... Имаат корупција имаат протекционизам, но тоа го има секаде и во високоморалната Јапонија дури, да има, но имаат регулатива, тоа кај нив е аномалија, криминал, девијантна појава....а не стил на живеење како што е тука. Имаат и регулатива кој го спречува тоа, но и систем кој дава можности за успех... волку толку 40-50 компании од 100 ќе успеат таму, овдека знаеме колку успеваат, како успеваат и кои успеваат да работат и профитираат....Тоа е економски систем кој дава можности, втемелен на пазарна економија, слободен пазар, јак банкарски систем, силни регулативи....систем кој дава можност за успех ајде ако не на секого тогаш на многумина, на способните.... системот не им е заснован 90% на РАСПРЕДЕЛБА и РЕДИСТРИБУЦИЈА, како што е случајот на Балканот, особено кај нас и во Србија.... ете затоа е Америка богата и затоа земјите на Бенелукс или Скандинавија, иако се колку Србија по големина прават за разлика од неа, (која има едвај 35млд ГДП) по 400-500 милијарди.... исто е тоа со САД верувај, или со помали варијации! И скандинавциве живеат од извоз на оружје.... Шведска на пример со 8 милиони, па сразмерно бројот на жители можеби и од Америка повеќе извезува оружје, но реков не е се до оружјето уште помалку до војните... најдобриот нивни производ е државата! Те системот - протестантскиот модалитет, протестантската филозофија, нивниот бизнис морал, перцепција и однос кон работата, организираност, концепција.... Систем најефикасен до денес.
 
_Rocky_ i Dr Zmigo dokolku ne ste gi gledale dokumentarcive Arivals, Obama deception, Fall of the Republic, Zeitgeist, Zeitgeist Addendum.vi predlagam da gi pogledate zasto mislam deka mnogu jasno ke vi se iskristaliziraat rabotive sto gi diskutirate. Pozzz
 
Имам гледано некој од нив иако не сите. Секако секој од нас има свои ставови кои не може да се многу различни иако овде ги дебатираме од проста причина што постојат повеќе причини за ваквата поставеност на политиката и економијата како во САД така и во цел свет, па со оглед на тоа било кое стојалиште си има свои позитивности и негативности. Иако сеуште тврдам дека САД се повеќе политички и воено силни и како такви диктираат своја политика, а економски секако се силни, ама ни оддалеку не се она што биле пред некое време. Среќа што го имаат доларот како валута бр.1 во светот и што секоја година го зголемуваат лимитот за задолжување.
 
Поентата со темата ми беше да коментираме за светската рецесија, а примерот на УСА за вработеноста и растот на ЏДП-то од 3% на Германија на Англија, Франција.... како показатели за излез од неа. Но ОК. како и да е.
....Да, и пишува на Доларот: This note is legal tender for all debts public and private. ;)
А знаеме ли дека, еве како куриозитет најсилната економија на денешницава како почнала? Како е создадена? Да се присетиме: Не е тоа ветена земја со неограничени ресурси како што се мисли, кога би била таква, тогаш би била населена порано нели!?...
Првите иселеници во Америка се верска секта, кои мислеле дека општествата во Европа се неправедни, дека се тоа општества на екплоатација, нехумани и тн, па се протерани од Англија во Холандија и во градот Лајден, се натовариле на бродови од кој најпознат е ‘‘My Flower‘‘ нели, (малку сиромашната УС хистори) .... Се организирале значи на новиот континент те во денешните САД како секта на братство и еднаквост, со социјално-комунистички начела (заедничка сопственост, заедничка одговорност.... сто години пред Маркс и повеќе од двеста пред Октомвриската Револуција (нели званично учевме, првиот обид за создавање бескласно општество)... не, токму во Америка иселениците, почнале со комунистичкото начелото: секој да работи колку што може а да троши колку што му треба (доктрината на Комунизмот)... но се испоставило после 5-6 години дека таа заедница, дошла пред биолошки опстанок, затоа што сите имале сто, или иљада причини да не работат (кој бил болен, кој бил стар, оној се моли онаа е трудна....) а малкумина да работат....а сите јуришале на казан во кој никој ништо не уфрлал, но после тие 5-6 години на бескласно општество старешината нивни решил, дека така повеќе неможе, те дека ќе требе од колективизам да прејдат во индивидуализам па како една од системските реформи била ‘‘приватизацијата‘‘ те. земјата се подели на жителите... Како ли се викаше оној филм со Том Круз, многу сликовито го покажува тој историски момент, кога ги редат во една редица (стартна линија) сите и со топ даваат старт да тргнат фамилиите да стават знаменце и ја обележат својата маркирана нели од сопственикот, а претходно обележена парцела од старешините... се разбира сите ги барале најубавите, оние блиску до води (реки езера) плодни почви и тн.... при што во борба за подобра позиција доаѓа до вистински колеж газење еден преку друг... и тн... но тоа не е битно, битно е дека во нивната многу поправедна ПРИВАТИЗАЦИЈА направена пред 300 години, од нашава пред 20, почнале сите да работат, да се грижат за својот имот, да создават вишок на вредност, да тргуваат.... да го развиваат својот систем, својата држава до најмоќна економија во светот. Тоа е тој ден на благодарност што секоја година го обележуваат Америте како нац празник ‘‘Thanksgiving Day‘‘ и тој ден јадат мисирка, бидејки тогаш мисирката била најпопуларна таму (а најверојатно и денес е зашто ја маваат и за Божиќ....Значи Америка почнала како секта, а денеска стана гледаме најмоќна империја, најголема економија.
Поентата ми беше дека правењето држава е најсложениот процес во човештвото.... треба 200-300 години да направиш држава, таа се надградува со генерации, се дополнува систематски и темелно се усовршува системот.... на пример како катедралата во Милано која има 7-8 надградби, ја правеле толку генерации, или онаа во Барселона (Света Фамилија) се гради скоро 200 години! Така е граден и најфункционалниот систем досега познат, либерал-капитализмот или како сакате.... 300 години!
А како ние правиме држава, па дури и сите останати на Балканите! Сите ние на овие простори се обидуваме со векови да направиме држава лееме крв за таа држава, во една па во друга војна (за жал воглавно поробувани)... а сега сакајки да го пропуштиме изгубеното, како ние правиме држава!? Па со една метафора, сето тоа ми личи на тоа: како правиме куќа? Во 80% случаи! Ја правиме без план, ја правиме на о-рууук, ја правиме со комшии со роднини... газдата купува гајба пиво, испече прасе... планира секој засебно, копа кој каде ќе стигне тетка кажува копај овде, дедото кажува копај онаму... се прави стихијно, не е никој спремен да плати проект! Да даде некој 400-500 Евра за проект? Ма нема шанси! И так ја прави, прави куќата газда.... и на крај купи најскапоцени талијански плочки, 100 Евра квадрат, или дава за ограда троши 3,000 Евра.... а за 3 години секоја втора плочка му пука! Значи нејзината база планирање темел нечини.... Е токму така ја правиме и ние државава! На урааааа!
И не само државава.... и проектите да речеме. Еве типичен пример. Знае ли некој како изгледа зградата со барокна фасада, онаа над бивша пицерија на Фуфо Дал Мет Фу (денес Пелистер).... од другата страна, од задната страна!? РУИНА (незнам како е на МК) ете така градиме држава. Градиме Потемкинови села, не држава!.... прекинувам сега Аргентина : Босна (би требало интересна утакмица да е)... :P
 
Последно уредено:
Добро тоа со градењето на држава е веќе друга тематика, а тоа како процес што се одвивал на запад кај нас ни како поим нема да биде познато уште многу. Да се навратиме на темата, кризата според мене не е завршена (доказ новото намалување на каматната стапка на ЕЦБ) туку сега за сега е под килим. Не верувам дека ќе има повторно големи падови туку долго и болно заздравување на економиите на погодените земји, пред се земјите од перферна Европа.
 
Rocky гледам дека се разбираш во тематикава, стручни и аргументирани постови имаш ги читав и на другите теми за економија (мислам на темата за емигрирање беше или нема везе, важно ми се виде доста стручна твојата аргументација)... па би те запрашал: Мислиш дека и тие (најразвиените економии) пумпаат некој балон (глумат излез за домашни потреби можеби) како што Грујо го билда ГДП-то со градежништвото!?..... Зошто мислиш дека не се доволен индикатор за излез од рецедијата: растот на ГДП-то во најсилните економии, особено во последиот квартал (рековме нели: САД +2, Јапонија +2,7 (овие пак http://www.tportal.hr/vijesti/bizni...oljska-ubrzale-rast-BDP-a-Europske-unije.html за Јапонија велат фантастични +5,9%!), Германија +2,3, Англија +3... Италија потфрлила, но мал минус -0,5, како и лузерската Шпанија (исто -0,5) Но затоа не така мали економии со добар плус Полска +3,1 Унгарија +3, па сиромашната, но 23 милионската Романија дури +3,8% како успеава толкав раст, како членка на ЕУ (најверојатно на тој пазар и 80% извезуваат!?) Ете и како периферна држава на унијата, Романија гледаме прави добри резултати (да се присетиме https://www.google.com/webhp?source=search_app&gws_rd=ssl#q=romania gdp 2000-та нивниот ГДП бил во износ од 50 млд, а 2008 значи пред кризата, како членка на ЕУ достигнале 200!, потоа имаат пад како и сите, за да првиот квартал 2014 постигнат извонредни +3,8) .... понатаму она што го наведов на почетокот на темава насловено како ‘‘крајот на најстрашниот графикон‘‘.... те враќањето на сите работни места во САД загубени во рецесијата....Ете читаме (неформално) и Германија има побарување од 50-60,000 работни места и тн и тн. Ова последново реков неизвесно многу и да се земе со резерва, бидејки порталиве сешто пишуваат за да добијат читаност.... Зарем не се ова макроекономски индикатори (кои како тренд се надевам и понатаму ќе продолжи, значи раст на ГДП-то и пораст на вработувањето) со кои барем се назира на излезот од рецесијава!?
 
Dr Zmigo...ме изненадуваш.., ни раскажа овде една пасторална американска сторија за тоа дека "комунизмот"(читај социјализам, социјална држава) е една ѓаволска направија која ни под разно не може да функционира;)
Па продолжи со некаква приватизација на земјата од страна на некакви невини, наивни , богобојажливи дојденци.., бегачи од неправда, злоба и неморал... земја која НЕ БИЛА НИВНА, туку си имала сајбии кои никој ништо не ги прашал пред да ги убие, за да почнат сите да работат, да се грижат за својот имот, да создават вишок на вредност, да тргуваат.... да го развиваат својот систем, својата држава до најмоќна економија во светот.
Се зезаш, нормално... нели???:vozbud:
 
Не, нималку не се зезам.... а она дека криминалци робијаши и маргиналци ги колонизирале Америка и Австралија и направија најмоќни економии од тие држави со највисок стандард е само една голема иронија за нас, кои сме нели со многу побогата историја, многу поразвиена цивилизација и свест!.... А за тоа колку тие во Северна за Индијанците, како и конквистадорите во Јужна биле крвници и убивале едните индијанци другите Инки пред 500-600 години па приграбувајки од нивното злато се обогатиле и се денес најбогати.... ми се повраќа да ти кажам право. Па што правеле племињата во Европа? Што правеле Римјаните пред 2,000-2500 години, што правеле Византијците до пред 1000, Хуните и Волгарите пред 700-800 години? Па и Словените нели, потоа Турците пред 500.... Па сите тие убивале, приграбувале, пљачкале, се богателе.... но никој од нив од тоа не станал, или ако моментално станал не останал долгорочно богат. Еве ќе ти го посочам примерот на Шпанија, која нели како робијашине во северна, тие 100-тина години пред нив мамето му го расплакале на Монтезума и на Инките, ги уништиле сосема! Значи некаде во 14 век ја имаме најмоќната европска држава која владеела од Амстердам до Гибралтар нели Шпанија.... многу моќна држава и економски и политички а најмногу воено..... која што имала техничка база па ги правела најголемите бродови, најмоќното оружје тогаш, најострите сабји, најцврстите штитови и оклопи....
Го освоиле Мексико реков, па почнало да стига злато во Шпанија на стотици тони иљада можеби.... па ја преплавиле Шпанија со злато! Со кое што злато би требало нели да ја зголемат својата моќ... но што се случило? Во тогаш главниот нивни град Бургос, се правеле статистики па се утврдувала состојбата во цела Шпанија. Пред да се донесе тоа злато државата како социјална структура имала: Толку и толку ковачи, оружари, толку земјоделци, текстилци..... толку и толку војници толку и толку идалгоси.... во тоа време како најмоќна држава Шпанија ја превзела денешната улога на САД, како производител и извозник на најсофистицирано оружје нели ;).... Но што се случува? Стига златото од Америка. Го убиваат Монтезума, му го земаат целото злато, галии полни со злато стигаат во Шпанија.... и што се следи потоа? Па не само што цените се дигнале во небо.... и ништо повеќе не се исплатело да се работи во Бургос, ниту во цела Шпанија, златото надира како инпут во нивната економија.... а противтежа на златото е робата, што повеќе злато тоа поскапи цените. Само за сто години потоа Шпанија се срушила како најмоќна држава! По сто години во шпанија немало повеќе ковачи, оружари, текстилот никој не го работел, земјоделието исто така. Престанале нели да прават најголеми кораби, најсофистицирани оружја, најмоќни оклопи.... сите сакале да лежат и да уживат, да бидат Идалгоси или Попови, никој несакал да работи! Лези лебу да те једем! Има злато, ќе купиме од други, а кога немало други, ќе увеземе од Холандија, Франција Англија (а последнава некој век потоа и ебал мамката!).... Направиле тогаш катедрала со олтар од 100 тона злато, а немало кој да ја окречи....И Шпанија пропаднала! Значи нимало фајде од приграбеното, ор ресурсите и богатството на Ј. Америка.... те проклетство ги снашло од ресурсите на ограбената држава, проклетството од Монтезума и уништената цивилизација.... или проклетство на неработењето, на непретприемчивоста, на креативноста, на мислењето....
Држава неможе да се обогати од ресурсите освоени во војна, држава неможе да се обогати од огромен прилив на богатство, ниту да напредува долгорочно.... тоа на повеќето барем им е јасно! Дури и на Тито како да му стана јасно (ама доцна), поучен од Кинезите: Ја вам нечу дати рибу, веч чу да вас научим да ловите рибу!
Ловењето те умеењето вештината, системот, организацијата..... е тајната на богатењето, сакале ние да признаеме или не.... а не приграбувањето туѓи ресурси. А оние митови за геноцидни нации и нации на криминалци.... фрли го каменот на оние кои тоа не се! ;)
Нема такви!
 
Последно уредено:
Rocky гледам дека се разбираш во тематикава, стручни и аргументирани постови имаш ги читав и на другите теми за економија (мислам на темата за емигрирање беше или нема везе, важно ми се виде доста стручна твојата аргументација)... па би те запрашал: Мислиш дека и тие (најразвиените економии) пумпаат некој балон (глумат излез за домашни потреби можеби) како што Грујо го билда ГДП-то со градежништвото!?..... Зошто мислиш дека не се доволен индикатор за излез од рецедијата: растот на ГДП-то во најсилните економии, особено во последиот квартал (рековме нели: САД +2, Јапонија +2,7 (овие пак http://www.tportal.hr/vijesti/bizni...oljska-ubrzale-rast-BDP-a-Europske-unije.html за Јапонија велат фантастични +5,9%!), Германија +2,3, Англија +3... Италија потфрлила, но мал минус -0,5, како и лузерската Шпанија (исто -0,5) Но затоа не така мали економии со добар плус Полска +3,1 Унгарија +3, па сиромашната, но 23 милионската Романија дури +3,8% како успеава толкав раст, како членка на ЕУ (најверојатно на тој пазар и 80% извезуваат!?) Ете и како периферна држава на унијата, Романија гледаме прави добри резултати (да се присетиме https://www.google.com/webhp?source=search_app&gws_rd=ssl#q=romania gdp 2000-та нивниот ГДП бил во износ од 50 млд, а 2008 значи пред кризата, како членка на ЕУ достигнале 200!, потоа имаат пад како и сите, за да првиот квартал 2014 постигнат извонредни +3,8) .... понатаму она што го наведов на почетокот на темава насловено како ‘‘крајот на најстрашниот графикон‘‘.... те враќањето на сите работни места во САД загубени во рецесијата....Ете читаме (неформално) и Германија има побарување од 50-60,000 работни места и тн и тн. Ова последново реков неизвесно многу и да се земе со резерва, бидејки порталиве сешто пишуваат за да добијат читаност.... Зарем не се ова макроекономски индикатори (кои како тренд се надевам и понатаму ќе продолжи, значи раст на ГДП-то и пораст на вработувањето) со кои барем се назира на излезот од рецесијава!?

Растот на БДП сам по себе е важен индикатор за кондицијата на една економија, но не треба да се зема како единствен показател. Тука имаме и показатели како бруто национален доход - GNI и бруто национален расположлив доход- GNDI, индустриско производство (јаз помеѓу вкупниот капацитет и искористениот капацитет), БДП јаз (разлика помеѓу потенцијалниот и остварениот БДП). Некој од овие земји имаа повеќегодишен пад на БДП од неколку проценти поени, така да овој раст не е неочекуван. Дали пумпаат нов балон веќе се збори на големо ако го земеш фактот дека светските берзански индекси достигнаа рекорди, а централните банки ги набилдаа билансите. Заздравувањето ќе почне. Ќе се намалат долговите на грбот на работниците (широката народна маса) и на нивните заштеди. Најважниот графикон е овој:
RuwWdKI.jpg

За Македонија се нервирам да зборам. Кај нас се се сведува на манипулација со факти и бројки што е навистина срамно.
 
За ова мислиш? ГИНИ-Фактор? http://en.wikipedia.org/wiki/Gini_coefficient зборуваше Гошев за него во еден интервју, како коефициент на еднаквост.... ако добро го разбрав параметар на UN за таа проблематика, на кој работеле најголемите економисти на денешницава (Штиглиц, Кругман...)... и според тој ГИНИ фактор за 10 години со сите успеси на владите (особено на последната која ‘‘ОСТВАРУВА‘‘ (вработува нели носи странски гринфилди, прави + ГДП....) сме успеале да се паднеме од 64-то на 79-то место.... а како споредба Албанија која пред толку години била пласирана над 100-то, сега е подобро пласирана од нас....
А ете и растот на берзите (кое заборавив да го споменам) заедно со намалувањето на невработеноста и растот на ГДП-то, мене ми се чинат добри знаци за опоравок на економиите и излез....а ти велиш можно е да е некој балон, кога веќе индустриското производство паѓа....!?
 
Не, нималку не се зезам.... а она дека криминалци робијаши и маргиналци ги колонизирале Америка и Австралија и направија најмоќни економии од тие држави со највисок стандард е само една голема иронија за нас, кои сме до побогата историја, као поразвиена цивилизација и свест!.... А за тоа колку тие во Северна, како и конквистадорите во Јужна биле крвници и убивале индијанци или Инки пред 500-600 години па приграбувајки од нивното злато се обогатиле и се денес најбогати.... ми се повраќа да ти кажам право. Па што правеле племињата во Европа? Што правеле Римјаните пред 2,000 години, што правеле Византијците пред 1000 Хуните пред 700-800 години? Па и Словените нели, па Турците пред 500.... Па сите тие убивале, приграбувале се богателе.... но никој од нив од тоа не станал, или ако моментално станал не останал долгорочно богат. Еве ќе ти го посочам примерот на Шпанија, која нели како робијашине во северна, тие 100-тина години пред нив мамето му го расплакале на Монтезума и на Инките, ги уништиле сосема! Значи некаде во 14 век ја имаме најмоќната европска држава која владеела од Амстердам до Гибралтар нели Шпанија.... значи моќна држава, која што имала техничка база па ги правела најголемите бродови, најмоќното оружје тогаш најострите сабји, најцврстите штитови и оклопи.... го освоиле Мексико реков па почнало да стига злато во Шпанија на стотици тони иљада можеби.... па ја преплавиле Шпанија со злато! Со што би требало нели да ја зголемат својата моќ... а што се случило? Во тогаш главниот нивни град Бургос нели, се правеле статистики па се утврдувала состојбата во цела Шпанија пред да се донесе тоа злато како социјална структура имала: Толку и толку ковачи, оружари, толку и толку војници толку и толку идалгоси.... во тоа време како најмоќна држава Шпанија ја превзела денешната улога на УСА како производител и извозник на најсофистицирано оружје нели ;).... Но што се случува? Стига златото од Америка, го убиваат Монтезума, му го земаат целото злато, галии полни со злато стигаат во Шпанија.... и што се случило потоа? Па не само што цените се дигнале во небо.... и ништо повеќе не се исплатело да се работи во Бургос, ниту во цела Шпанија..... златото надира како инпут во нивната економија.... а противтежа на златото е робата, што повеќе злато тоа поскапи цените. Само за сто години по тоа Шпанија се срушила како најмоќна држава! По сто години во шпанија немало повеќе ковачи, оружари, текстилот никој не го работел, земјоделието исто така Престанале нели да прават најмоќни кораби, најсофистицирани оружја, најмоќни оклопи.... сите сакале да бидат Идалгоси или Попови, никој несакал да работи! Лези лебу да те једем! Има злато, ќе купиме од Холандија, Франција.... Направиле катедрала со 100 тона злато, а немало кој да ја окречи....И Шпанија пропаднала! Значи нимало фајде од приграбеното, ор ресурсите и богатството на Ј. Америка.... те проклетство ги снашло од ресурсите на ограбената држава, проклетството од Монтезума и уништената цивилизација....
Држава неможе да се обогати од ресурсите освоени во војна, држава неможе да се обогати од огромен прилив на богатство.... тоа на повеќето барем им е јасно! Дури и на Тито, поучен од Кинезите: Ја вам нецу дати рибу, веч чу да вас научим да ловите рибу!
Ловењето те умеењето вештината, системот..... е тајната на богатењето, сакале ние да признаеме или не.... а не приграбувањето туѓи ресурси. А оние митови за геноцидни нации и нации на криминалци.... фрли го каменот на оние кои тоа не се! ;)
...функцијата на " шпанското злато" денес ја има војно индустрискиот комплекс и неговиот производ. А се тоа се базира на фактот што америка , читај УСА, разви огромна таква индустрија благодарение на втората светска војна и далечината од разрушувањата...и го поплави и уште го плави светот со тоа "злато"..при што од сите ја исцица и последната кинта...посебно во игранките подоцна, наречени "ладна војна " и локални пресметки....
..заради тоа ќе наебат ко шпанци илити жути мачори, ако не се свестат. А како ми се гледа нема...;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom