Салати

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
САЛАТА СО МАСЛИНКИ

за 4 лица
-5 лажици мајонез
-25 даг младо сирење
-16 црни маслинки
-2 нарендани моркова
-2 помали домата, насечени на резанки
-2 млади кромитчиња
-1 помал целер, бланширан и нарендан
-4 лисја зелена салата
-сол, црн пипер
-1 дл вински оцет
-1 лажица насечкан дробњак (може магдонос)
-неколку капки лут чили или табаско-сос
-4 тенки криспи
Мајонезот, наренданиот целер, насечениот кромпид, солта, црниот пипер, лутиот сос, киселината и насечканиот дробњак ги мешаме во подлабок сад. Го додаваме сирењето насечено на коцки и дел од наренданите моркови, лесно ги мешаме. Сервираме на чинија, што претходно сме ја обложиле со лист салата и преостанатиот нарендан мокров, врз салатата ги ставаме маслинките и доматот насечен на резанки. Украсуваме со криспи резанка и со лисја од целер и магдонос.
 
ОРИЕНТАЛНА САЛАТА

за 4 лица
-8 лажици мајонез
-2 лажици сос од соја
-половина лажичка нарендан ингвер
-1 чешне насечкан лук
-четвртина лажичка насечкан чили
-125 г кинески тенки резанци
-сол
-1 лажица сусамово масло
-350 г свински бут, насечен на тенки парченца
-1 црвена пиперка насечена на парченца
-1 мала крставичка, излупена и насечена на мали парченца
-125 г варена, многу млада боранија
-4 главички млад кромид, насечен на резанки

Ги мешаме мајонезот, сосот од соја, ингверот, лукот и насечканиот чили. Во врела посолена вода ги вариме тестенините, ги цедиме и добро ги оладуваме. Во тиган или во вок малку го пропржуваме свинското месо (3 до 6 минути), потоа го ладиме. Во мајонезовата смеса ги ставаме тестенините, свинското месо, пиперката, боранијата, краставичката и кромидот и сето добро го промешуваме. Сервираме како самостојна салата.
 
ЕДНОСТАВНА САЛАТА СО ТЕСТЕНИНИ

за 8 лица
-10 лажици мајонез ,
-3 лажици сок од лимон
-2 лажици кисела павлака
-1 мала лажичка сенф
-сол, мелен црн пипер
-225 г тестенини во форма на машнички
-1 лажица масло
-50 г кисели краставички
-1 црвена пиперка
-1 жолта пиперка
-1 мала главица кромид
-сечкан дробњак или магдонос


Ги вариме тестенините во врела вода, во која сме додале сол и неколку капки масло. Ги цедиме и ги плакнеме со ладна вода, повторно добро ги цедиме. Краставичките, пиперките и кромидот ги сечеме на мали резанки. Со метличка во одделен сад ги матиме мајонезот, лимоновиот сок, сенфот, киселата павлака, сол и црн пипер. Ги додаваме тестенините, пиперките, краставичките и кромидот и лесно промешуваме. Покриваме и оставаме половина час во ладилник. Сервираме во чинија, на која претходно сме ставиле лист зелена салата. Посипувамо со насечкан дробњак или магдонос.
 
ЗЕЛЕНЧУКОВА САЛАТА СО ОРИЗ

за 6 лица
-11 лажици мајонез
-1 лажица сок од лимон
-1 мало чешне ситно насечкан лук,
-сол, мелен црн пипер
-175 г варен и оладен ориз
-150 г крупно нарендани моркови
-3 помали страка млад кромид, насечени на мали коцки
-1 жолта пиперка, насечена на куси резанки

Мајонезот, лимоновиот сок, лукот, сол, црн пипер ги мешаме во поголем сад. Го додаваме варениот, исцеден и оладен ориз, наренданиот морков, пиперката и насечениот млад кромид. Сево ова добро го промешуваме, го покриваме и го ставаме во ладилник.
 
САЛАТА ОД КОМПИРИ СО СЕНФ

за 6 лица
-16 лажици мајонез
-1 лажици сенф
-2 лажици оцет или сок од лимон
-1 лажица насечкан свеж или половина лажичка сув копар
-сол, мелен црн пипер
-700 г варени компири, насечени на помали парченца
-8 црвени трупки насечени на ливчиња
-6 помали млади кромитчиња, насечени на ливчиња

Во сад ги мешаме мајонезот, сенфот, оцетот или лимоновит сок, насечениот копар, додаваме сол и црн пипер, а потоа уште и компирот, црвените трупки младиот кромид. Го покриваме садот и го ставаме во ладилник. Украсуваме со гранче копар.
 
КЛАСИЧНА САЛАТА ОД КОМПИРИ

за 8 лица
-16 лажици мајонез
-2 лажици вински оцет
-сол, мелен црн пипер
-2 кг варени компири, насечени на тенки ливчиња
-1 средно голема главица кромид, насечена на ливчиња
-2 тврдо варени јајца, насечени на тркалца

Во сад го промешуваме мајонезот со сол, црн пипер и оцетот. Ги додаваме насечените компири, кромидот и јајцата. По вкус може да додадеме уште и насечени лисја целер, претходно малку сварени. Лесно ја промешуваме целата маса. Сервираме во плитка чинија или во длабока чинија, украсуваме со тврдо варено јајце.
 
ИТАЛИЈАНСКА САЛАТА СО ТЕСТЕНИНИ

за 6 лица
-12 лажици мајонез
-2 лажици вински оцет
-1 мала лажичка ситно насечкан лук
-1 лажица насечкан свеж босилек или мала лажичка сув босилек
-сол, мелен црн пипер
-175 г спирални тестенини
-175 г домати
-1 зелена пиперка
-10 црни маслинки без коски
-1 лажица масло


Тестенините ги вариме во врела вода во која сме додале малку сол и неколку капки масло, ги плакнеме со ладна вода и добро ги цедиме. Доматите и пиперката ги сечеме на помали коцки, маслинките ги сечеме на тркалца или на резанки. Во сад го мешаме мајонезот со сол, црн пипер, оцет, босилекот и лукот, додека смесата не се изедначи. Ги додаваме тестенините и пиперката и сето тоа заедно го мешаме. Садот го покриваме и го ставаме во ладилник. Украсуваме со ливчиња магдонос или со резанки домат.
 
РУПКАВА САЛАТА ОД КОМПИРИ

за 6 лица
-12 лажици мајонез
-2 лажици оцет
-225 г ситно сечена зелка
-1 конзерва тун (185 г)
-40 г морков
-1 помала зелена пиперка
-2 лажици ситно сечкан кромид
-2 помали ќесички чипс-компири
-сол, црн пипер

Тунот од конзерва го цедиме и го сечеме на мали парченца. Морковите ги рендаме покрупно, а пиперката ја сечеме на мали коцки. Во сад го мешаме мајонезот со оцет, сол, црн пипер, ги додаваме месото од тун, морковот, зелената пиперка и ситно насечканиот кромид. Сето тоа добро го мешаме, пред сервирање додаваме чипс-компирчиња и повторно лесно промешуваме.
 
ФИНА САЛАТА ОД ЗЕЛКА

за 10 лица
-11 лажици мајонез
-3 лажици сок од лимон
-сол
-бел пипер
-малку мелен ким
-700 г ситно насечена зелка
-110 г ситно насечен морков
-1 помала исчистена зелена пиперка, насечена на резанки

Во сад со мешалка добро ги мешаме мајонезот и сокот од лимон, сол, белиот пипер и мелениот ким. Ги додаваме зелката, морковот и пиперката и лесно ги промешуваме. Сервираме ладно, украсуваме со тркалца моркови и зелка.
 
ТУРСКА ВАЛДОРФ САЛАТА

за 4 доб лица
-11 лажици мајонез
-2 лажици сок од лимон
-сол, мелен црн пипер
-275 г варено месо од мисирка или пилешко, насечено на парченца
-2 црвени јаболка, наечени на коцки
-2 до 3 фиданки млад целер, насечкан на ливчиња
-50 г јадро сечени или толчени ореви

Во сад го мешаме мајонезот со сокот од лимон, сол и црн пипер. Ги додаваме месото од мисирка, јаболката, врз кои претходно сме капнале по неколку капки лимонов сок за да не оксидираат, целерот и половината насечени ореви. Сево ова повторно го мешаме, го покриваме и го оставаме еден час во ладилник. Сервираме ладно на чинија или во подлабок сад, одозгора посипуваме со преостанатите ореви и украсуваме со ливчиња целер.
 
ПИКАНТНА САЛАТА ОД ПИЛЕШКО И КОМПИРИ

за 6 лица
-700 г насечени пелати од конзерва
-700 г на парченца насечен свеж домат
-6 до 8 стракчиња млад кромид, ситно насечен
-1 лут феферон, ситно насечен, без семки
-мала лажичка сол
-16 лажици мајонез
-3 лажици сок од лимон
-мала лажичка чили во прав
-половина мала лажичка мелен или столчен ким
-900 г варени млади компири, насечени на ливчиња
-350 г варено пилешко месо, насечено на тенки ленти
-по половина од голема црвена и жолта пиперка, насеченo на мали коцки
-мала лажичка насечкан лист од целер
-тркалца лимон

Во средно голем сад ги мешаме: мајонезот, сокот од лимон, чили во прав, здробениот ким, сол, насечканите лисја од целер и феферонот. Постепено ги додаваме доматите, пелатите, младиот кромид, компирот, пилешкото и двете половинки разнобојна пиперка. Лесно промешуваме и оставаме да одлежи на ладно најмалку половина час. Сервираме оладено на лист зелена салата и украсуваме со резанки лимон, чипс, феферон и лист од целер.
 
САЛАТА СО ТУН И ТЕСТЕНИНИ

за 6 лица
-18 лажици мајонез
-2 лажици сенф
-1 лажица свеж, насечен или половина лажичка сув пехтран
-сол, мелен црн пипер
-225 г тестенини во форма на школки, варени, исплакнати со ладна вода, добро исцедени
-450 г варена, добро исцедена боранија (може и замрзната боранија)
-1 конзерва (165 г) тун, исцеден и насечен на резанки
-1 мала главица ситно насечкан кромид

Во поголем сад ги мешаме мајонезот, сокот од лимон, сенфот, сол, мелен пипер и пехтранот. Потоа ги додаваме тестенините, боранијата пресечена на половинки, тунот, кромидот и сево добро го промешуваме. Масата ја ставаме барем два часа во ладилник. Сервираме во чинија, украсуваме со лисја од салата и резанки домат.
 
Tarator

1 krastavica
100 gr. maslo
1/2 kgr. kiselo mleko
3-4 ceshinja luk
sol

Stavete go lukot vo drvena vaganka, dodajte sol i tolcete se dodeka lukot ne se istolci dobro. Vo taa smesa postepeno dodavajte maslo i matete dodeka ne dobiete smesa slicna na mleko. Vo taa smesa dodajte go kiseloto mleko ubavo izednacete ja smesata i na kraj dodajte ja krastavickata iseckana na sitni kocki.
(bi sakala da pisuvam kirilica, ama nemozam/neznam da se snajdam)
 
Бич што направи бе, бреееј браво, браво, ако знаеш да ги правиш кога да ти дојдам на гости за дегустација? :)

Незнам како се вика али многу е вкусна (мислам фанцуска)

1 павлака
1 текла кисели краставички
300 грама пилешка прса сецкани на мали коцки
50 грама рендани ореви
200 грама кашкавал
2-3 големи лажици мајонез
Некој зачини, не ги памтам
сол и бибер

Све сецкате и после мешате
 
Lolita напиша:
Tarator

1 krastavica
100 gr. maslo
1/2 kgr. kiselo mleko
3-4 ceshinja luk
sol

Stavete go lukot vo drvena vaganka, dodajte sol i tolcete se dodeka lukot ne se istolci dobro. Vo taa smesa postepeno dodavajte maslo i matete dodeka ne dobiete smesa slicna na mleko. Vo taa smesa dodajte go kiseloto mleko ubavo izednacete ja smesata i na kraj dodajte ja krastavickata iseckana na sitni kocki.
(bi sakala da pisuvam kirilica, ama nemozam/neznam da se snajdam)
леле ме попали со рецептов какво узо иде со него лелееееееее фала ти конечно и сам ке направам некогаш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom