Сакаме ли во ЕУ и на кој начин?

  • Креатор на темата Креатор на темата POWER-MKD
  • Време на започнување Време на започнување

Сакате ли Македонија да влезе во ЕУ и на кој начин?

  • Да, но со Уставното име, достоинствено

    Гласови: 76 67,3%
  • Да, со ПЈРМ,привремено

    Гласови: 4 3,5%
  • Не, во никој случај ЕУ

    Гласови: 29 25,7%
  • Не, додека не се реши спорот

    Гласови: 4 3,5%

  • Вкупно гласачи
    113
  • Гласањето е завршено на .

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Целта на оваа тема ми е само анкетата, да се види дали наавистина сакаме во ЕУ.Ќе бидат понудени повеќе опции, па изберете една.:smir:
Секако, може и коментари, но натаму не навлегувам, зашто мислам дека ќе се направат повторно препукувања и навреди.
 
Мое лично мислење е дека не треба ни да го спомнеме ЕУ,бидејќи некои од нив првин би требало да не признаат па потоа да правиме муабет за ЕУ дали сакаме или не
 
Јас лично не сум баш некој обожавател на ЕУ од повеќе причини. Како и да е, јас не сум фактор, а влегувањето во ЕУ е желбата на поголемиот дел од луѓето и тоа се дел од аспирациите на секоја политичка елита во Македонија. Ако веќе влегуваме, да влеземе достоинствено, без клечење и молење, без подлегнување на никакви уцени и без промена на работи кои се свети за оваа држава како што е идентитетот. Заеби ти визно олеснување, ако немам јас достоинство. Заеби одење во Лондон, ако треба да одам со наведната глава.
 
Сум за ЕУ. НО, како Македонец од Република Македонија.
 
power mkd mislam deka trebase da stavis i opcija
da sakam vo eu so ``skrsena kicma``, zasto taa opcija e vo igra isto vsusnost e i zalozba na edna politicka opcija koja pretendira da ja vodi drzavata
 
vo dosegasnite postovi gledam samo pusti zelbi,na makedonija ne i e mesto megu goveda koi svoite zakoni gi tolkuvat so dvoen arsim...neka ne priznaat prvin kako makedonci pa posle bi pregovaral so niv....neka gi pritisnat nasite sosedi sto se clenki nivni da go priznaat makedonskoto malcinstvo vo nivnite zemji....e zatoa sto ova gore navedenovo nema nikakvi sansi da go ostvarat kategoricno sum protiv vlez na makedonija vo smrdlivata evropa
 
Гласам Не за ЕУ (во никој случај).
Бидејќи другите предложени опции ги сметам за нереални, а имено:
1.-(БЛ)ЕУ јасно кажаа: Немаме шанси да влеземе под уставното име. Оваа опција ќе биде реална ако се покрене постапка за прием во ООН под името Македонија. Засега, такво нешто не гледам.
2.- Ова е можно, ама имајќи ја во предвид "солидарноста" која владее во таа унија, е многу малку веројатно.:toe:
4. - Спорот не може да се реши. Ако се реши ќе се реши на наша штета..
Единствена реалност е дека нема да влеземе во ЕУ, која,дај боже час побргу да се растури (не за друго, туку овие исфрустрираните граѓани и политичари да не отекуваат веќе со тоа), и, конечно ,да може Македонија самостојна и рамноправно да се развива според своите способности, визија и решителност.:toe:
p.s: Опцијата "скршена кичма" се содржи во точката: Откако ќе се постигне компромис.
 
Само со уставното име и признати како македонска нација со наш јазик, идентитет, култура и историја.
Влегување во ЕУ под било какви други услови, договори, негирања, откажувања од она што на нас Македонците ни припаѓа не доаѓа во предвид. Но како што кажа Крејзи ин Лав, кој не прашува нас, пола држава сакаат да влезат во ЕУ за шопинзи и шетња без шенген режимот иако за тоа би требало да се откажат од сопствениот идентитет и полно други работи кои ги носи ЕУ.
 
Каква Еу кога веќе ни е јасно дека таа организација никако не функционира на принципите кои декларативно се темел на најзиното постоење. Многу пати бевме сведоци дека Европската Унија е дискриминирачка и лицемерна вештачка творба која едвај себе си се одржува во живот. Како може на луѓе од Скандинавија и на тие од Балкан да им наметнуваш исти закони и да имаш триста различни аршини за мерење?
 
Само со уставното име и признати како македонска нација со наш јазик, идентитет, култура и историја.
Влегување во ЕУ под било какви други услови, договори, негирања, откажувања од она што на нас Македонците ни припаѓа не доаѓа во предвид. Но како што кажа Крејзи ин Лав, кој не прашува нас, пола држава сакаат да влезат во ЕУ за шопинзи и шетња без шенген режимот иако за тоа би требало да се откажат од сопствениот идентитет и полно други работи кои ги носи ЕУ.

За второто и ај некако ќе се се згрчиме не го даваме, ама првово....
Географска одредница не ни бега.
Туку еу и не ми е толку важна. Ние во НАТО да се пикнеме, да се провлечеме некако... Бар да знам дека нема да има више војни, цепења, парчења... Уште не сме застанати на сигурно тло, во безбедносна смисла, а тоа во секој случај е приоритет.
 
Реално гледано никој не е безбеден од внатрешен конфликт,без разлика дали е член на НАТО или не,тоа го гледаме деновиве од примерот кај Грците.ЕУ беше примамлива понуда додека не побара “преку леб погача“,па кога за укинување на еден посран визен режим бара да се преименуваме,замислете што би побарала за членство кај нив.Останува да си се посветиме сами на својата судбина и да си помогнеме меѓусебе онака како што никој не може да ни помогне однадвор,полека преку гласања,референдуми значи институционално а понекогаш и со радикални мерки ставиме навистина мудри луѓе кој знаат како се води една држава во просперитетна иднина,без да се заебаваат оние што ќе ги избереме да не водат,со закони какви во светот не се ни замислуваат,против сопствениот народ по ни една основа.:toe:
 
Јас сум за влез во Европската Унија, но само под уставното име Република Македонија. Никако под друг назив.
Држава во развој сме која што може својата подобра иднина да ја види како членка на ЕУ.
Не сме на рамниште на некои скандинавски земји или Швајцарија кои што имаат одлична традиција, одлично се развиени, развиен правен систем, доволно финансии и девизи и да немаме потреба од ЕУ.
Ние сме само една сиромашна држава во Европа која е со години и години во транзиција и Европската Унија и влезот ни е потребен. Кога би се затвориле и не би сакале да станеме членка на унијата не знам колку би имале поволности. Но нема да напредуваме многу и ќе бидеме одвоени од сите. Нема да сака Европа да инвестира тука, нема да има подобрување на визен решим, нема да има економски останати погодности, нема да имаме развиен извоз ... значи ќе се затвориме. Сега се трудиме да исполниме некои услови за влез во ЕУ и настојуваме да промениме многу работи и во економијата и да го доближиме законодавството на Македонија со она на ЕУ.
Целта на Европската Унија е да ги вклучи сите држави на европскиот континент (иако тоа не би било за брз временски период) и Европа да биде федерација како САД.

Сепак и со влез во ЕУ не треба да сметаме дека тука ќе има дожд од пари и цвеќе на сите страни. Речиси се ќе биде исто само што повеќе закони и повеќе контрола што за едно македонче не е едноставно :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom