Самоубиство!

Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Кога идеш со примери ...,се согласувам со Фити - тие што сакаат да привлечат внимание - не им е намера да се убијат (посебно девојките) затоа се решаваат со апчиња или некој метод што брзо може да се спречи да стане фатален.
Како што реков веќе -------- што има да се охрабрува или осудува кога веќе некој си го одзел животот - исто како што плачењето нема да го врати од мртвите .
Не ми кажувај примери шо крајот им се знае - да речеме момчето се напраило пуздер на тротоар од скокот или таткото се обесил на лулашките. - Вакви примери има и ќе има секогаш.
Целта е како да не дојде до тоа - да се обидеме да бидеме среќни и не ги повредуваме другите до таа мера .. ја знаеш онаа реченица (Среќен сум ако другите околу мене се среќни) - ретко која ја применува , а баш супер начин за задоволство на глобално и индивидуално ниво.
А што ако дојде до тоа. Милиони луѓе се среќаваат со потешкотии и се несреќни. Ако секој што помислил да си го одземе животот, го направел тоа, денес ќе изумреше нашата раса. Што е кога ќе дојдеме во таква состојба? Треба општеството и околината да најде начин да ги врати луѓето да суицидната помисла. Да им се укажат вредностите на животот. За тоа е потребна помош. Луѓе се бесат затоа што неможат да вратат долг од 5000 евра. Зарем толку вреди еден живот? Тоа е единствен проблем. Сега има случаи каде самоубиството е најдобар излез, објективно гледано. Но не треба тие случаи да ги земаме како аргумент за тезата дека секој кој ќе помисли да се самоубие тоа треба и да го направи. Чоекот шо се обесил на лулашки напраел 7 деца. И што ќе постигне ако се самоубие? Ќе ги остави сираци? Тогаш самоубиството е акт на егоизам. Ако ни е тешко да живееме заради себе, тогаш да живееме заради другите. А голем дел од проблемите кои ги тераат луѓета да посегнат по својот живот можат да се надминат.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
А што ако дојде до тоа. Милиони луѓе се среќаваат со потешкотии и се несреќни. Ако секој што помислил да си го одземе животот, го направел тоа, денес ќе изумреше нашата раса. Што е кога ќе дојдеме во таква состојба? Треба општеството и околината да најде начин да ги врати луѓето да суицидната помисла. Да им се укажат вредностите на животот. За тоа е потребна помош. Луѓе се бесат затоа што неможат да вратат долг од 5000 евра. Зарем толку вреди еден живот? Тоа е единствен проблем. Сега има случаи каде самоубиството е најдобар излез, објективно гледано. Но не треба тие случаи да ги земаме како аргумент за тезата дека секој кој ќе помисли да се самоубие тоа треба и да го направи. Чоекот шо се обесил на лулашки напраел 7 деца. И што ќе постигне ако се самоубие? Ќе ги остави сираци? Тогаш самоубиството е акт на егоизам. Ако ни е тешко да живееме заради себе, тогаш да живееме заради другите. А голем дел од проблемите кои ги тераат луѓета да посегнат по својот живот можат да се надминат.
Е баш така е , нема човек на светот што не помислил барем еднаш да си го одземе животот.
Да треба да најде начин , уствари треба да ги препознае суицидалните особи , нивните знаци и да ги свати сериозно.
Сигурно не вреди 5000 или било колку евра.
Поентата ми беше - да не се дозволи да се стигне до тој стадиум на размислување.
Акт на егоизам - кога некој е веќе мртов - нема ништо,не постои ..каков егоизам , кога некој е мртов се е излишано после тоа.
И да го осудуваш или не , сеедно ..кога веќе е МРТОВ - краен стадиум.

Да да , ете една причина , као шо кажав - тоа ќе помогне , да ги направиш другите хепи и со тоа и ти да се исполниш како личност.
Mutual satisfaction.

Последниот болд - лесно е да се каже , тешко е во пракса да се реши.
Не дај боже некад ние да се најдеме во таква ситуација:smir:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
А што ако дојде до тоа. Милиони луѓе се среќаваат со потешкотии и се несреќни. Ако секој што помислил да си го одземе животот, го направел тоа, денес ќе изумреше нашата раса. Што е кога ќе дојдеме во таква состојба? Треба општеството и околината да најде начин да ги врати луѓето да суицидната помисла. Да им се укажат вредностите на животот. За тоа е потребна помош. Луѓе се бесат затоа што неможат да вратат долг од 5000 евра. Зарем толку вреди еден живот? Тоа е единствен проблем. Сега има случаи каде самоубиството е најдобар излез, објективно гледано. Но не треба тие случаи да ги земаме како аргумент за тезата дека секој кој ќе помисли да се самоубие тоа треба и да го направи. Чоекот шо се обесил на лулашки напраел 7 деца. И што ќе постигне ако се самоубие? Ќе ги остави сираци? Тогаш самоубиството е акт на егоизам. Ако ни е тешко да живееме заради себе, тогаш да живееме заради другите. А голем дел од проблемите кои ги тераат луѓета да посегнат по својот живот можат да се надминат.
Самоубиството е акт на егоизам, но истовремено е и чин со кој целосно се поништува истиот.
Како можеш да очекуваш таквите да живеат за другите, кога не можат најпрво со себе да се справат. Не можеш со таков аргумент долгорочно да преобратиш некој од нив. Од наша гледна точка причините за самоубиствата се често банални и смешни (обично тие се само врв на ледена санта па затоа се неразбирливи), ама за извршителите не се. За нив се летални. Решението за овој проблем треба да се бара пред се во правилното воспитување, во менталната хигиена, во соочувањето со реалноста и тоа уште во најраната возраст на една личност.
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
За скроз сјебени личности кај шо нема назад ОК, нека одат кај шо тргнале. Но за жал умираат и многу млади и способни луѓе кои имаат причина да живеат. Нормално дека е тешко, и не дај боже да се најдеме во таква ситуација но зошто да не можеме да го решиме тој проблем. Општеството не е толку заостанато и јас сеуште верувам во солидарноста како човекова особина.
 
S

smart ass

Гостин
Општеството не е толку заостанато и јас сеуште верувам во солидарноста како човекова особина.
Не е заостанато но е морално ДЕГРАДИРАНО,не треба солидарност-туку човечност,не треба на сиромавиот некој да му дава социјалка-му треба работа инаку солидарноста па и човечноста зависат од многу фактори,ама како што гледам се губи човечноста,луѓето полека се трансформираат во животни кои се спремни да газат СЕ ПРЕД СЕБЕ за да ја остварат својата цел.
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Едноставно разбирање за правото на избор

Си дадов малку време да ги исчитам мислењата од предходните страни на темава, забележав дека скоро сите меѓудругото ја спомнуваат и точката за оправдување и осудување на чинот самоубиство. Ме зачуди како би рекле „не го оправдувам чинот“ (што повеќето го рекоа, па да не ги цитирам поединечно) ако ние не сме ги разгледале и анализирале сите формите на мотиви за самоубиството. Дали некој знае колку различни мотиви постојат? И како може да пресуди генерално, а да ги опфати со анализа само простите и веќе видените мотиви. Од досега што ве прочитав овде, скоро сите се сведувате на две три форми:
1. Заблуда со привлекување внимание и недораснатоста на тинејџерите (каде што може да се опфати секаков вид момент на нестабилност и заблуда, па и од храброст како на филмот таму некој што го постави);
2. Неможност да го израни семејството и долг од пари (некој спомна 5000 евра и дека не вреди давање живот за парите и додавање на титулата егоизам);
3. Одлука за прекин од взаемно психичко и физичко страдање (каде што некој рече и за кукавичност и бегање од проблемите т.е. гледање спас во смртта).
Зошто се сведовте на овие прости нешта, дали не сте виделе или почувствувале досега малку поразлични мотиви, малку пошироки сфаќања за одлуката да изгаси секакво дејство.. Дали кога осудивте дека не вреди мотивот со 5000 евра, помисливте дека можеби мотивот е малку подлабоко, а не површно во парите.. нели е логично дека човекот ја изгубил волјата да ги надмине причините за својот очајнички потег со самоубиство? Факт е дека сите причини се надминливи, но што ако немаме потреба да ги надминуваме, едноставно не сакаме да продолжиме со дишењето, тоа е нашата волја.. Проблемите генрално за свесни и разумни луѓе (меѓу кои и интелектуалци и генијалци), никогаш не биле вистинската причина за самоубиство, впрочем и не постои причина за самоубиство освен поведеност од сопствена волја без потреба за оправдување т.е. наоѓање причина. Зар не можеме да разбереме волја престанување на еден живот, сите некогаш ќе умреме, а и самото живеење е всушност бавно самоубиство..

Мислам дека самоубиството е малку повеќе од нашата или ваша досегашна имагианција за тоа. Како што рече Сабазиј, ние од овде ја гледаме само сантата лед што штрчи над вода, но оние што се решиле на самоубиство ја гледаат и под вода, за кој дел ние не можеме ни да си го претставиме, незамисливо е. Како би можеле да го осудиме така лесно базирајќи се на општите прости мотиви од поединците.. Најпрво индивидуалноста има можеби најголемо влијание, не знаеме колку различни луѓе постојат, колку карактери на луѓе воопшто сме ние запознале досега во нашиот живот? Светот чува 8 милијарди различни умови..

Дали го сетивте парадоксот што се случува со самоубиството: се изразува страв и кукавичност, а и воедно се побива истото со храбра одлука за линчување на себе си од живот. Што ако човекот е свесен од што се личнува, што е тоа живот, кои сѐ убави нешта ги нуди животот, дали тогаш се изразува и скромност со самоубивање, дали тогаш се изразува и пацифизам, ако е свесен за лишување од повредите што може да ги нанесе на луѓето во иднина ако би бил жив? Во умот на генијалците и интелектуалците се крие многу покомплексен мотив кој ние засега не можеме ни да го замислиме.. Парадоксот е присутен со сврзување на многу спротиставени поими заедно. Со едно самоубиство стануваш сѐ и воедно ништо. Тука ќе го додадам она: дали една чаша ќе е полуптразна или полуполна зависи од тоа како ќе ја погледнеме, може воедно да биде и тоа и тоа.

Не е наше да судиме и оправдуваме, наше е да се едуцираме за феноменот и да потикнеме едукација за секој разгледувајќи и анализирајќи ги сите мотиви и форми, бидејќи нивниот избор е само нивен, а нашиот - само наш!
 
Член од
21 април 2010
Мислења
100
Поени од реакции
33
Ја планирам утре да се самоубиам... ќе ме глеате на вести :D
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.695
Поени од реакции
11.907
za samoubistvo treba da se imaat madinja.....jas mislam deka koga veke si se resil treba da sredis uste nekolkumina pred toa....normalno nekoi koi go zasluzuvaat toa.....ako jas nekogas resam da se samoubijam pred mene na 'onoj' svet ke odat uste nekolku kreteni
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
41
Поени од реакции
3
Сигурен сум дека сите сме си го поставиле тоа прашање. Која е поентата на животот. Што следува после.. Дали има некаква цел нашето живеење?
Порано многу често си го поставува тоа прашање но веќе престанав... Често луѓето кога се разочарани од нешто во животот помислуваат на самоубиство...
Замислете го животот како една игра, во која не смееш да се откажеш, во спротивно ќе изгубиш. Сите оние кои се самоубиле, си го одзеле животот.Ја напуштиле играта. А играта ја напуштаат само кукавиците. Оние слабите, кои дошле тука за да победат а ќе заминат со пораз....
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Многу корисен расказ: http://joyfiend.blog.mk/2010/08/14/suisajd/
Мислам дека заинтересираниве на темава, ќе бидат задоволни, еве ќе ви го пастирам овде:

Суисајд


Вчера некако собрав храброст да го дофатам најдалечниот дел од себеси, а тоа сум јас . Дозволив да се впливам во водите на пластичната реалност и да се однесам себеси до заборав , до самозаборав. Вчера бедата лепливо ми се товари на грб. Вчера се обидов да се убијам себеси , да ја осудам околината со моето отсуство . Да пропатат тие крвожедни копилиња , кој беа научиле вешто да ја убиваат совеста во себе. Се решив на куршум во слепоочница , не сакав да се предомислам во процесот , а некаде прочитав дека се претпоставува дека е и безболно . Се снабдив со полуавтоматски Волтер чија задача беше да го распрсне мојот мозок. Ја бојадисав собата со најгнасната боја која ми дојди на ум, жолта , сина , црвена и црн тонер да во никој момент не почуствувам колебање. Пуштив старечки плач на аудио плејерот кој требаше уште толку да ги наелектризира моите самоубиствени чуства , и кој се покажа како многу корисен . Се снабдив и со Елцете 50 во случај да ме изневери храброста да го повлечам чкрпалото. Накитив се така добро , погодно за самоубиство се што ми требаше е моментот на селфдестракцијата . Во меѓувреме помислив дека би требало да го објаснам овој чин на хартија , но кога ќе го сторам тоа и нема да биде важно . А немав и никој близок кој би требало да ја знае причината , кога би имал таков сигурно ќе бев далеку од оваа тема .
Како и да е влегов во собата ја оставив вратата отклучена , да не мора да се крши , се насочив кон југ , добро се зацврстив , не дозволив да си трошам повеќе време и го повлеков чкрпалото кое ете скржаво го задржа куршумот во цевката . Пробав уште еднаш , двапати трипати , но бесполезно . Ми текна на хероинот врз кој сега починуваше некојси пајак , се нанервирав на ситуацијата . Во никој случај не сакав било каков сведок на мојот подвиг, па затоа го исфрлив принуден да ја отворам вратата од која сега влезе малиот Џокер единственото присуство во оваа куќа , веднаш налета на шприцот го зеде во уста и почна да си игра. Толку се стресив , ја почуствував течноста во ганот како единственото нешто останато за мене на оваа земја . Го удрив Џокер а тој го испушти Ганот од уста кој се распрсна на ледениот мермерен под , почустував како мојот живот вистински да завршил а замислете си јас допрва требаше да го сторам тоа . Џокер избега од собата а јас вџашен во парченцата од шприцот залипнав од плачење . Јас го изгубив сето она што го изживеав до вчера , секоја вистина се оддади и го смикна пердето од себе , секоја лага ги извади веќе зараснати ланци , злото надвисна над мене и заблеска во среќна екстаза а она што било добро некогаш го згрчи своето лице во кобна насмевка која што ветуваше болка . Во тој момент се присетив себеси дека самоубиството и не ми е вистински потребно , тогаш сватив дека јас живеејќи мртов си дозволив да чуствувам живот , кој доколку постои како таков е тешко удавен во срања. Станав од подот и продолжив да се движам кон надворешната врата , надевајќи се дека кога ќе ја поминам, ќе ја насетам промената во првиот здив на градскиот смог.
Но не надвор повторно ја најдов истата беда која и ја оставив така затмурена , и продолжив да одам и живеам во неа , но овој пат со себе , со самиот јас .


Автор: Joy Fiend
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Jas eve primer ako mi se desi nekoja rabota deneska da se skaram jako so nekoj sho mi znachi mnogu da se raspravam me faka kriza ddeka ke se samoubijam samo ... ama nemam hrabrost da go napravam.. I ko che mi pomini lutinata si mislam deka toa e chista ludosh:vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom