Samsung - општа дискусија

Член од
12 декември 2010
Мислења
310
Поени од реакции
101
Да морам да се согласам дека самсунг се катастрофа.Не знам дали е тоа само за нашиов пазар,али јас све што имам купено од ништо не сум задоволен.

-машина за перење.Во текот на гаранцијата машината неколку пати застануваше на сред перење т.е тајмерот си се укочуваше.

-Мобилен телефон:Исто така во текот на гаранцијата ми се јавуваат проблеми.Имаше постојани кочења,дури еднаш ми се заклучија сликите,а и камерата не сакаше да се пушти.

-Фрижидер:Пластиките ми пукнаа и повторно во тек на гаранција

Дефинитивно се согласувам дека е голем бренд т.е со финансиска моќ,но дека имаат квалитет,тоа многу тешко
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
66
Поени од реакции
17
Абе да се најдобри, не се! Мислам, дека никој не може да биде најдобар, уствари секој може да биде најдобар за нас, затоа што сме сиромашна нација и гледаме само ефтино да пројдеме, што е и многу нормално! Секоја чест за NEC , мада никад нема да бидат добри за нас затоа што никогаш нема да можеме да си ги дозволиме.Сега , не дека нема и ефтини добри работи, и не дека самсунг не може да произведе нешто добро. За монитор мислам дека syncmaster t220 од samsung за тие пари е е еден од најдобрите во таа цена. За мобилни, галакси моделите се супер и вршат работа, петка екранчиња имаат оние поскапите модели и се доста корисни. Сега, имаат проблеми со закочувања и срања, мада тоа е повише до софтверот , пошто секој го крпи , а не толку до хардверот. За таблет, и галакси 10.1 не е лоша, има подобар екран од многу други таблети, што е мерак за користење ама пак iPad2 е малку побрз(ама па затоа има проблеми со флешот, додека галаксито нема толку).

Како и да е , се си има свои добри страни и лоши. Битно за секого кај нас ко потрошувач, да му врши работа, да му прави кеф( зависи од тоа колку истенчен вкус има) и да може да си го дозволи.
Смешно ми е кога некој ќе купи iPhone или HTC и ќе каже дека нема подобра фирма од таа! Секако дека има , и полоша и подобра! Битно е за тие малку пари шо ги имаме да го добиеме максимумот! А секогаш ќе постојат совршени продукти кои никад нема да си ги дозволиме. Факт е дека постои и Ферари од 1000000 евра, и е сто-пати подобро од новиот Пасат, да речеме, ама тоа може само да го сонуваме.

Темава треба да е за да се изнесат добрите страни на самсунг, на оние продукти што можеме да ги приуштиме, а не да ги споредуваме со оние поскапи. Увек ке има подобри од самсунг, и епл, па еден ден и од NEC :))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom