Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.426
- Поени од реакции
- 35.112
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Дали сте помислиле некогаш да си го одземете животот?
Не, не мислам да се убијам.
Поттик за темава беше „драмата” што се случуваше вчера во населбата Ново Лисиче.
Несекојдневна драма се случи вечера меѓу 8 и 12 часот во населбата Ново Лисиче, во зградата со куќен број еден на булеварот "Видое Смилевски Бато". Триесет и двегодишниот Драганчо Д., во очај, пред очите на педесетина присутни, што случајни минувачи што полицајци и новинари, стоеше на десеткатницата и се закануваше дека ќе скокне одозгора и ќе се самоубие. За среќа, трагедијата беше избегната, благодарение на брзата и правилна интервенција на полицијата. Околу пладне, конечно беше прекината неизвесноста. По маратонски преговори го полицајците разубедија потенцијалниот самоубиец да се откаже од намерите. Потоа го одведоа со нив, на разговор, да ги осознаат мотивите поради кои скопјанецот се решил на ваков чекор кој во неколку наврати си поигруваше со нервите на сите таму присутни.
Се почна утрината околу 8 часот. Вработените во поштата што е отспротива приметиле дека горе на кровот од зградата има непознато лице кое стоело и гледало удолу. Веднаш се јавиле во полиција и за се ги информирале надлежните служби. Неколку минути потоа таму дојдоа припадници на МВР. Пристигна и медицинска екипа. Долу на плочникот пред зградата, за секој случај, беше поставен воздушен балон. Немо гледајќи угоре кон Драганчо и очекувајќи го најлошото, присутните ги стегаа палците од рацете и се надеваа за најдобро од целата ситуација. Во спасувањето на момчето асистираа шест полицајци кои беа прикачени со јажиња за планинарење на ѕидовите на кровот од зградата. На крајот се добро се заврши.
Жителите од околните згради и од зградата број 1 не сакаа многу да говорат околу случајот. Еден човек на отприлика шеесетгодишна возраст, кој несакаше да си го каже името, рече само дека Драганчо му бил сосед и го познавал од видување. Знаел дека наводно освен таму имал стан и во Кисела Вода, но за тоа не беше сигурен зошто и покрај тоа што со момчето се среќавале не скршиле ниту еден единствен збор. "Ние мешатните не го знаеме многу, го сретнуваме по улица и во зградата и толку". Во Македонија според последните статистики на минатта година имало вкупно 96 обиди за самоубиство. Во обидите убедливо водат градските средини со 73 случаи, а во руралните се забележени 23 обида за самоубиство. Дури во 83 случаи се работело за обид за самоубиство со труење а спасени се со благовремената лекарска интервенција. Во обидите како мотив според консултираните полициски соговорници се наведуваат најчесто семејни караници, и психижки растројства. Во скоро 80 одсто од случаите, споре психолозите, најподложни за самоубиство, а според тоа и за обид за самоубиство, според полот се жените. Најчести "орудија" за самоубиство се отровот, огнените оружја и таблетите за смирување. Смалувањето на пристапот до овие средства е еден од факторите за намалување на бројот на самоубиства. Психосоцијалните интервенции со соодветен третман на менталните и нервните нарушувања меѓу ризичните групи луѓе се дел од методите со кои надлежните се борат против овој негативен тренд. Според експертите, постои превенција против самоубиството, преку согледувањето на факторите кои најчесто го предизвикуваат и нивно решавање и актуелизирање во соодветното општество.
Бројот на неуспешни обиди за самоубиство во светот е застрашувачки. Секоја година меѓу 10 и 20 милиони луѓе се обидуваат да го одземат сопствениот живот. Најголем е процентот во источно европските земји, меѓу кои се брои и Македонија, а најмал во Јужна Америка и во муслиманските земји.