"Се чекаме на Рекорд па после идеме до кај Млечен па од таму до спроти Симпо"

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Локација
Скопје
Јеа, насловот е долг. Ама ај да те видам смисли ти поинтересен. Поради наезда на политички теми во подфорумов, ми текна некоја релаксирачка.

Го знаеш моментот кога не знаеш да објасниш некоја локација па објаснуваш или се координираш според нешто што е во близина, некој битен објект што сите го знаат или пак според нешто што стварно не знаеш зашто се вика така ама ај сите го викаат така па ајде и јас? Епа за тоа ќе биде темава. Еве јас, на пример, живеам спротив Воените бавчи во Ѓорче. Си имам адреса али сите го знаат местото според овие смешни "координати".

Колку такви локации знаете? Кажете ги најинтересните примери што сте ги слушнале до сега.
 
Кога објаснувам на таксист кај ми се наоѓа улицата. Од рампа првата уличка десно кај Златна копачка, па право до првата раскрсница и лево (и автоматски таксистот кога ќе стигне до раскрсницата врти десно и овде му викам јас : Другото лево... :) )
 
Каде е Седмица?
Спроти Грчка амбасада
Каде е некое место X?
Карши, спроти некоја амбасада и слично.
Каде е салата Борис Трајковски?
Во близина на воена болница или спроти хотел Александар Палас
Јас тешко може да најдам примери, кога викаат одиш по X улица, и на аголот помеѓу улица Y и Z се наоѓа некој објект.
Или еден пријател што ми кажа, јас во Њујорк полесно се снаоѓам отколку во Скопје иако е роден Скопјанец, бидејќи во Њујорк има патокази на секој 10 метра.
 
Одма накрши Пајо учитело е тука, е сега зошто го викаат учител па која мајка има дете за учење кај него да го прати :icon_lol:.
--- надополнето: 21 март 2012 во 17:22 ---
П: С. Не живеам таму јас бе :icon_lol:.
 
Ја една адреса точно незнам во градов, се е со такви "координати".Да дојде турист некој да ме праша по адреса нешто врска немам шо ќе му кажам
 
:) Има многу примери, еве на пример, кај Зоил. Кај Воената кула во Автокоманда. Кај Тоше на ќоше. Кај Борис.
Имаше една ситуација, една другарка ми објаснува кај да одам (мислејќи дојди на Југо Дрво, не на Зелен Пазар) и ми вика, ај дојди на Зелено Дрво.... :)
--- надополнето: 21 март 2012 во 17:37 ---
Кога припорчани се срамат да кажат каде, па идат со "последна 24ка"
Демек градски деца бе :D

Има две последни 24ки. Првата (онаа после Круме) навистина е во К.Вода. Следната е Припор.... :)
 
"Едно такси кај Неџат берберон- Влашка Мала аку мојт " :) ..... И не само за такси,него и ко ќе ме прашет кај живеам..истото :)
 
43.23
61.02
23.61
151.12
 
Има такви култни места градов за коорднирање.
Рекорд, Стоилко, автобуската кај Боними(старото), златна Ружа кафаната денешна Златна Копачка, Ангелковски шнајдерот, кај Гоце студентскиот подоле или погоре, во Хром на кругче, школка во парк, кај СФ, плочник, грчка амбасада. Какви приказни се вадат со овие места за коориднација и на гоогле мап неможе да се снајде некој :)

Од Охрид знам неколку
Кај пазарчето бе, Еве кај Охридска банка, Даљан доле кај јаболките оние скопските :)
 
Охрид.... кај банкана. Најпознатото место во државава, сите охриѓани и неохриѓани кога се во Охрид се чекаат кај банкана.

Или навечер се дешава да одат со такси до ,,кај мостон'' :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom