Сите сатанисти кои кршат, палат цркви, колат животинчиња во име на сатаната или за кој кур и да им требе, сите тие се ненормални, за у лудница, а не оти сатанизмот налагал така. Сите тие случаи на ритуално жртвување до сега и палење цркви и слично, се измислица на ненормалниот ум на психички болесници, а не оти они негде прочитале според нивното учење дека така треба.
Исто и Исламот. Иди на темана за Ислам и ќе ти кажат муслиманите дека сите овие кои палат, кољат и убиваат по светов во име на Алах, немаат везе со исламот, него се тоа натрапници.
Ете тоа покушава ипси да го протурка тука на темава. Ја неам проблем со тропање глупости од негова страна или од страна на Хептаграм. Они толку многу глупости имаат истропано, па сега за ова. Мене ме курчи оти мене покушава таа бурлескна логика да ми ја подвали и ја као треба да се сложам.
Епа глупо е тоа што луѓе дискутираат во екстреми. Ипси се декларира како сатанист и се плаши дека луѓето ќе мислат оти тој жртвува животни по дома.
Мене ставот околу тоа ми е побалансиран.
Бидејќи сатанизмот е хетероген и се состои од различни учења, тој не е унифицирано тело од метафизички објаснувања, обичаи и морално-етички правила. Единственото нешто што ги спојува „сатанистите“ е називот „сатанизам“.
Различни форми на сатанизам се меѓусебно конфликтни.
Тие форми што се екстремни и опасни, за жал, самите се нарекуваат „сатанизам“ и ги повлекуваат другите полабави учења (со кои претпоставувам дека Ипси се идентификува бидејќи е лавејец) во иста дупка со себе.
Идиоти имало и ќе има, треба да се направи дистинкција од митологија и учење. Митологијата има антрополошки карактер, учењето идеолошки.
Теологијата е иделошко учење, митологијата е антрополошка карактеристика.
Да, но теологијата ја вклучува митологијата во себе и во некои случаи, може да и' залепи морално-етичка лепенка, како што прават паганиве/сатанистите од Скандинавија што дркаат на хаосот и изветоперените толкувања за Ниче. Тоа се истите наци-морони што фураат романтизам и сакаат да ги истребат слабите бидејќи тие се најјаки. Таквите идиоти се декларираат како сатанисти. Вистинското прашање е следново: Која школа на сатанизам треба да биде вистинска слика за тоа што е и треба да биде сатанизмот? Зошто тоа да биде Лавеј, а не морониве?
И не барам од тебе да направиш селекција врз база на умереноста и етичноста туку врз база на тоа, која од школиве е најблиска до вистината.
Кога ќе го одговориш прашањево и сам ќе забележиш дека се повикуваш на некои метафизички верувања за светот кои ги дефинираат твоите етички позиции. И поради тоа, пак ќе стигнеш до моето погоре.