Сам/а сум?

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Живот како живот, ќе си донесе и интересни и досадни моменти...
Ви се има ли случено кога за нешто се’ имате испланирано и на крај да останете сами?
Дали сте биле дел од моментите кога пред вас имате премногу опции за избор, а за само неколку секунди повторно останувате сами без никаков избор?
Што правите кога сите прават нешто заедно, а само вие од “х“ причини сте дома и седите сами?

едит: И ќе заборавев да прашам:
- Како се чувствувате во тие моменти на самотија?
 
моментално сум сама требаше да одам со моите у друг град кај роднини али не отидов ради закажан испит и така сега си седам на форумов си пишувам чат пат учам досадно али тоа е не сум у некоја депресија и не ме фаќа некоја голема тага :toe:
 
Сите другари отидоа на базент, а јас дома учам македонски за матура, ама паметот не ми е во книгата туку ми е на базент.
 
Кога останувам сама дома, тоа најчесто е по мој избор. Мојата асоцијална природа понекогаш бара малку повеќе внимание. Друга причина е ако не ми е изборот на место по мерка, што значи не го напуштам моето огниште по секоја цена.
 
Ми се има случено,на кој не.Сум била во таква ситуација,да имам премногу голем избор и на крај по некоја случајност да останам и да дремам дома сама,ама ништо страшно.Во тие моменти гледам да си најдам некоја занимација,многу ретко размислувам што ќе се случеше ако излезев,затоа што така само си правам полошо на себе,а и со тоа желбата за излегување ми се зголемува,па нормално станува полошо после.:) Еднаш ќе седиш дома,еднаш ќе излезеш.Неможе секогаш се да ни е по мерка и по кеиф.:) Ептен некогаш ако тоа излегување било мнооогу важно знам да се почуствувам глупаво и до некој степен тажно,но поминува.Си се тешам со:“Ќе има нареден пат“ или слично и брзо заборавам на тоа.:)
 
Не сум до толку нерешителна за да останам на крај “сама“. Ќе останам само ако јас така си одберам.
И не би го нарекла тоа “момент на самотија“, премногу грубо звучи и асоцира на ситуација во која сите ти го имаат свртено грбот, никој не те поддржува за ништо и сам треба да се снаоѓаш за се`. Ал ко што сфатив од темата, тоа би му дошло како момент на конфузија, хаос во главата и несредени мисли, па затоа на крај дошло до “празни раце“ моменат.:toe:
 
Секогаш радо останувам сама отколку да одам некаде со другите.
Едноставно, имам време за себеси, да размислувам за мене, да се сакам бесконечно. Да, многу себично, но ја сакам самотијата. Ми дава некое пријатно чувство на задоволство и слобода.
 
Па се случувало, другарките да се на работа или се зафатени и не излегуваат, ама ако толку многу ми се излегува пак ќе најдам начин да излезам, наоѓам друштво секогаш. Значи ќе останам сама дома доколку јас така сакам, ако и мене не ми се излегува или имам некоја друга работа, инаку друштво секогаш може да се најде.
 
Се случило. Се случило да бидам сама, сите да ми откажат и слично. Сепак сум правела комбинации. Или дома ќе останам или сепак ќе си излезам и кафе ќе си испијам, макар и сама. Самотијата како ми делува...зависи...зависи од периодот. Некогаш знае да ме бутне у поголема депресија, да размислувам за се, а некогаш па добро ми доаѓа да се одморам од сите и од се.
 
се дешава.. често пати ми се случило да имам 300 планови и после пола саат сите да се растурат и да си останам дома денгубејки на форуми мсн или некои игри, порано се нервиав сега ми е онака мање више, досада си е досада нема човек што нема моменти кога го обзема истата. А додуша ми се имаат случено и обратни ситуации, да нема каде да се иде, и во рок од 15 минтути да неможеш да одбереш каде да одиш, такви па повеќе мразам, пошо ке треба да шитнам одредени луге. Во главно мразам планови во 5 до 12, секогаш практикувам барем 6 саата унапред. детс ол фоукс
 
Гледам телевизија, читам книга или сум на компјутер.
 
Сам ОУ ЈЕА,кога ќе се распуштам музика,мераци:icon_cool:icon_cool:icon_cool
 
Ми се случува ,но се е мој избор ,го користам времето најдобро што можам ,не ме плаши самотијата ,знам да ја искористам .
 
Има периоди во кој самотијата ми одговара и кога сакам едноставно само време за себеси.Но има и периоди во кој морам да бидам опкружена со луѓе..
Е сега кога сите прават нешто а ја сум дома-ми се има случено т.е. ми се случува да неречам-МАТУРА.Бедно искуство.Спречен си од многу учење и филингот и не е баш најубав.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom