Се е ок, нели?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Многу често така правам. А кога не можам така да направам, се тргам на страна, да не ме гледа никој. И си тагувам на само.

И бидејќи сè тече, сè се менува и сè минува, знам дека и тој тежок период ќе помине. Па тоа ми дава сила да се насмеам и да продолжам понатаму. :helou:
 
Неможам да сокријам кога сум тотална катастрофа.А несакам да бидам лигуш и затоа се затворам дома два до три дена,не комуницирам со никого да не му се истурам некому непотребно.Ако морам во тој период да се движам меѓу луѓе (на работа) тогаш едноставно молчам по цел ден,не разговарам.
Значи колку и да сум силна како карактер,емотивните катастрофи неможам да ги прекријам со насмевка.Затоа и се изолирам,за да не ја покажам слабоста.
 
Сите познаници мислат дека сум младич без проблеми, па не би сакал да ги разочарам:smir:
 
Напротив - кога сум катастрофа - очигледно е.
По природа сум екстровертна личност, отворена, забавна па секоја промена се забележува на моето лице и во моето однесување.
Најчесто најтешките моменти сакам да ги минам сама - затворена во соба - со спуштени ролетни и во кревет ... по неколку дена таков самотнички живот ... огрева сонце во мојата душа и полека станувам на нозе ... добивам надеж за нова борба / нов почеток ... :smir:
 
Дали ми се случило.... хах, да речеш така било ноколку пати..... да ми се случило и тоа речиси секој ден ми се случува...... :( :)
 
Не се преправам. Ако ми е катастрофа ден, се познава. Не гледам причина да кријам. Не е ништо лошо или срамно. На сите им се случува некогаш.
Евентуално, ако работиш со луѓе, нормално дека ќе мораш да им се насмевнеш, ама не значи дека треба да бидеш цело време окезена.
Ако сакам да одглумам дека се` е ок, можам, ама најчесто ако ми е до толку тапа, ич не се замарам како изгледам. Ако некој ме праша нешто и ако не сакам да одговорам, ќе им го кажам тоа. Нареден пат можеби ќе треба да им се извинам, ама би требало да сфатат.
 
A има ли нешто по иритирачко од тоа кога некој близок очигледно не е ок и ти прашуваш зашто не е ок и што му/и е, затоа што ти е битно, а он/а ти вика ништо бе ништо се е ок....:tapp: Ова ме вади од памет.
А иначе за темава незнам сум немал некои ептен шит денови да паѓам у депресии и чуда, ако ме изнервира некој, онда сите ми се криви и ми се познава али брзо поминува така да не е страшно...
 
Денешниов ден тргна многу лошо, прво ми ја откажаа резервацијата за одмор за 1 мај, а и одмор зедов од работа. На работа хаос беше, проблеми на сите страни. Но како што поминува денот си оди и лошото.. се ќе биде ок, се надевам
 
Да, во моментов на пример... во сите сфери нешто се распаѓа, а јас гледам да сум силна и да ги преживеам овие кризи, макар што внатрешно пукам. :unsure:
 
A има ли нешто по иритирачко од тоа кога некој близок очигледно не е ок и ти прашуваш зашто не е ок и што му/и е, затоа што ти е битно, а он/а ти вика ништо бе ништо се е ок....:tapp: Ова ме вади од памет.
А иначе за темава незнам сум немал некои ептен шит денови да паѓам у депресии и чуда, ако ме изнервира некој, онда сите ми се криви и ми се познава али брзо поминува така да не е страшно...

А треба јас да глумам дека сум ок, само за тој некој да не се иритира затоа што не ми е до муабет? Ако некој сака да ти каже, ќе ти каже, ако не, незнам зашто ТИ се иритираш. Очигледно на некој не му е денот и ти уште полош треба да му го направиш? Затоа што ТИ сакаш да знаеш? А и што ако ти каже? Што ако неможеш да го решиш ти тоа што го мачи? Која е поентата да ти каже? За тебе да ти е подобро? :)
Сигурна сум дека и тебе некогаш не ти е до муабет правење, и како ќе ти биде тебе некој да ти поставува прашања цело време?
 
Па некои дури и се ситат или си пукаат сеир после со твојот проблем, дури можеби и ќе го пренесат низ муабети, а ти не сакаш баш сите да знаат за твојата состојба. Остави тоа што не може ни да ти го реши проблемот.
 
Па ноќта е глува и нема, се се одбива од ѕидовите па сфаќаш дека нема кој да те чуе... А утрото, во утрото си го ставаш насмеаното лице, ретко кој низ очите може да ти го препознае пеколот. :)
 
1.А треба јас да глумам дека сум ок, само за тој некој да не се иритира затоа што не ми е до муабет? 2.Ако некој сака да ти каже, ќе ти каже, ако не, незнам зашто ТИ се иритираш. 3.Очигледно на некој не му е денот и ти уште полош треба да му го направиш? 4.Затоа што ТИ сакаш да знаеш? 5.А и што ако ти каже? 6.Што ако неможеш да го решиш ти тоа што го мачи? 7.Која е поентата да ти каже? 8.За тебе да ти е подобро? :)
9.Сигурна сум дека и тебе некогаш не ти е до муабет правење, и како ќе ти биде тебе некој да ти поставува прашања цело време?

1. Па кога веќе си со некој немора да значи дека треба да седиш намуртен/а и да не правиш муабет, незгодна ситуација само по себе доаѓа прашањето „Што ти е“?
2. Па ако сака тој некој/а да НЕ биде прашан ваљда треба да се потруди поуспешно да го прекрие разочарувањето/расположението
3. Зошто полош? Давам знаци на грижа и интерес кон проблемите, можеби ќе можам да помогнам, обично со муабет се решаваат многу ствари, а не со ќутење.
4. ДА САКАМ ДА ЗНАМ СЕ :P
5. Па ништо ваљда полесно ќе му/и биде.
6. Доволно ќе биде да го ислушам понекогаш и тоа помага
7. Па можеби нема поента, едноставно наместо да ќутиме и еден да се дурли, ќе праиме муабет за „битни“ ствари
8. Па можеби да во некои случаи кога е премногу awkward ситуација...:confused:
9. Па мене секад ми е до муабет :love:
 
Тој што сака да разговара за некој проблем со личност на која и верува или точно личноста е дел од проблемот, сам ќе и кажи дојди, сакам да се видиме и имам муабет...
Ако не сака некој да зборува ќе си кажи дека не му се прави муабет за тоа или имал малце проблеми, но ќе поминат и не мора да се мурти, ќе си се понаша нормално и ќе си продолжите со другите активности.
 
1. Па кога веќе си со некој немора да значи дека треба да седиш намуртен/а и да не правиш муабет, незгодна ситуација само по себе доаѓа прашањето „Што ти е“?
2. Па ако сака тој некој/а да НЕ биде прашан ваљда треба да се потруди поуспешно да го прекрие разочарувањето/расположението
3. Зошто полош? Давам знаци на грижа и интерес кон проблемите, можеби ќе можам да помогнам, обично со муабет се решаваат многу ствари, а не со ќутење.
4. ДА САКАМ ДА ЗНАМ СЕ :P
5. Па ништо ваљда полесно ќе му/и биде.
6. Доволно ќе биде да го ислушам понекогаш и тоа помага
7. Па можеби нема поента, едноставно наместо да ќутиме и еден да се дурли, ќе праиме муабет за „битни“ ствари
8. Па можеби да во некои случаи кога е премногу awkward ситуација...:confused:
9. Па мене секад ми е до муабет :love:

Значи или треба да се прави дека се` е ок, или да биде спремен да ги одговори сите прашања од секој? Интересно :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom