СДСМ - ШО НАПРАВИ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  • Креатор на темата Креатор на темата Serdarot
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
Возраст
52
да не праиме тататур од темите

ај да слушнам ШТО НАПРАВИ СДСМ ЗА НАРОДОТ И ДРЖАВАТА
 
Го напишав ова на другата тема :



Нема војна. Албанците се интегрирани во државата.

Невработеноста опаѓа со 4-5%.

Индустрискиот раст, инвестициите растат со 4-5%.

За еден месец ке бидеме кандидат членка на ЕУ и ке започнат преговорите за членство во ЕУ, ке се олесни визниот режим и ке се отворат предпристапните фондови.

Инфлацијата е о,4%.

Во 2008 ке бидиме полноправна членка на НАТО.

До 2008 ке се укине задолжителното служење на воениот рок.

Рамковниот договр и децентрализацијата се завршени.
 
а од кај ти се податоците за невработеноста и за индустрискиот раст...


Впрочем ај ме мрзи сега да ти барам линкови на светската банка за инд. раст во Мак.
А за невработеноста, ај не заебавај
Војна нема оти му даваат на Албанците во Кондово, Брест, Липково и цела зап. Мак. да си прават слободни територии
Рамковниот е завршен на перфиден начин со вметнување на територијална поделба, тетовски универзитет, закон за знамињата
ај да не велам по кафански `ни ја продадоа државата`
приватизацијата е најблаго кажано мафијашки спроведена
РАМСТОР-50 ЕВРА М2
Скопски Пазар
државните сали
и ај да не редам земај читај весници, или ако не можиш гледај малку вести
ДОБРО?
 
Ништо не направиле они бе.
Впрочем, како и сите досега, со една мала забелешка, овие се трудат колку толку.
 
а бе да живеевте во Шпанија можеби би можел да ве разберам
ама ако, нека ве перкаат...
 
yin yang напиша:
Нема војна. Албанците се интегрирани во државата.

Невработеноста опаѓа со 4-5%.

Индустрискиот раст, инвестициите растат со 4-5%.

За еден месец ке бидеме кандидат членка на ЕУ и ке започнат преговорите за членство во ЕУ, ке се олесни визниот режим и ке се отворат предпристапните фондови.

Инфлацијата е о,4%.

Во 2008 ке бидиме полноправна членка на НАТО.

До 2008 ке се укине задолжителното служење на воениот рок.

Рамковниот договр и децентрализацијата се завршени.

1. Кондово!!
2. Луѓето се самоубиваат поради невработеност и сиромаштија!!
3. Се затворија сите фабрики, оние кои не се сеуште, се скоро под стечај или продадени на барабан!!
4. Ако е Рамстор инвестиција, в ред. Одлив на девизи во туѓ, странски, џеб.
5. Грција се заканува со вето, а ќе е потпомогната од Кипар по добивањето на мислење од ЕК, на состанокот на советот на министри во декември. Додека нема контрола на целата територија на МК нема олеснување на визниот режим, следствено се, нема пристап до фондовите сеуште.
6. Проектирана позитивна инфлација за напредок на земја во транзиција е од 4-9 % годишно, се под тоа е загуба на пораст!
7. Нели требаше во јануари, февруари 2006, нејсе, сигурна ли си? Форулата 3+2 не е МК, ХР и АЛ + СЦГ и БИХ, ами МК, ХР, АЛ + Украина и Грузија, за жал, неподготвени, во демократизационите процеси.
8. Ќе имаме платена војска, нема да има со што да ја платиме. исто ни се фаќа, нам на обичниот народ.
9. рамковниот не е довршен, законите се донесени, но не целосно. Камо нивна имплементација, кога таа ќе заврши, рамковниот завршува. Децентрализацијата е завршена, општините немаат пристап до средствата за да работат, а кои им следуваат, затоа ништо не се прави, туку се стагнира.

Мислам дека доста пластично ти е објаснето или како слепец за стап и пијаница за плот ќе се фатиш дека повторно не е така и дека лажеме.

Благодарам.

Контрааргументи, ама издржани, не паушални муабети.
Или ќе не лажеш како претставникот на World bank во MK дека ние, одиме напред, поарно е од лани, само бидејќи сме слепи и не го гледаме тоа, од глад, беда и неживот се самоубива фрлајќи се пред воз, на шини или самозапалувајќи се јавно.


Ова е од ругата тема, да не се мачи кутрата да објаснува повторно. за повторно да морам вака, како на мало дете, да и објаснувам.
 
а ти текнува, како е намалена бројката од 390000 на 370000
ако не сети се на другарчето стевче јакимоски
 
Lavot напиша:
а од кај ти се податоците за невработеноста и за индустрискиот раст...


Впрочем ај ме мрзи сега да ти барам линкови на светската банка за инд. раст во Мак.
А за невработеноста, ај не заебавај
Војна нема оти му даваат на Албанците во Кондово, Брест, Липково и цела зап. Мак. да си прават слободни територии
Рамковниот е завршен на перфиден начин со вметнување на територијална поделба, тетовски универзитет, закон за знамињата
ај да не велам по кафански `ни ја продадоа државата`
приватизацијата е најблаго кажано мафијашки спроведена
РАМСТОР-50 ЕВРА М2
Скопски Пазар
државните сали
и ај да не редам земај читај весници, или ако не можиш гледај малку вести
ДОБРО?



На Албанците само им беше “даден„ закон кој им гарантира рамноправност во државата.

Ај ти ако си маж оди и продај некому нешто кое не вреди? Сега само се молиме да привлечеме инвеститори, а не да бараме преку лебот погача. И плус тоа Рамстор вработи луѓе.

Ако така гледаш има една фирма во Битола, “Гоце Радосавлевиќ“ се викаше, сега не знам како се вика, која Љубчо ја продаде за 25 000 евра. И сеуште не работи фирмата.

Ако тргнуваме по тој пат.
 
а тебе ако те колкаат сдсОВЦИ со паричка, има луѓе (и тоа премногу) што страдаат поради нив...
гледај малку вести добро?
 
DPMNE koga beshe Kljusev premier,zapocna da ja degradira drzavava so "moronskiot" nacin na privatizacija,SDSM prodolzi po istiot "terk" no so pojak intezitet go prodade i imeto so znameto,za da im ja prepushti pak na DPMNE(sega NARODNA) da zapocnat so prodazba na moronski privatiziranite firmi,shtom stapija na vlast SDSM prodolzija so prodazba na firmite no "zajaknaa" so rasprodazba na ona shto znaci drzava i shto ostana za da se prodade(teritorii,jazik,zname,univerziteti televizija i sl.).I taka si se menuvaa i si pravea "natigo-dajmigo" dosegasnite vlijatelni partii vo Makedonija potpomognati od Albanskite partii koj si pravat "smena straze" vo prodazbata na Makedonija.
 
yin yang напиша:
Lavot напиша:
а од кај ти се податоците за невработеноста и за индустрискиот раст...


Впрочем ај ме мрзи сега да ти барам линкови на светската банка за инд. раст во Мак.
А за невработеноста, ај не заебавај
Војна нема оти му даваат на Албанците во Кондово, Брест, Липково и цела зап. Мак. да си прават слободни територии
Рамковниот е завршен на перфиден начин со вметнување на територијална поделба, тетовски универзитет, закон за знамињата
ај да не велам по кафански `ни ја продадоа државата`
приватизацијата е најблаго кажано мафијашки спроведена
РАМСТОР-50 ЕВРА М2
Скопски Пазар
државните сали
и ај да не редам земај читај весници, или ако не можиш гледај малку вести
ДОБРО?



На Албанците само им беше “даден„ закон кој им гарантира рамноправност во државата.

Ај ти ако си маж оди и продај некому нешто кое не вреди? Сега само се молиме да привлечеме инвеститори, а не да бараме преку лебот погача. И плус тоа Рамстор вработи луѓе.

Ако така гледаш има една фирма во Битола, “Гоце Радосавлевиќ“ се викаше, сега не знам како се вика, која Љубчо ја продаде за 25 000 евра. И сеуште не работи фирмата.

Ако тргнуваме по тој пат.

Ramstor raboti vo dve smeni, plata zemaat 6700 денари, пријавени се само тие во прва смена, народот оди да торши тешко заработени пари кои одат во туѓ, странски џеб. Плацот е продаден за 1 евро м2, а потоа дел е препродаден за баснословна сума пари иако требаше, беше ветено дека ќе се изгради игралиште, скејтодром. Плус, паркинг преку ден се наплаќа, а Скопје ионака кубури со паркинзи, а каде одат тие пари???

На Албанците не им требаше таков закон, бидејќи беа повеќе од рамноправни. Им требаат вакви и слични глупости на оние кои сакаат да контролираат дел од МК за криминални дејствија, АЛБ.-КОСМЕТскиот триаголник.

Кога јас е запишав на факултет, имав 83 поени од 100, претпоследен на список, другар ми беше прв одмиеб со 79 поени. На квота за малцинсктва, првиот примен, само лабанци беа пријавени, беше со 64 поени. Со 60 беше минимум за рангирање.

Чекам одговор на ова и на претходните. Но, како и секогаш, нема одговор.

Понатаму.

Кој ја разнебитуваше Македонија од 1945 до 1991? Потоа чии синови продолжија да ја уништуваат од 1991-1998 со мал respite од 4 години.
Кој го продаде името, знамето? Етничките малцинства во грција, Бугарија, Албанија? Кој ја расстечаи Железара, МЗТ, Фени...?
Нели ФЕНИ беше најнеренатбилна во два државни система, и пред 1991 и по 1991, а откога се продаде прави голем профит??

Продолжува, но се чека претходно на ооговор, во зависност ос истоиот ќе продолжи интелигентно или дебилно.
 
Вчера со тројца млади луѓе имавме 4 часовна дебата која што заврши со пиење пиво додека тројцата се испијанија а ја нормални си продужив тука на Кајгана.

Да е СДСМ боља од било кои кои биле на власт до сега е факт, ама дека не цути се, и тоа е факт.
Сеа од сите зла, СДСМ-ДУИ коалицијата е најмалку зла.
Знам дека не се согласуваме, и сфаќам дека секој треба да ги брани своите уверувања, но сепак...со трезвена глава размислување, ова е тоа.

ах да не заборавам, додека ние тука кршиме прсти, некој пие пиво...иако се од два спротиставени политички партии.
вам ви оставам да размислете кој ќе се опијани на крај?
 
yin yang напиша:
Нема војна. Албанците се интегрирани во државата.

Невработеноста опаѓа со 4-5%.

Индустрискиот раст, инвестициите растат со 4-5%.

За еден месец ке бидеме кандидат членка на ЕУ и ке започнат преговорите за членство во ЕУ, ке се олесни визниот режим и ке се отворат предпристапните фондови.

Инфлацијата е о,4%.

Во 2008 ке бидиме полноправна членка на НАТО.

До 2008 ке се укине задолжителното служење на воениот рок.

Рамковниот договр и децентрализацијата се завршени.

-Нема војна затоа што тие што ја водеа сега не владеат. Со кого да војуваат?
Успех е кога нема војна?! ц ц ц...

- невработеноста опаѓа - ТОЧНО! :lazgo:

- за еден месец МОЖЕБИ ќе бидеме кандидат, но тоа најмалку е заслуга на оваа влада
Не прашувај зошто, за да не се изглупираш

- во 2008 ќе бидеме членка на НАТО. :poos: :poos: :poos: :poos: :poos: колку си ладнокрвна! Како Кондарко. Од еднаш 2 години промашај не се ништо. Дури успех!

- Ќе се укине воениот рок. Во недостиг на "успеси" и ова е успех



...а сега ќе одам да се обесам

ЧУКНЕТЕ СИ ЈА ГЛАВАТА!
 
да ама има пак народ излажан кој тврди дека овие сега биле поинтелегентни, по малку краделе итн
нема помалку повеќе
кој кради, в затвор
ама кај нас не оди така
кај шо има овци че има и стрижачи на овци :cry: :cry: :cry: :cry:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom