Сам/а сум?

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
Па, ми се има случено. Баш кога најмалку очекував..
е тогаш онака психички нагло ќе ослабам, како и секој кога е осамен, како да немам волја за ништо,ама претежно ако се чувствувам така, ќе напрам муабет со мајка ми... има многу да ми кажува за такви работи, а и знае да ме расположи понекогаш.
 
Јас пак неможам да се начекам да бидам сам...

Инаку, ако останам сам по било која случајност, сум кефој, и имам 1500 работи што можам да ги правам.
 
Па ми се случило, еве пред некоја недела. Убаво саботно попладне, имав повеќе работи кои можам да ги правам за да го искористам најдобро што можев денот, ама сепак во последен момент решив да не одам и да останам сама дома. На моменти се каев, на моменти пак и си реков што ако одев кога нема да бев расположена. Сепак е прашање на моментот, но некогаш поубаво е да останеме сами, да се средиме со мислите (иако јас ретко кога останувам буквално сама повеќе сати, не поднесувам самотија)
 
Во ова турбо време, кога во секој момент се случуваат милион работи, било да се тоа од светска важност, било да се едноставно меѓу нашиот круг на познаници, самотијата ми е добредојдена, со самото тоа што ретко се наоѓам во таква ситуација... За мене е priceless...:)
 
Јас пак цело време се чувствувам како сите опции да ми се на дофат, а јас седам со скрстени раце или аман веќе со тие патеките ама ете, метафорично не тргам нити по една.
Само по стари изодени калдрми чекорам и веќе треба да земам диплома за маратонско останување во дисциплина `полужива`.
Еден сам зомби сум, а никој не би рекол дека сум саможива ете особа нека биди не личност.
 
самотија .... обично ми годи да ... сакам да сум сам, секој ден поминвам минимално по 6-7 сати ако не и појќе сам. Во поголем дел од времето уживам во самотијата (ова самотија малце грдо звучи ама не ми текнува како да го преформулирам сеа), а не велам дека и нема моменти ко сакам да имам со некој да си попрам муабет итн итн. Е ко ќе дојдат такви моменти стално си викам некој на гости, или одам на гости :) или ќе си попрам муабет со цимерите ако се тука ... во краен случај па пишам на мсн (добро то посекако нон стоп пишам :icon_lol:)
 
Сам сум и дремам пред компјутер...што и не е нешто ново и невообичаено така да исто ми иде дали сум сам или не.
 
уфффф обожавам кога сум сам дома...зверски е...:vozbud:
 
Порано многу сакав да сум сама, но сега и не баш,сега повеќе сакам да сум опкружена со луѓе.
Иначе и на мене ми се има десено да останам сама дома покрај толку планови ... сепак на кој не.
Најчесто сум у депресии поради тоа, но веќе почнав да се навикнувам така да не ми претставува некој голем проблем.:smir:
 
Сама.. Хмм.. би си пуштила музика и би легнала да одмарам, или пак би викнала друштво.
 
ТЕМАВА МЕ погодува у срце :vozbud::( шитови ......иам премногу да дискутирам но сепак Др пат :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom