Samsung Galaxy S IV

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893


Се очекува на пазарот да се појави најкасно до април 2013 година. Ќе има 5 инчен екран, 2 GB рам, камера од 13 мега пиксели и процесор Quad-core 2 GHz Cortex-A15.
Споредба со IPhone 5 После ова очекувајте да излезе и IPhone 6 :D
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Вчера купив S III да знаев дека излегува порано јас мислев дури таму септември,октомври... ќе почекав ... ај бидна :)
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
ниту ќе искочи тогаш, ниту ќе биде со овие спецификации нит пак ќе изгледа како на сликата. Сеуште ли не научивте да разликувате официјални објави од концепти?

Angello
И како задоволен до сега? Ѕверче е нели :D
 
Член од
24 мај 2011
Мислења
34
Поени од реакции
19
ниту ќе искочи тогаш, ниту ќе биде со овие спецификации нит пак ќе изгледа како на сликата. Сеуште ли не научивте да разликувате официјални објави од концепти?

Angello
И како задоволен до сега? Ѕверче е нели :D
Телефонот ќе биде презентиран во април, ќе искочи во мај, стандард време за галакси с серијата! Ќе има ексинос 5440 со 1.7 до 2.0гхз, 5" амолед екран со 1080п резолуција, 2гига рам,13мпх камера и нема да биде како оваа грдосијава на сликата.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Може да видам линк до прес конференцијата од Самсунг или цитат од нивен претставник каде што се објавува ова? Бидејќи може да шпекулирате до сабајле ако сакате, дур не чуеме од "устата на коњот", сето тоа се гласини, а сите знаеме колку се тие веродостојни. Да не ти барам сега слики од тоа како требаше ајфон 5ката да изгледа според овие гласини...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Спецификациите се овие сигурно нема да биде ист како Galaxy S III.
Имаат голема конкуренција од Xperia Т за камерата очекувано е да биде над 12 мега пиксели сигурно нема да останат на 8 мега пиксели.
Note II им е 1.6 овој со така да нема да е под 1.8 Ghz, рам меморијата останува иста. Меморија 64GB со надограбда до 128GB.
Самсунг многу не прават измени во надворешниот изглед копија на SIII или Note 2 и измени во home копчето и ласерска тастатура. Ни Ајфон 5 не направија големи измени, а сега и Самсунг.

Админот нека го смени насловот на темата има мала грешка, не можам да го сменам.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Ќе повторам - Линк до прес конференцијата или официјалната објава?
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Па ти си тој што доаѓа овде и тврди дека информациите се веродостојни, фер е да дадеш некаков доказ дека овие информации не ти се од ракав извадени. Не можеш во стил на еден верник да се избацуваш со тврдења и да очекуваш друг да бара докази за твои зборови. Малце логиката ти е дефект.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Сеуште не се знае што спецификации и каков дизајн ќе има С4-ката. Џабе само тропате глупости.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Спецификациите се познати од прилика е она што се очекува од следните модели на Самсунг. Исто како што се претпоставуваше за Ајфон 5 така и за Галакси 4.
Дизајнот ист како и за секоја следна верзија не знам што очекувате.
http://www.gsmarena.com/samsung_galaxy_s_iv-5125.php

http://www.thenewstribe.com/2012/12/24/analyst-predicts-samsung-galaxy-s4-apple-ipad-mini-release/
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Сигурно ќе биде 4 јадрен, а најверојатно, скоро сигурно е дека ќе има 2 гига рам и 1080p екран, тоа станува стандард веќе.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Gangnam Style xD
Очекуваме информациите кои ги презентираш како факти да бидат всушност факти, а не нешто што на некој nerd му било досадно, па решил да го испосере на рандом блог. Се додека Samsung не излезе со објава, треба да наведеш дека тие информации се чиста шпекулација. Еве како требаше да изгледа Galaxy SIII, демек.









Ама на крајот испадна нешто сосема друго, ни одблиску слично на овие. Истото важи и за перформансите. Ако сакаш да дискутираме за МОЖНИ компоненти, во ред, тоа е сосема друга работа. Од прилика се знае дека ќе има 4-јадрен процесор, од прилика се знае дека ќе има над 1 гига рам, од прилика се знае дека ќе биде над 16 гига меморија, ама колку точно - тоа ти не го знаеш и никој нема ни да го знае дур Самсунг не го објави или дур не се случи некој leak. Овие информации се чуваат во строга тајност и тоа е со добра причина. Некој вложува милиони долари во овие апарати, последното нешто што сака е деловните тајни да се оддадат на конкуренцијата.

Значи, целава фрка се врти околу тоа дека вие шпекулациите сте ги земале здраво за готово и сега тука ги кажувате како да се загарантирани факти. И тоа не чини, утре кога ќе испадне дека грешите јас ќе бидам првиот што ќе ја воскресне темата, ќе ве потсети колкава глупост сте направиле и ќе ве направи предмет за потсмев. А ете го каде е април...

И патем кога пак се фати за ајфон 5, еве ти како "требаше" да изгледа.






 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Тие стаклени телефони, холограмски тастатури и слични сајнс фикшн работи што се постираат по интернет се фан мејд и немаат врска.
Како што посочи членот погоре, за секој иден телефон се постираат и на крај секогаш излегува дека немаат врска, исто како сликата од првиот пост. Прво, сигурно нема да има две камери.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom