#SamoKažem

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.526
Поени од реакции
8.691
Возраст
35
channels4_banner.jpg

Младата македонска актерка Ана Стојановска глуми во првата веб-серија за тинејџери од просторот на поранешна Југославија „Само кажем“, која ќе почне да се емитува на 7 ноември. Таа го толкува ликот на Александра, насмеана и оптимистична девојка, која секогаш е подготвена за добра забава. Сака да стане актерка, од Скопје да се пресели во Холивуд и со својот заводлив фустан да остави впечаток на патеката на славните, пишува Б92.

Премиера - два пати неделно

Серијата ќе се прикажува само на интернет - на официјалната страница на друштвената мрежа „Фејсбук“ и на каналот на сервисот „Јутјуб“. Нови епизоди ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 22 часот. Ваков начин на прикажување е иновативен и единствен во целиот регион.

„Приказната е фокусирана на едно необично лето во животот на неколку девојки и момчиња. Тие доаѓаат од различни земји што се граничат една со друга. Но жителите на тие држави неволно ги поминуваат границите. Зборуваат различни јазици, но одлично се разбираат. Делат исти соништа и стравови, но досега немале шанса за тоа да зборуваат. Се запознаваат сосема случајно и стануваат пријатели“, се вели во српските медиуми.

На „Фејсбук“

и „Јутјуб“ 26 епизоди

Продуцент на серијата е „Фонд Б92“, а извршен продуцент е „ТунаФиш студио“. Режисер е младата Јелена Гавриловиќ од Белград, а на саундтракот на „Само кажем“ се најдоа песни од Вуду Попај, Владо Георгиев, „Стреј дог“ итн. На каналот на „Јутјуб“ и на „Фејсбук“ ќе бидат емитувани 26 епизоди од по пет минути. Покрај Ана, главните улоги ги толкуваат и Милена Станиќ, Младен Совињ, Ана Мандиќ, Давор Голубовиќ и Бујар Ахмети. Во една епизода се појавува и српската фолк-ѕвезда Драгана Мирковиќ. Во најавата за „Само кажем“ стои „Оваа програма не е погодна за постари од 21 година“.​
dnevnik
___________________________________________________________________________​
Трејлер
1 епизода
 
интересно ми изглеаааааааа!
 
лошо.
ни асален вовед ни ништо.
 
Се молат да се преберат децата ради трчање, ќе се дели вечерата. Опрајте се ајде. Не ми личи woш.

Ме заинтригира трејлерот, сега ќе изгледам првата епизода.
Ми се допаѓа што се шири webisodes концептот, поготово е добитен за low end продукција.
 
Ми изгледа на хипстерско нешто каде што млади ќе зборат на литературен јазик али ај ќе видиме коа ќе излезе.
 
hipster alert

ќе има хејтање општество
и имаше сцена у воз...ова традиција (покрај цицки) да не е за балкански филмови?
 
Зар никој овде не ја гледа серијава. Мене ми е супер серијава ,кратки епизоди,супер музика,супер друштов се овие собрани во серијава..
 
Ја изглеав цела и ми се допадна многу многу. Како голем фан на Skins (британското), и ова ми се допадна премногу.
Нормално малку е кратко, јер краток формат али интересно снимано, дијалозите ми се допаднаа ликовите.
Чекаме втора сезона сега :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom