Многу корисен расказ:
http://joyfiend.blog.mk/2010/08/14/suisajd/
Мислам дека заинтересираниве на темава, ќе бидат задоволни, еве ќе ви го пастирам овде:
Суисајд
Вчера некако собрав храброст да го дофатам најдалечниот дел од себеси, а тоа сум јас . Дозволив да се впливам во водите на пластичната реалност и да се однесам себеси до заборав , до самозаборав. Вчера бедата лепливо ми се товари на грб. Вчера се обидов да се убијам себеси , да ја осудам околината со моето отсуство . Да пропатат тие крвожедни копилиња , кој беа научиле вешто да ја убиваат совеста во себе. Се решив на куршум во слепоочница , не сакав да се предомислам во процесот , а некаде прочитав дека се претпоставува дека е и безболно . Се снабдив со полуавтоматски Волтер чија задача беше да го распрсне мојот мозок. Ја бојадисав собата со најгнасната боја која ми дојди на ум, жолта , сина , црвена и црн тонер да во никој момент не почуствувам колебање. Пуштив старечки плач на аудио плејерот кој требаше уште толку да ги наелектризира моите самоубиствени чуства , и кој се покажа како многу корисен . Се снабдив и со Елцете 50 во случај да ме изневери храброста да го повлечам чкрпалото. Накитив се така добро , погодно за самоубиство се што ми требаше е моментот на селфдестракцијата . Во меѓувреме помислив дека би требало да го објаснам овој чин на хартија , но кога ќе го сторам тоа и нема да биде важно . А немав и никој близок кој би требало да ја знае причината , кога би имал таков сигурно ќе бев далеку од оваа тема .
Како и да е влегов во собата ја оставив вратата отклучена , да не мора да се крши , се насочив кон југ , добро се зацврстив , не дозволив да си трошам повеќе време и го повлеков чкрпалото кое ете скржаво го задржа куршумот во цевката . Пробав уште еднаш , двапати трипати , но бесполезно . Ми текна на хероинот врз кој сега починуваше некојси пајак , се нанервирав на ситуацијата . Во никој случај не сакав било каков сведок на мојот подвиг, па затоа го исфрлив принуден да ја отворам вратата од која сега влезе малиот Џокер единственото присуство во оваа куќа , веднаш налета на шприцот го зеде во уста и почна да си игра. Толку се стресив , ја почуствував течноста во ганот како единственото нешто останато за мене на оваа земја . Го удрив Џокер а тој го испушти Ганот од уста кој се распрсна на ледениот мермерен под , почустував како мојот живот вистински да завршил а замислете си јас допрва требаше да го сторам тоа . Џокер избега од собата а јас вџашен во парченцата од шприцот залипнав од плачење . Јас го изгубив сето она што го изживеав до вчера , секоја вистина се оддади и го смикна пердето од себе , секоја лага ги извади веќе зараснати ланци , злото надвисна над мене и заблеска во среќна екстаза а она што било добро некогаш го згрчи своето лице во кобна насмевка која што ветуваше болка . Во тој момент се присетив себеси дека самоубиството и не ми е вистински потребно , тогаш сватив дека јас живеејќи мртов си дозволив да чуствувам живот , кој доколку постои како таков е тешко удавен во срања. Станав од подот и продолжив да се движам кон надворешната врата , надевајќи се дека кога ќе ја поминам, ќе ја насетам промената во првиот здив на градскиот смог.
Но не надвор повторно ја најдов истата беда која и ја оставив така затмурена , и продолжив да одам и живеам во неа , но овој пат со себе , со самиот јас .
Автор:
Joy Fiend