Се активира РАДКО

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонцки
  • Време на започнување Време на започнување

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635


Настаните од 2000 година кога имаше инциденти и претепување на собирот на „Радко“ во Скопје ја возбудија македонската јавност. Тогаш најмногу настрада познатиот новинар Спасе Шуплиновски
Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Стразбур – Жалбата на Здружението на граѓани „Радко“ и неговиот претседател Пауновски против Република Македонија се најде на јавна расправа пред Европскиот суд за човековите права во Стразбур. Случајот се однесува на распуштањето на ова здружение од Уставниот суд на Република Македонија поради неговата противуставност и предизвикување национална и религиозна омраза. Во постапката што ја водат против Македонија во Стразбур, жалителите официјално се поддржани од бугарската влада. Присуството на агентот на бугарската влада во случајот „Радко“ против Македонија, покрај адвокатите на здружението, иако е неочекувано, сепак, не е и случајно. Тоа е доследно продолжување на политиката на Бугарија за негирање на оригиналниот идентитет на македонскиот народ.

Агентот на бугарската влада цело време ја именуваше Македонија со референцата ПЈРМ, исто како и адвокатите на „Радко“. Од нивна страна беа направени обиди предметот „Радко“ да го споредат со случајот со ОМО „Илинден“ - ПИРИН, кое бара признавање на македонското малцинство во Бугарија, но не го негира постоењето на бугарскиот народ, додека цел на „Радко“ е токму негирање на македонскиот народ.

Нервозата на Бугарија е уште поголема, бидејќи деновиве Европската комисија, преку писмо упатено до бугарскиот амбасадор во Брисел, отворено побара од Софија да ја почитува пресудата на Европскиот суд за правата на човекот, што подразбира регистрација на партијата. Изненадувачко е однесувањето на Бугарија во овој случај, од една страна, таа бара почитување на правото на слободно здружување и изразување и истовремено не ги почитува тие права дома.

Меѓу целите на Здружението „Радко“ (псевдоним на Ванчо Михајлов) беше запишано дека сака да ги промовира културната и револуционерната борба на Бугарите од Македонија и „бугарскиот карактер“ на Словените од Македонија, кои биле Бугари низ вековите, како и тврдењето дека Македонија и Македонците се „вештачка творба на Коминтерната и на Србокомунистите“. Изборот на името на здружението, исто така, не е случајно, тоа е псевдонимот на контроверзната личност Иван (Ванчо) Михајлов, лидерот на ВМРО.

Здружението се претставува како аполитичка, јавна и независна организација. Тоа било регистрирано во судот од Охрид на 19 јуни 2000 година, но пред официјалното претставување на 27 октомври во Скопје, во македонските медиуми се водеше остра кампања против ова здружение. Некои весници го обвинија „Радко“ дека ги шири фашистичките и терористичките тези на Ванчо Михајлов, кој соработуваше со Адолф Хитлер. Тогашниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, ја даде и изјавата во која вели: „Тие што тврдат дека Македонците по потекло се Бугари, немаат место во земјата“.

По инцидентите за време на претставувањето на здружението во Скопје, при што беше повреден и еден пензиониран новинар, тројца скопски адвокати заедно со Сојузот на борците го повикаа Уставниот суд на Република Македонија да се изјасни за уставноста на статутот и програмата на здружението и легалноста на неговата регистрација. На 21 март 2001 година, Уставниот суд ги поништи статутот и програмата на здружението, исто како и неговата регистрација. Образложението е дека здружението се залага за промена на уставниот поредок преку насилство и дека повикува на национална и религиозна омраза. На 16 јануари 2002 година, судот од Охрид го прогласи распуштањето на здружението, потврдено од Апелациониот суд од Битола на 11 февруари 2002 година.

Членовите на „Радко“ ја оспоруваат одлуката на Уставниот суд на Република Македонија и тврдат дека не се залагале за употреба на сила и антидемократски или противуставни средства. Тие се повикуваат на членот 11 од Конвенцијата (слободата на здружување), додека претседателот на „Радко“, Пауновски, се жали дека Македонија го прекршила членот 10 (слободата на слободно изразување), бидејќи по распуштањето на здружението и по изјавите на тогашниот претседател му била скратена можноста слободно да го искаже своето мислење за етничкото потекло на некои делови од населението.

Уште неотворен, случајот „Радко“се претвора во политичко прашање, поради што судиите од Стразбур нема да имаат лесна работа. Сигурно дека ќе биде многу полесно да се изјаснат дали биле почитувани или не членовите од Европската конвенција, но многу потешко ќе биде да се објасни зошто е тоа. Во суштина, во овој предмет Судот од Стразбур индиректно ќе одлучува за постоењето на македонскиот народ.

Ова е слободна интерпретација, но тоа што паѓа в очи е дека во највисоката европска судска институција не се почитува државјанството на судиите од Македонија. За сите судии од другите земји стои дека се Бугари, Грци, Украинци, Швајцарци итн. Додека за македонскиот, и покрај неговите забелешки и тие на Мисијата при Советот на Европа во Стразбур, се продолжува да се користи референцата „државјанин на Поранешната Југословенска Република Македонија“.
 
Па штом има македонски сдруженија во Бугарија, што да нема и бугарски во Р. Македонија?

Ајде бе стига со двојниот аршин. :nenene:
 
Нема што да бара огранизација како „Радко“ во Македонија!

Прашање до пацифистите на форумов:

Со овие ли бе да имаме пријателски односи?!

На крелиња кои се поклонуваат на шпионот татарски Ганчо Михајлов, нема место во Македонија!

Па штом има македонски сдруженија во Бугарија, што да нема и бугарски во Р. Македонија?

Наброј бе кои се тие?!
 
Па штом има македонски сдруженија во Бугарија, што да нема и бугарски во Р. Македонија?

Ајде бе стига со двојниот аршин. :nenene:

Точно. Зошто да нема бугарски здруженија во Македонија? Зошто да не организирате здружение посветенјо на некој навистина голем човек, како Христо Ботев или Васил Левски на пример? Сигурно ќе најдете пријателеи и добронамерни луќе што сакаат да ви помогнат.

Ама со “штипското чудовиште“... правите исто нешто што како грците да дојдат и да формираат организација “Павлос Мелас“, било кај нас или кај тебе во Софија, или пак евреите да формираат здружение “Ариел Шарон“ во Либан.

Што не бива не бива. Ако сакаш да бидеш третиран како човек, покажи човечност и самиот.
 
Versailles_02.jpg



Тие што тврдат дека Македонците по потекло се Бугари, немаат место во земјата“.


Борис Трајковски,
 
Каква безбол палица си имам... Само да најдам некој радковист... Ни мајка му нема да го познае...

Г Н А С И
 
ааа смоле одма ќе се жалат во стразбур...
 
Точно. Зошто да нема бугарски здруженија во Македонија? Зошто да не организирате здружение посветенјо на некој навистина голем човек, како Христо Ботев или Васил Левски на пример? Сигурно ќе најдете пријателеи и добронамерни луќе што сакаат да ви помогнат.

Ама со “штипското чудовиште“...


Б'лгарите јавно не го считат за чудовиште штом са си кр'стили сдружението "РАДКО".
Това си е техно решение. Лугето си имат поразлични убежденија и толкос.

ПС - Уште не мога да разбера какво ви е направил Ванчо Михајлов - та го имате за "чудовиштето от Штип"?! Македонци ли е клал како јован Бабунски?! :toe:
 
Абе Бугари бе, како само знаете да си ја терате водата на вашата воденица.


ОМО - Илинден Пири ми ја спомнуваш, убаво ти пишал мали прво распрашајсе .
 
Сандански, од кога е ОМО регистриран ? ај информирај се www.omoilindenpirin.org

Нешто сте во заблуда. Не им дават да се регистрират како потическа партија.
Демек да участвуват на избори и прочие.
ОМО в момента имат статут на неполитическа партија со структура и весник дори.

На РАДКО вообште не им се разрешува да образуват нај-обикновенно сдружение по простата причина дека се чувствуват како етнически б'лгари.

Има голема разлика.
 
Сандански, не читај преку редови ајде да се обидеме пак :

Агентот на бугарската влада цело време ја именуваше Македонија со референцата ПЈРМ, исто како и адвокатите на „Радко“. Од нивна страна беа направени обиди предметот „Радко“ да го споредат со случајот со ОМО „Илинден“ - ПИРИН, кое бара признавање на македонското малцинство во Бугарија, но не го негира постоењето на бугарскиот народ, додека цел на „Радко“ е токму негирање на македонскиот народ.
 
Сандански, не читај преку редови ајде да се обидеме пак :

Агентот на бугарската влада цело време ја именуваше Македонија со референцата ПЈРМ, исто како и адвокатите на „Радко“. Од нивна страна беа направени обиди предметот „Радко“ да го споредат со случајот со ОМО „Илинден“ - ПИРИН, кое бара признавање на македонското малцинство во Бугарија, но не го негира постоењето на бугарскиот народ, додека цел на „Радко“ е токму негирање на македонскиот народ.


Беше поскоро 50/50.
Неколку пати се опита да каже ПЈРМ и си оплете езикот :), но казаха и Македонија и Македонското правитесвто.

Не ми говори какво ви казва вашата адвокатка, којато се опитва да изкара РАДКО некаква фашистичка организација.
Дај бе да видим каде представител на РАДКО негира македонскија народ. Дај пример.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom