Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
Настаните од 2000 година кога имаше инциденти и претепување на собирот на „Радко“ во Скопје ја возбудија македонската јавност. Тогаш најмногу настрада познатиот новинар Спасе Шуплиновски Од нашиот дописник
Тони Гламчевски
Стразбур – Жалбата на Здружението на граѓани „Радко“ и неговиот претседател Пауновски против Република Македонија се најде на јавна расправа пред Европскиот суд за човековите права во Стразбур. Случајот се однесува на распуштањето на ова здружение од Уставниот суд на Република Македонија поради неговата противуставност и предизвикување национална и религиозна омраза. Во постапката што ја водат против Македонија во Стразбур, жалителите официјално се поддржани од бугарската влада. Присуството на агентот на бугарската влада во случајот „Радко“ против Македонија, покрај адвокатите на здружението, иако е неочекувано, сепак, не е и случајно. Тоа е доследно продолжување на политиката на Бугарија за негирање на оригиналниот идентитет на македонскиот народ.
Агентот на бугарската влада цело време ја именуваше Македонија со референцата ПЈРМ, исто како и адвокатите на „Радко“. Од нивна страна беа направени обиди предметот „Радко“ да го споредат со случајот со ОМО „Илинден“ - ПИРИН, кое бара признавање на македонското малцинство во Бугарија, но не го негира постоењето на бугарскиот народ, додека цел на „Радко“ е токму негирање на македонскиот народ.
Нервозата на Бугарија е уште поголема, бидејќи деновиве Европската комисија, преку писмо упатено до бугарскиот амбасадор во Брисел, отворено побара од Софија да ја почитува пресудата на Европскиот суд за правата на човекот, што подразбира регистрација на партијата. Изненадувачко е однесувањето на Бугарија во овој случај, од една страна, таа бара почитување на правото на слободно здружување и изразување и истовремено не ги почитува тие права дома.
Меѓу целите на Здружението „Радко“ (псевдоним на Ванчо Михајлов) беше запишано дека сака да ги промовира културната и револуционерната борба на Бугарите од Македонија и „бугарскиот карактер“ на Словените од Македонија, кои биле Бугари низ вековите, како и тврдењето дека Македонија и Македонците се „вештачка творба на Коминтерната и на Србокомунистите“. Изборот на името на здружението, исто така, не е случајно, тоа е псевдонимот на контроверзната личност Иван (Ванчо) Михајлов, лидерот на ВМРО.
Здружението се претставува како аполитичка, јавна и независна организација. Тоа било регистрирано во судот од Охрид на 19 јуни 2000 година, но пред официјалното претставување на 27 октомври во Скопје, во македонските медиуми се водеше остра кампања против ова здружение. Некои весници го обвинија „Радко“ дека ги шири фашистичките и терористичките тези на Ванчо Михајлов, кој соработуваше со Адолф Хитлер. Тогашниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, ја даде и изјавата во која вели: „Тие што тврдат дека Македонците по потекло се Бугари, немаат место во земјата“.
По инцидентите за време на претставувањето на здружението во Скопје, при што беше повреден и еден пензиониран новинар, тројца скопски адвокати заедно со Сојузот на борците го повикаа Уставниот суд на Република Македонија да се изјасни за уставноста на статутот и програмата на здружението и легалноста на неговата регистрација. На 21 март 2001 година, Уставниот суд ги поништи статутот и програмата на здружението, исто како и неговата регистрација. Образложението е дека здружението се залага за промена на уставниот поредок преку насилство и дека повикува на национална и религиозна омраза. На 16 јануари 2002 година, судот од Охрид го прогласи распуштањето на здружението, потврдено од Апелациониот суд од Битола на 11 февруари 2002 година.
Членовите на „Радко“ ја оспоруваат одлуката на Уставниот суд на Република Македонија и тврдат дека не се залагале за употреба на сила и антидемократски или противуставни средства. Тие се повикуваат на членот 11 од Конвенцијата (слободата на здружување), додека претседателот на „Радко“, Пауновски, се жали дека Македонија го прекршила членот 10 (слободата на слободно изразување), бидејќи по распуштањето на здружението и по изјавите на тогашниот претседател му била скратена можноста слободно да го искаже своето мислење за етничкото потекло на некои делови од населението.
Уште неотворен, случајот „Радко“се претвора во политичко прашање, поради што судиите од Стразбур нема да имаат лесна работа. Сигурно дека ќе биде многу полесно да се изјаснат дали биле почитувани или не членовите од Европската конвенција, но многу потешко ќе биде да се објасни зошто е тоа. Во суштина, во овој предмет Судот од Стразбур индиректно ќе одлучува за постоењето на македонскиот народ.
Ова е слободна интерпретација, но тоа што паѓа в очи е дека во највисоката европска судска институција не се почитува државјанството на судиите од Македонија. За сите судии од другите земји стои дека се Бугари, Грци, Украинци, Швајцарци итн. Додека за македонскиот, и покрај неговите забелешки и тие на Мисијата при Советот на Европа во Стразбур, се продолжува да се користи референцата „државјанин на Поранешната Југословенска Република Македонија“.