Samsung Galaxy Note 9 (Помош/Информации/Прашања/Новости) [Официјална Тема]

Дискусија во форумот 'Android' започната од The Wild Boy, 15 мај 2018.

  1. The Wild Boy

    The Wild Boy THE WILD BADASS

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    296
    Допаѓања:
    76
    Епа да...хаха знам оваа тема ми беше најбарана од сите,и тоа никој друг освен јас да ја отворам.Се знае по casual кој отвара вакви теми :D
    Епа да,како што знаете Note 9 е на патот да искочи најверојатно крајта на Август 2018 - та,а цените се очекуваат да се движат до $929 /€783 /£869 / AU$1,499 .Во продавниците би искочил во Септември а во Маќедонија целосно би искочил во Ноември.
    За Note 9 сигурно ќе има/ќе нема/можно е да има/останува со:
    1. Ќе изгледа со сличен дизајн како и Note 8,и S9/S9+.Дизајнот нема да биде револуционерен,нема да има сосема ништо ново сменето со дизајнот бидејки ви кажав се штедат за 10 годишнината да измислат нешто ново,револуционерно и интересно.
    2. Ќе биде 2 милиметри пократок од Note 8,но во широчина ќе остане буквално ист како Note 8.Рамќите на Note 9 ќе се по - исечени за разлика од Note 8 правејки го да изгледа поголем,но во суштина ќе биде како Note 8 со 6.3" или 6.4" екран.
    3. Ќе нема (за жал) вграден сќенер за отпечатоци од прст под(во) Super AMOLED дисплејот,бидејки прво "не можеле да успеат" да го достигнат тоа иако имале 4 решенија,од кои 2 се сметале за сериозни...и како второ...ја чуваат оваа иновација за нивната 10 годишнина ко демек нешто револуционерно и ново направиле,а можеа уште од S8/S8+ да го направат ова,али тоа е Самсунг...
    4. S Pen ќе биде подобрен со многу нови работи кој што не се откриени,но можно е пенкалото да има вграден микрофон и можно е и да се вие (витка),што би овозможило да служи како микрофон за зборење и правење повици....исто така и магнетниот сензор што го детектира пенкалото прикажувајки една црна точка дури пред пенкалото да го допре екранот,можно е да биде подновен,да работи од поголема далечина и да реаѓира повеќе.
    5. Камерата најверојатно ќе биде во нешто подобра од S9/S9+ без некоја голема разлика,но за предната камера се збори дека можда ќе биде подновена и многу подобра за разлика од Note 8,но ако и тоа не се деси тогаш се си останува на место.
    6. Батеријата ќе биде нешто поголема од S9/S9 и од Note 8,и ќе изнесува 3,850 mAh, но некои велат деќа ќе може да биде и 4,000 mAh.
    7. Сќенерот за отпечатоци од прст ќе биде под камерата,и камерата најверојатно ќе биде позиционирана хоризонтално,како и кај Note 8,но останува и можноста да биде променета и да изгледа како кај S сериите,вертикално.
    9. Процесорот сигурно ќе биде исто како кај S9/S9+ со Exynos 9810 Octa и Qualcomm Snapdragon 845,и најверојатно за некоја мала разлика ќе биде појак од S9/S9+,но сепак тешко да го достигнат iPhone X
    10. Звучниците ќе бидат променети од Mono со Note 8,кој што не беа доста гласни,во Stereo tuned by AKG звучници,како на S9/S9+ кај Note 9.
    11.Џекот за слушалки останува. Останува и истиот USB Type - C полнач со иста брзина на полнење,нормално Fast Charge.Исто така останува и Wireless Charging технологијата,и телефонот секако останува IP68 сертифициран - отпорен на вода и прашина (се до 1.5m за 30 минути)
    Епа тоа,за сега е се...очекувам јас како и вие сите да искочи и да ги видиме спецификациите подетално :)
    Иначе еве неколку слики од како би изгледал Note 9:
    [​IMG]
    [​IMG]

    Користена литература,изадоци од текст и слики:

    1:
    https://www.techradar.com/news/samsung-galaxy-note-9-what-we-want-to-see


    2:

    https://www.forbes.com/sites/gordon...date-price-new-galaxy-smartphone-upgrade/amp/
    3:
    http://bgr.com/2018/05/11/galaxy-note-9-release-date-soon-specs-no-fingerprint-screen/amp/
    4:
    http://bgr.com/2018/05/10/galaxy-note-9-release-date-coming-image-leak/amp/
    5:
    https://www.forbes.com/sites/gordon...t-sensor-specs-camera-release-date-price/amp/
    6:
    https://www.sammobile.com/news/new-galaxy-note-9-rumors-point-to-6-4-inch-display-4000-mah-battery/
    7:
    https://www.phonearena.com/news/Note-9-more-compact-than-Note-8_id104847
    8:
    https://www.gsmarena.com/samsung_galaxy_note9-9163.php
     
    Последно уредено: 15 мај 2018
  2. The Wild Boy

    The Wild Boy THE WILD BADASS

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    296
    Допаѓања:
    76
    Она кога јас ќе отворам тема со повеќе од 500 збора:
    [​IMG]
     
  3. kicodarker

    kicodarker

    Член од:
    29 јуни 2006
    Мислења:
    456
    Допаѓања:
    419
    Дај отвори тема само за тебе и еднаш нахрани го тоа твоето бескрајно его. Вака испаѓаш ко трол, почнуваш за самсунг, ама не може да пропуштиш дел,реченица да се “штипниш сам за образ“ да се вмешаш сам себе си, па си реплицираш сам себе си, си ставаш мемиња за тебе...
    Значи тема отвораш за самсунг, пиши таму ринга ѕвони праќа пораки...Толку!
     
    На stratUs и The Wild Boy им се допаѓа ова.
  4. The Wild Boy

    The Wild Boy THE WILD BADASS

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    296
    Допаѓања:
    76
    За жал така е. Несвесно во скоро сите теми што ги отварам е истиот случај. Еве давам збор од сега натаму нема да се самонаградувам што би рекол јас. Знам тоа е пошто сакам по познат член да бидам но гледам на многу не им се свиѓа па најрано СТОП. Ајде назад на темава. Сите сте со поделени мислења, на едни нејќат само два три збора туку сакаат целосно објаснето и опширно, како и што јас одам по овој модул и се е океј. Ти може мислиш дека само збор два и толку. Па ако е за тоа тогаш и опште и да не пишувам. Ти мислиш дека така е доволно, но пола и повеќе форум не. Сепак крај краишта сите се со поделен мислења. Еве ако не ми веруваш прашај го Ron Burgundy и ќе ти каже дека само линкови и два три збора не е доволно. Јас лично (еве по пример) форумот го гледам како школо со деца, каде што јас сум учителот и каде што треба ѓи научам за одредени работи во одредени области објаснувајќи им како што. Е тоа го правам со сите теми што ги постирам. Иначе back on track, ајмо дискусија за Note 9!
     
  5. Red John

    Red John natural born hater

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    8.638
    Допаѓања:
    19.880
    Нека му стегни некој лајк, пошто уште една ќе отвори.
     
    На kicodarker му/ѝ се допаѓа ова.
  6. The Wild Boy

    The Wild Boy THE WILD BADASS

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    296
    Допаѓања:
    76
    Првата кажав на модератор да ја избрише бидејќи оваа за 100 пати подобра од предходната. Е сега ако не е избришана сеуште ондак тоа не е мој проблем. И иначе, да планирам во иднина да отворам повеќе теми за многу нови телефони. :)
     
  7. kicodarker

    kicodarker

    Член од:
    29 јуни 2006
    Мислења:
    456
    Допаѓања:
    419
    Можи да ја заклучи само темата. На форумов ќе најдиш теми кои се заклучени од 2005та.Тогаш валјда беше само сперматозоид. И не ти реков дали ја пишуваш темата со 2 или 500 збора, туку да се држиш до темата,ако е за самсунг да е за самсунг а не самсунг + самоласкање од вајлдбој.
     
    На The Wild Boy му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: