Салати

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Oмилена салата ми е од поховани тиквички,едно парче сиренце одозгора со буковец,патлиџан и похован карфиол оуууууууууууууууу ќе си мезам до сабајле :nesvest:



Не мора да е пахована тиквичката, само во брашно и испржена, со малку киселина и бело вино....
 
Знам затоа и го спомнав, јас имам во еден ресторан јадено,на скара испржени, не можам да го заборавам вкусот.
Веќе кога сме кај салатите пробај исто и модар патчиџан на скара пржен со брашненце и уфффффф пак со бело винце ЗАКОН !
 
Салата

пола кило сирење (гмечено со вилушка)
300 г. шунка (сечена на коцки)
макарони
3 павлаки
мајонез

Ја обожавам оваа салата, а и шопската.
 
Francuska salata obozavam ali so e mozno pomalku orevi hehe,inace zelka salata sekojdnevno konzumiram ..kisela i zdrava:pipi:
 
Шопска которска секаква јадам
 
САЛАТА СО ТУНА
Потребни Состојки:
-500 гр. домати
-2 пиперки (црвена и зелена),
- 1 главица зелена салата,
- 1 кутија туњ,
- оцет, сенф, сол,
- 3 кисели краставички,
-100 гр маслинки (црни и зелени) ,
- 2 тврдо варени јајца,
-2-3 мали краставички за украсување.
Подготовка:
Исчистените пиперки исечте ги на половина, а потоа на резанки. Доматите исечете ги на кришки, отстранете ги семките и сокот. Зелената салата исцедете ја од водата и наредете ја на дното на чинијата за салати. Туњевината иситнете ја, додадете го маслото од конзервата, сенф, оцет, малку сол, и на тркалца исечените краставички. Додадете ги доматите и пиперките (малку намастени) и дел од маслинките, внимателно измешајте и наредете ја смесата во чинијата за салата. Салатата украсете ја со тркалца тврдо варени јајца, краставички и маслинки. Служете со топли лепчиња или црн домашен леб.
 
Англиска салата

СОСТОЈКИ
• 0.5 кг компири
• целер
• 1 јајце
• 1 кисело јаболко
• масло
• сол и бибер
ПОДГОТОВКА
Сварете ги компирот, јајцето и целерот. Потоа, излупете ги и исечкајте на ситни коцкички. Се мешаат заедно со излупеното и изрендано јаболко. Се додава сол, бибер и масло. Се сервира во чинија за салата. По желба, може да гарнирате со половинки лимон или да додадете оцет.
 
Сите салата ми се вкусни...Голем љубител сум на јадење па какво сака нека е, од се сакам да пробам...Едноставно дегустатор сум си...:smir:
 
:D

Зелена салата со ракчиња

- 200 гр. речни ракчиња слимс
- 5 маслинки
- 1 лимон
- за декорација ротквички, морков и француски магдонос
- 100 гр. мајонез
- 100 гр. павлака
- 1 варено јајце
- зелена салата
- јаболков оцет
- сол и црн пипер


На даската за сечење ги сечкаме листовите зелена салата. Потоа ги редиме на чинијата за сервирање. Врз салатата ги редиме претходно обарените ракчиња. Вареното јајце го сечеме на четвртинки, кои ги редиме на четири краја на салатата. Павлаката ја мешаме со мајонеот и додаваме мелен црн пипер. Посолуваме и го додаваме оцетот. Со кафена лажица се убаво промешуваме. Преливот го ставаме на средината на салатата, а врз него уште еднаш расфрламе од ракчињата. Украсуваме со цвет од ротквичка и гранче француски магдонос на средината на чинијата. Маслинките ги сечкаме на половинки и ги редиме по целата салата. Лимонот го сечкаме на тенки кругови, со кој исто така ја декорираме салатата.

98% od sostojkite ne gi jadam ne samo od tvojata salata tuku i od site drugi taka da najubava salata samo so zelkicka ili krastavica ili domat ako e so domat odozgora so sirenje i prsti da izlizes! :D
 
Денес ми се јадеше салата па си направив со тоа што имав. Компир варен, шунка, мајонез, павлака и печурки. Може да се додаде и малку кашкавал на ова би било супер, ама јас немав до ма а искрено многу ме мрзеше да излегувам до продавница, па... Испадна навистина супер!
 
Леле само колку јадам салати,тоа е чудо
 
Салата од туна и пченка
Состојки: туна, пченка, 1 супена лажица мајонез или павлака.
Брзо, лесно, вкусно и ефтино.

Ова јадење нема да ве чини повеќе од 100 денари, ако не ги употребите најскапипе намирници. Поефтините исто така се доста вкусни.

Ќе земете една туна, без разлика дали е во масло или во солило. Најпожелно е на конзервата да пишува low fats, ако се одлучите за туна во масло, а исто така туната да е исецкана.
Исто така, ќе земете и една конзерва со пченка.
Земате едно подлабоко садче, во кое ќе можете да ја измешате убаво салатата. Туната ја цедите од вишокот на зејтин, истото го правите и со пченката. Ги истурате смесите во садчето и мешате.
Салатата ќе биде многу повкусна, ако додадете една супена лажица мајонез. Сепак, ова не им го препорачувам на тие што сакаат да ја редуцираат својата телесна маса. Овие особи најпогодно ќе биде во салатата да додадат 1 супена лажица павлака.

Оваа салата е најпогодна за деновите на пост, бидејќи туната е риба, а зејтинот во кој туната е конзервирана е од растително потекло. Тие што постат нема да додадат павлака.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom