До сега, сите случаи кои ги познавам целат кон нешто многу повеќе од таква врска на измачување. Планираат оформување заедница а.к.а најскоро можно рипање во тавче, наоѓање сопствен дом и создавање потомство.
Секако нелогично е, нели, да сонуваш за сето тоа иако си свесен за се што ти се случува. Да, свесни се. Но, сите имаат своја приказна.
Истите тие случаи имаат различни типови врски со различни проблеми. Рецимо, партнерот не им ја возвраќа љубовта, но по секоја цена остануваат заедно; секојдневни стресни ситуации во врската на кои во никој случај не ставаат крај, па дури и изневерување од едната страна и одење "преку тоа" како да не се случило ништо, без никакво прекорување и преречување.
Сите тие се нашле во вакви ситуации, но како и да е, имаат едно заедничко: минато (прва причина). Минато кое оставило трајни последици во нивното сеќавање: лоша состојба во семејството, насилство, недоверба, расправии.. И доволна е претставата од едно кафе-пиење во нивниот дом со нивните родители за да ти стане јасно. Без срам, таткото ја изневерувал мајката додека дома имаат 2 дечиња, потоа алкохоличари, психопати и што уште не.
Не признавајќи, по секоја цена бараат начин, ја бараат првата шанса која ќе им се пружи за да се извадат од тоа, да избегаат, со што всушност, не согледувајќи влагаат во уште помачна ситуација за нив. Сето она што го пребродиле во врската нема крај, ете ќе гледаат светлина на крајот од тунелот која повторно ќе им се смрачи. Но, тоа го немаат на ум, бидејќи ако го имале, немало да остануваат во врска со човек кој не им одговара и да ги поднесуваат сите проблеми, секојдневно. Ма, и да го знаат тоа, единствено што ги засега е да се извадат од ситуацијата. Денес ја изневерил, утредента се вериле, наредниот ден раскинуваат, повторно се заедно, потоа е бремена..
Сум се обидела и со советувања и сум одела во крајности, жално е да гледаш како некој пропаѓа, сепак.. Но, ништо не помагало. Ако нивната психа не им кажува каде е доста, џабе се секакви причини и последици кои им ги наведуваш за да се извлечат од сето тоа.
Втора причина, тие веруваат дека на 18 годишна возраст нема да најдат друг човек во својот живот, по оној последниот и затоа се држат до него по секоја цена. Тоа им е врежано во главата и ќе бидат несреќни од страв да не останат сами.
Трета причина, наместо пријатели кои не можат да ги стекнат, си бараат некој кој ќе го "влечкаат" насекаде со нив.
Уште мал милион примери има, но мислам дека доловено е она главното.
Лично за себе, многу ги осудувам таквите случаи. Она што го прават не е одговор на проблемот, а проблемот го чинат самите. Доволно е да погледнеш малку подалеку од тие две личности кои се измачуваат една со друга за да согледаш разумно решение.
Јас не сум секогаш зафатена, но и кога сум не се однесувам како болна личност, која контролира се, поднесува се и не знам што, само за да остане со тој некој кој не го заслужува тој труд.
Така што, многу јасно дека подобро би била сама сиот живот, отколку да поднесувам било што од наведеното. Прво не би дозволила, а камоли издржала.